Точно така, но кога го гледав документарецот за него продолжив да гледам и други работи од минатото, гледам како се изглупирал по тие ријалити од Србија, има и некој многу погрешни соработки со пејачи, според мене требало да остане на тој став од 2000 како шо го имал со Кеш колица, нека е нов тренд но во граници. Имам гледано исто една негова добра изјава кога го прашуваат за овие срања со оноа, зашто Џусе брате а он одговара со зато. Вика кога ќе извадам таква песна(како твојот пример) има смешна слушаност а кога ќе извадам комерцијала има огромност и покрај тоа што живееме во држава како Србија. Сеа пак нема оправдување но така стојат до некаде работите, никогаш не ми било јасно зошто луѓе од таква средина, еве и од нашето или моето опкружување не го слушаат тој рап, кога е музика која ни е најприродна за нашите ситуации, живот, финасиска состојба. Сега е веќе доцна, музиката стана комерцијална, најголемиот дел од луѓето се претопува во масата, како што читав баш на форумот, нема веќе деца кои носат различна гардероба по стилот на музиката како некогаш.