S
Sheldon Cooper
Гостин
Супер ти е мислењево, само морав лекторски да те исправам - не за џабе учев за матураПрво и основно лекарот не е бог па да биде безгрешен , сепак е човек како и сите други со сите свои каприци и маАни. Но, очигледно некој тука сака да му придодаде такви атрибути на постојано присутна хуманост , безгрешност , емпатија .... (and lived happily ever after !) , но само во контекст што нему му одговара. Конкретно во контекст кога тој оди на лекар да ги користи неговите услуги. Тогаш одеднаш на лекарите треба да им израсне ореол на тилот и да бидат Мајка Тереза. Тоа е се фино и лепо и "Волт-Дизновски" , но истата секунда кога ја напушта ординацијата истиот тој богољубител , веќе не мисли така. Кога би очекувале од лекарите да се однесуваат према заклетва напишана пред 2000 и кусур години , редно е и пациентите т.е. другите луѓе да се однесуваат во согласност со истата према лекарот. Намерно потенцирам други луѓе , затоа што здравството да се менаџираше од лекари , немаше да го праиме муабетов. Со години македонското здравство тоне , а за тоа намалку се виновни лекарите, всушност тие се најголемите жртви. Токму поради специфичниот предмет на медицината треба се да биде подредено на здравството и благосостојбата на лекарите. Ако не сакаш да се донесеш во ситуација да те праќа некој во аптека по стент, треба пред тоа да го ставиш прстот на чело и размислиш што ти си придонел за здравството. Ако тебе не ти се допаѓа сосотојбата во државна болница а идеш таму еднаш во 8 месеци ...размисли како им е на лекарите кои треба да седат таму секој ден и да изиграваат Бог ( како што посакуваат пациентите) и даваат здравствена услуга на некој што не ги почитува a priori. Ако сакаш лекарот да се однесува со атрибути на божество тогаш треба да му го обезбедиш Олимп во смисол на услови, опшТествен статус, приходи , почит и доверба. "Затоа што за животот се работи" мислам дека и друг избор нема. Затоа што лекарите се занимаваат со највозвишената работа - животот и здравјето и човекот , не гледам зошто не би биле и самите највозвишени во чисто конкретен смисол. Се додека не се сФати дека без задоволни лекари нема да има добра здравствена услуга ќе има муабети од типот хипокрит = хипократ , и неуки во конретната област ќе се дрзнуваат да делат памет на највулгарен начин навредувајќи ги лугето кои утре можат да им го спасат животот.
--- надополнето: Jun 25, 2011 1:20 PM ---
Ајде површна краљице, снаџи се, најди ти лек за наркоманијата и практицирај ја у пракса и не прај више лоботомии.
--- надополнето: Jun 25, 2011 1:35 PM ---
Дечко далеку сме од опшТествен статус Човештво кога не би постоеле материјално добра туку систем на взаемни услуги. Искрено не знам како да го сФатам фактот дека ги изедначуваш лугето со на пример компири ( пошто нели докторот и тезгачот со продава комппири треба да се однесуваат исто). Аполутно се сложувам дека најголемата благодарност е убавиот збор од клиентот и успешната работа. Проблемот е што докторската работа во МК во моментот е далеку од успешна, а пациентите во длабока кома не се клиенти. Немој да мислиш дека на лекарите им е сеедно што даваат мизерна здравствена услуга, напротив од таму произлегува нивната фрустрација но едноставнно тоа не зависи од нив и нивната хуманост. Ниту еден лекар те уверувам не му рекол на пациентот да му донесе виски.
