Хип хоп културата во Македонија

Каков е тој начин на живот? Гледам и слушам стана пракса фамозната реченица "рапот го правиш, а хип хопот го живееш". Како го живееш, од што се состои тој живот, кој се принципите...(пази ова е начин на живот, за кој треба да се објасниш што те води и кон што те води, ова е сериозно тврдење, и тешко некој да се задоволи со таа често употребена фраза.)

Па како што има хипици и рокери така има и хип-хопери. Сите тие се начини на кој живееш според мене. Секој си има различен стил на облекување, став и одлики. Одликите (елементите) на хип-хопот се рапувањето, цртањето графити, ДЈ и брејкденс. Има и пропратни работи како што се облеката (широки панталони, широки друксери и сл.), битбокс и др. Затоа мислам дека хип-хопот е начин на живот. Иначе ја не сум хип-хопер, али највеќе слушам рап и се пронаоѓам ептен во таа музика. Го имам осетено она... вистинското :)
 
Уффффф одлична трака, а битот е посебна приказна. Највеќе поштувам West рап од деведесетите, затоа ми се свиѓа овој стил. Продолжи вака, само нe заборавај дека сме во Македонија :)

Благодарам брат, инаку сигурно дека лириката ќе ни биде прилагодена за Македонски Пазар ;) а штом те бендисува оваа трака, верувам дека другите уште повеќе те бендисуваат пошо ова е само парче од тортата ;) позз :)
 
Има квалитет во македонскиот рап, единствено што треба е тоа да се зачува како таков. Да се остане underground и на тој начин да се просперира на македонската сцена. Последниве години очигледно е дека рапот е во подем како никогаш до сега, во Македонија. Имаме пример од Србија и Бугарија, ете тие ни се најблиски, како може нивниот рап да се шири се до тука, зошто не и нашиот рап да се слуша кај нив. Само треба да се внимава за да не се претвори рапот во она што не треба да биде. ;)
 
повторно јас ... сакам да го слушните овој МС. мислам дека ќе ви остави силен впечаток. Вакви олдскул рими ретко се слушаат на денешницава.

http://soundcloud.com/rickbeatz/poppa-g-free-downl-d
 
повторно јас ... сакам да го слушните овој МС. мислам дека ќе ви остави силен впечаток. Вакви олдскул рими ретко се слушаат на денешницава.

http://soundcloud.com/rickbeatz/poppa-g-free-downl-d

Одлично. Има потенцијал Прилеп и тоа голем :) Продолжете вака момци и кога тогаш секој ќе чуе за вас. Почнав ја да ја ширам музикава низ друштво :) Прејак текст, рими и тема има тракава. И да те пофалам одличен вокал имаш, според мене тоа што се бара. Keep it real!

--- надополнето ---

Заборавив да те прашам, зашто не ги ставиш на јутјуб песниве? Mислам дека по слушани ќе бидат :)
 
Во името на студио Авторизација, екипа Трета Дивизија, мојот бит, продукцијата и инспирацијата, АМИН.

Одлично. Има потенцијал Прилеп и тоа голем :) Продолжете вака момци и кога тогаш секој ќе чуе за вас. Почнав ја да ја ширам музикава низ друштво :) Прејак текст, рими и тема има тракава. И да те пофалам одличен вокал имаш, според мене тоа што се бара. Keep it real!

--- надополнето ---

Заборавив да те прашам, зашто не ги ставиш на јутјуб песниве? Mислам дека по слушани ќе бидат :)

nice :) перфектно.

Браво.. Прилеп у задње време ептен ме изненади... Се поштуе ептен. ;)

Не сум пеач туку, сум ЕмСи.
Браво, јако е ова.

благодарам дечки. мило ми е што ве бендисува :) инаку верувале или не оваа трака му е втора на МСто (poppa g). Исто така голем поздрав и до Струмица и Радовиш за нивните траки. Искрено мило ми е што вака почна да се шири квалитетен хип хоп :) peace ....

ps за траките да бидат на youtube. шо знам, ајде можеби ќе ги ставам :)
 
Ќе бидат повеќе слушани дефинитвно. Иначе една добронамерна ,,критика'' до poppa g, треба малце динамика во траката да внесе, различно флоу, вака му е многу еднoлична. Нека се огледа на тебе малце :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom