Хибриден автомобил,да се биде или не.......

  • Креатор на темата Креатор на темата Evo XII
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Темава дојде сама од себе утрово читајки еден текст...

Следниот Nissan GT-R ќе добие хибриден агрегат, потврди потпретседателот на Nissan, Енди Палмер. За британскиот Autocar, Палмер прецизира дека следната генерација Nissan GT-R ќе биде со посебен систем, но не открива детали за истиот со кој ќе располага ѕверката. Од порано се појавија информации дека технологијата ќе биде развиена од Williams Advanced Engineering, која е огранок на тркачкиот тим Williams F1, со кој Nissan има соработка, а Палмер ниту демантира, но и не сака да коментира за ова. Најверојатно хибридната технологија ќе се потпира на системот за обновување на кинетичката енергија, која ќе обезбеди дополнителна моќ на јапонскиот спортски автомобил.

Значи дефинитивно ја пос*раа работата со хибриднава технологија.Ај разбирам хибридна технологија за модели на автомобили кои не ја одбележале авто индустријата ама култни модели!!!!!!!!!

Авто индустријата дефинитивно оди во погрешна насока.Се ми е јасно и екологија,и намалена потрошувачка на гориво,ама нешто што не оди не оди.

Сосема природно е да Нисан ГТ-Р, Хонда NS-X,БМВ М3,Мерцедес АМГ,Порше 911Субару Импреза WRX STI,Мисубиши Ланцер EVO XII за погонско гориво користат бензин и да го качуваат адреналинот кога ке поминат покрај тебе макар возеле и 40км/час......

Не знам,ама сум убден дека оваа хибриднава технологија нема долго да тера.Не може бе брат,ако не замириса на поагање на запалени гуми и мирис на 98-октани,тогаш поубаво оди пешки......

Ај да видиме кој како размислува....
 
Треба овие хибридиве да се фрлат во ѓубре уште одма, од секад ми личеле на хипстерски save the planet, срања. Тоа е и единствена причина зошто опстанаа толку долго, Приусот е една од погрдите коли со за никаде перформанси, ама се задржа на маркетот. Хибридите како концет се ОК, но реалната изведба е без везе, која придобивка имаш од автомобил кој тежи 500 кила повеќе од стандардната изведба, затоа што покрај бензин моторот и резервоар, треба да носиш и уште еден електричен мотор и батерии за него.

Ако навистина сакаш еколошки автомобил, тогаш ќе си купиш Tesla S и ќе возиш како човек, во супер автомобил.
 
Имаше еден интересен податок кој вика дека Мерцедес С-класа е поеколошки од приусот така да тешко да опстанат овие. Ке се иде на фулл електрик ,за водород ке почекаме сеуште ,биодизел не чини...
Од ова сега на струја што се продава највеќе мерак ми прави ова ,перфектно е за скопјево ,па и македонија Рено Твизи
renault_twizy_ev_sg_0.jpg

Одамна имам идеја да се направи мини-нуклеарен реактор кој би ги возел колите и до 100години(во теорија) па ако има нуклеарен физичар тука нека ме контактира во ПП
 
Освен Тесла, се е смешно што иде на струја, но и тесла има слабост. Еве 3 коли се запалиле у рок од кратко време како последица на оштетување на батериите во судар.
 
А бе ти си баш тешка будалетинка хахахахахахахахахахахахаахахах
 
Баш и јас сакав да спомнам нешто, се додека малите електрични автомобили ги прават толку грди, нема да земат замав продажбите. Имам гледано неколку концепти на мали електрични автомобили и кој од кој погрд.

Додека од друга страна пак VW прават партал, со нивните мали колички со мотори со три цилиндри, за низ град не верувам дека има нешто поекономично.
 
Се е во ред нека си експериметираат они со секакви модели ама нека не ги грдат оние автомобили кои се едноставно култ во авто индустријата.

Ај сега ке измислуваме топла вода.Ако ти е за низ град се знае.Ке си земеш нешто шо личи на кутија за чевли,и вози се на батерии.Само не ги грди другите автомобили.......

Нема долго да трае во тоа сум убеден.На лугето им е преку глава од тие ср**ња за загадување и екологија.Е како пред 30 години не загадуваа возилата.Исфрлаа со тони сулфур и останати хемикалии во атмосферата и никој не се бунеше,за да сега ново печени ку*лиња кои не постоеле кога се возеле ие автомобили,да измислуваат нешто што е за жал измислено пред 100 години,но е увидено дека нема да фукнционира.Да чекам јас да се полни батерија 30 мин или повеке ко мисир,за да ме боли глава дали ке имам струја за до Центар,нееееееееееееее
 
Јас сум за да се во оваа насока .... треба да се избацат старите модели на погони ... светот е сменет а и технологијата , не викам да се оди на жртва на погазување на удобност или пак не знам брзина ,сепак се напредува ... и компјутеров шо го имав пред 5 години мора да го фрлам во канта поради неискористливост ....
 
Освен Тесла, се е смешно што иде на струја, но и тесла има слабост. Еве 3 коли се запалиле у рок од кратко време како последица на оштетување на батериите во судар.

3 автомобили е ништо во споредба со автомобилите на гориво. Финтата е што сите други компании сакаат да ја уништат Тесла. Исто така тесла има највисока оценка за безбедност. Во еден од случаите се запалил затоа што пожарникарите употребиле незнам каков противпожарен апартат што предизвилак реакција со батериите. И досега од тие кои имале сообраќајни несреќи нема ниту еден со сериозни повреди.

Инаку со Тесла можиш да восиш до 400 километри на едно полнење. Тоа е повеќе од доволно за Македонија.
Значи за да ја наполниш ќе те кошта 5 евра , додека полен резервоар на автомобил од истата класа ќе те кошта 150 евра. Да не зборваме дека во Америка ти е беспари да си ја наполниш се тоа промовирано од компанијата и исто нудат battery swap.

Сигурен сум дека за 20 години ќе се возат повеќе електрични автомобили отколку на гориво.

Исто од Тесла објавија дека до 2015 ќе имаат нов модел од пониската класа кој што би требало да е околу 15 -20 к евра.
 
Cenata na gorivoto e taa sto ke diktira kako ke se dvizi razvojot i dali ke se kupuvaat EV i hibridi. Neka ripne benzinot i naftata da kazeme na 5e za litar da vidis kako site ke navalat na elektricni avtomobili.
--- надополнето: 11 ноември 2013 во 15:09 ---
3 автомобили е ништо во споредба со автомобилите на гориво. Финтата е што сите други компании сакаат да ја уништат Тесла. Исто така тесла има највисока оценка за безбедност. Во еден од случаите се запалил затоа што пожарникарите употребиле незнам каков противпожарен апартат што предизвилак реакција со батериите. И досега од тие кои имале сообраќајни несреќи нема ниту еден со сериозни повреди.

Инаку со Тесла можиш да восиш до 400 километри на едно полнење. Тоа е повеќе од доволно за Македонија.
Значи за да ја наполниш ќе те кошта 5 евра , додека полен резервоар на автомобил од истата класа ќе те кошта 150 евра. Да не зборваме дека во Америка ти е беспари да си ја наполниш се тоа промовирано од компанијата и исто нудат battery swap.

Сигурен сум дека за 20 години ќе се возат повеќе електрични автомобили отколку на гориво.

Исто од Тесла објавија дека до 2015 ќе имаат нов модел од пониската класа кој што би требало да е околу 15 -20 к евра.
Da ova e odlicen koncept,i mislam deka na kraj ova ke toa prifatlivo resenie za site.
Inaku za narednive 50tina godini idninata e vo vozila na zemen gas - metan, kojsto po grubi procenki go ima za najmalku vo narednive 500 godini pod pretpostavka da se site vozila na planetava prepraveni na metan. Plus i metanot vo prirodata sam se obnovuva i ne e konecen resurs kako naftata.
 
Освен Тесла, се е смешно што иде на струја, но и тесла има слабост. Еве 3 коли се запалиле у рок од кратко време како последица на оштетување на батериите во судар.
Детски болести на новите технолгии, ќе се среди со време.
 
Сеуште е многу скап модел С на тесла ,а тоа со пожарот е чиста намештаљка од другиве. Но за тие 90-100 илјади евра колку што е теслата ке си купиш 10 Рено Твизи ,ко шо го поставив тоа горе
 
Сеуште е многу скап модел С на тесла ,а тоа со пожарот е чиста намештаљка од другиве. Но за тие 90-100 илјади евра колку што е теслата ке си купиш 10 Рено Твизи ,ко шо го поставив тоа горе

Да особено за наш стандард. Тесла С е во класата на луксузни автомобили. Но штом би го пуштиле во продажба помалиот и поефтин модел би бил потенцијален купувач.
:)

А нареден е SUV моделот

bg_01_modelx_prod-05-kc_0.jpg
 
Проблемот е што ги нагрдуваат другите модели на автомобили.Уште и Ферари да поклекне и Ламборгини и крај на приказната........

Единствен проблем е лимитирана автономија за движење.Да му ја мислам дали ке има струја у батерија да ја качам Стража,дали ке ми издржи до Сража,да не треба да ја буткам на Стража.......Неееееееееее,тоа кај мене не поминува дефинитивно....

Да се бара алтернатива за замена на погонското гориво кое е во моментот да,ама вакви цигански комбинации,јок бе брат.Прво возило е потешко,второ е поскапо,значи економски колку ке се исплати да земеш хибрид,итн.......

Кутриот Дајмлер Бенз сега се превртува во гроб и си вели.....Немаат памет.......
 
Значи кај нас нормално дека не е исплатливо, прво што нема станици за понење. Значи ти ако имаш на секоја бензинска и станица за понење на батерии и да е истиот ситем како во САД , со самото купување на колата добиваш бесплатно полнење на секоја станица , незнам која ќе е причината да имаш автомобил на гориво.

Да не зборваме за фактот за станица за полнење на батерри можеш да имаш на секој паркин за разлика од бензинска за која требаат специфични услови да се изгради.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom