Херојска фантастика

Годинава ми започна со Best Served Cold на Joe Abercrombie, a сега привршувам со трилогијата The First Law ( Best Served Cold е stand-alone книга од истиот серијал). Joe, во споредба со попознативе имиња од жанров, е прилично млад, што би можело да значи, иако не мора, дека најдоброто од него допрва следува. А досега напишаното е прилично добро. Има сосем солидна приказна која се шири и разгранува во неколку правци и простори низ призмата на одреден број добро осмислени, сиви, ептен сиви ликови. Би рекол дека кај него најмногу се насетуваат влијанијата на Мартин, Прачет и Хауард. Има доста добар, повеќе или помалку, црн хумор, кој фино се вклопува во целата прикаска. Неговиот свет не е толку географски (а и во понекоаја друга смисла) детален, но доволно добро е опишан, па тоа и не е некоја забелешка.
Во основа, имаме свет чии претставници потсетуваат на оние од средновековната северноевропска викингшка култура, од поразвиените и раскарани ренесансни италијански градови, од мистериозните и мрачни големи азиски царства итн. Можеби напишаново и не изгледа како добра препорака за оригинално четиво, но навистина мислам дека вреди да се прочита.
the-first-law.jpg
2315892.jpg
 
Здраво дечки ЧД би сакал да ве прашам од каде можам да ги купам книгите Господарот на прстените трите дела на македонски јазик во скопје??
 
Пред некое време го прегледав (повторното читање би ми одзело премногу време) серијалот на Роберт Џордан, The Wheel of Time.
the-wheel-of-time.jpg

Петнасеттината книги (заедно со приквелот), чиј број на страници варира, но најчесто се движи од 600 до 800, прават серијалов да биде еден од најобемните во жанрот, секако најдолгиот што сум го прочитал.

Покојниот Џордан (2007), според моето скромно мислење, не е едно од големите имиња во литературата, ниту пак, се вбројува меѓу најзначајните автори во фантастиката. Сепак, не би рекол дека е за потценување. Низ повеќето брзо читливи илјадници страници има создадено богат, сложен и интересен свет (географија, култура, историја),исполнет со бројни, повеќе или помалку убедливи ликови со различни животни приказни. Магијата, како едно од основните обележја на светот во кој се одвива приказната е доста успешно доловена.

Влијанијата врз авторот се прилично очигледни, барем некои од нив. Инспириран е, во голема мерка, од Господарот на прстените, како и од Дина, што на моменти ми пречеше, поради пренагласеноста. Има и други влијанија. Нив нека ги открива потенцијалниот читател. Ја препоачувам за оние што имаат доволно слободно време.

Што се однесува до забелешките:

- предолг серијал; нема секој време да го чита :) , авторот знае да се изгуби низ толку многу страници, што неминовно води кон разлики во квалитетот;

- Џордан не ни успеа да го заврши (почина), па тоа го направи, во последните три книги Брендон Сандерсон, кој иако воопшто не беше лош, веројатно му дојде преку глава, па последниот дел не е којзнае што.

- некои ликови се клишеизирани до немајкаде; машко-женските односи се полни со патетика;
 
Земав летово Mistborn - ја купив првата книга, пошто чув дека писателот (Сандерсон) го избрале Тркало на Времето на Џордан, да го доврши.

пресуда: - Не.
Плитки ликови некако, или ја сум под импресии на богатите ликови од ASOIAF... Не ги купувам останатите делови од трилогијата. Доста ми е првава книга.
 
The Kingkiller Chronicles - Patrick Rothfuss. Предвидена да биде трилогија, до сега се издадени 2 книги а за третата се уште нема информација и конкретна дата. Најискрено се надевам дека ќе излезе и третата во скоро време иако ми личи дека авторот почнува да пати од GRRM синдром.

Инаку ова е херојска фантазија по дефиниција. Во центарот е Kvothe кој не е типичен и клише лик, ги следи неговите авантури во измислен свет кој подсетува на нашиот од пред неколку векови. Книгата е пропратена со многу мистерија и доста детална во описот на настаните. Има интересен систем на магии, можеби најуникатен после тој во Mistborn (Brandon Sanderson).

Насловите на трилогијата:
1. The Name of the Wind
2. The Wise Man's Fear
3. The Doors of Stone

Иначе писателов беше total unknown, студент по литертура и по излегувањето на првата книга станува бестселер автор и сега има многу верни фанови. Смешно и откачено типче е, кога ми е досадно од време на време знам да читнам по некој пост на неговиот блог: http://blog.patrickrothfuss.com/

Не пишува лошо Патриков, убава приказна. Тројката изгледа уште не е објавена.
Како и да е се најде некој кој на помала или поголема врата во светот на фантастиката внесе извесна етничка група, која има специфична репутација на Балканов, а богами и во Европа.
 
Не е излезена 3та книга сеуште. Почна и он да шета со проекти и промоции на страна, му се роди и син а имаше и некои здравствени проблеми во фамилија, со татко му мислам, и тоа се доста дистракции. Сега извади некоја мини книгичка посветена на еден од споредните ликови ама искрено не сум толку загреан да ја купам.[DOUBLEPOST=1413311967][/DOUBLEPOST]
Земав летово Mistborn - ја купив првата книга, пошто чув дека писателот (Сандерсон) го избрале Тркало на Времето на Џордан, да го доврши.

пресуда: - Не.
Плитки ликови некако, или ја сум под импресии на богатите ликови од ASOIAF... Не ги купувам останатите делови од трилогијата. Доста ми е првава книга.
Не е лош како автор но кога ќе земеш да го споредиш со GRRM и JRRT и ти се крши филм. Како да се симињаш од коњ на магаре во поглед на квалитетот на текстот, а дека има интересни идеи има. :)

Јас ги имам 3те ама само првата ја поминав и некако изгубив интерес, другите чекаат подобри времиња или повеќе слободно време.
 
Не е излезена 3та книга сеуште. Почна и он да шета со проекти и промоции на страна, му се роди и син а имаше и некои здравствени проблеми во фамилија, со татко му мислам, и тоа се доста дистракции. Сега извади некоја мини книгичка посветена на еден од споредните ликови ама искрено не сум толку загреан да ја купам..

За Аури напиша книга, еден од поинтересните споредни ликови според мене.

Од двете книги сум воодушевен па го видов Сандерсон како споредба и сум малце како разочаран од почетокот на првиот дел од The Stormlight Archive, некако има едноставен но многу отсечен стил на пишување. Ај може ако се внесам, ќе се подобри...
 
Момци да не знае некој дали кај нас се продава нешто од Malazan book of the fallen или да си нарачам од abebooks :D
 
Прочитав неколку книги од серијалот The Witcher на Andrzej Sapkovski. Ги има повеќе. Интересно е да се види каде стасале Пољаците кога станува збор за ваква литература. Има некои елементи од словенската митологија, што секако е освежување. Лесно се чита, авторот не заморува. Е нешто поедноставна од други книги/серијали со слична тематика. Дел од приказната (приказните) ги имате и во играта која исто така ја креирале Пољаци (само првата сум ја играл) со нешто подизменети ликови и имиња и поедноставеност карактеристична кога литературна содржина се преточува во игра. ОК е.

Joe Abercrombie започна нов серијал, The Shattered Sea. Првиот дел од најавената трилогија, Half a King не е нешто посебно. Се чита, и интересна е, но како да читам преработена и изменета варијанта на The First Law и посебно на Best Served Cold. Слични ликови, слични заплети и расплети. На мометни предвидливо. Не сум разочаран, но очекував повеќе и подобро.
 
Пред некое време го прегледав (повторното читање би ми одзело премногу време) серијалот на Роберт Џордан, The Wheel of Time.
...
Што се однесува до забелешките:

- предолг серијал; нема секој време да го чита :) , авторот знае да се изгуби низ толку многу страници, што неминовно води кон разлики во квалитетот;

- Џордан не ни успеа да го заврши (почина), па тоа го направи, во последните три книги Брендон Сандерсон, кој иако воопшто не беше лош, веројатно му дојде преку глава, па последниот дел не е којзнае што.

- некои ликови се клишеизирани до немајкаде; машко-женските односи се полни со патетика;

Ох човече, зборувајќи за потценување! (на интензитетот на забелешките). :D

После неколку продолжетоци, 4-5-6-7-ти дел претпоставувам - само чист инает, силна војла, и најеверојатно... понешто мазохизам, ме натераа да го завршам серијалот.
Наведениве забелешки погоре, се точно на место (иако според мене, се премногу благо изразени). Крајот е неверојатно безидеен, како обланда без фил. Особено треба да се нагласи, дека „машко-женските односи„ се неверојатно патетични. Претпоставувам дека Роберт Џордан (и/или неговиот издавач) одлучил дека вака ќе понудат доволно сапуница на публиката, за да ги привлечат широките народни маси (и повеќе продадени книги). Погрешно одбран медиум пошто денес рајата не чита, туку гледа серии. :)

Не дека генерално серијалот е толку лош. Особено почетокот, мислам дека според атмосферата и стилот на раскажување The Wheel of Time има еден од најдобрите почетоци воопшто. Првата книга, особено првата четвртина... е многу, многу добро напишана. На жалост, потоа се оди низбрдо (и не престанува да се тркала надоле).
Некогаш, кога ќе ви снема материјал за читање и ќе бидете очајни, ама навистина очајни... дајте му шанса на The Wheel of Time. ;)
 
Па повеќето од нас, кога се нафатиле да читаат, сакаат да „издржат“ до крај, веројатно и поради некоја неоснована надеж дека по седмото (било кое) продолжение ќе се подобри квалитетот. :)

Е сега, таму има интересни замисли и приказни, ама премногу се, се испреплетуваат, а многу често не вреди да отплеткуваш.

Крајот е најверојатно среден набрзина, за да го тргне од глава Сандерсон. Ликови-маратонци кои се дел од стотици напишани страници се сведуваат на топовско месо и на една-две реченици.
Мартин посветува повеќе внимание кога се ослободува од далеку понезначајни ликови во неговото дело ;)

Ама ете, бидна читањето, некакво искуство повеќе (претпазливост), нешто време помалку и тоа е.
 
Дa се нaдoврзем нa претхoднo нaпишaнoтo,сo кoе пaтем се слaгaм скoрo вo целoст,и мене ме фaти инaт дa ги зaвршaм книгиве,мoментaлнo сум нa десетти дел(третa зa месецoв).Ствaрнo нaпињa кoлку мaтеријaл е нaпишaн зa oпис нa рaбoти кoи се беспoтребни,aмa штo е тoa е,вaљдa Џoрдaн oсвен нa квaлитет идел и нa квaнтитет = пoгoлемa зaрaбoткa.
Инaку кaкo пaмтaм пoсле читaње нa првиoт дел рaзлистувaв пo нет зa серијaлoв,и нaјгoлем брoј нa критики зa првaтa книгa беa декa дејствиетo е уствaри сличнo и кoпијa нa првaтa книгa oд Гoспoдaр нa прстените.

П.с. сигурнo пoзнaт ви е ликoт oд aвaтaрoв :)

Sent from my LG G2 using Tapatalk
 
AT LAST, SIR TERRY, WE MUST WALK TOGETHER.

Terry took Death's arm and followed him through the doors and on to the black desert under the endless night.

The End.

Pratchett.jpg

Замина Тери Прачет (1948 - 2015).
Починал на 12 март. Но дури денес разбрав, па да напишам. Ова и не беше изненадување. Човеков беше долго време болен.
Прачет како автор го открив релативно доцна. Има напишано повеќе дела, најмногу од нив се дел од серијалот Discworld (околу 40). Не би навлегувал премногу околу нивниот квалитет и местото на Сер Тери Прачет во литературата (иако сметам дека е далеку, многу далеку од безначајно, дека е потценет како автор). Имам прочитано со уживање повеќе негови книги и едноставно е голема штета што нема да напише уште.

http://www.theguardian.com/books/2014/sep/24/terry-pratchett-angry-not-jolly-neil-gaiman

R.I.P.
 
Земав Тигана ја прочитав од Гај Гавриел Кеј - не е лоша, али ипак - не.

И сеа после огромна одисеја конечно ја најдов Мазалан - Месечеви Вртови. До пееста страна сум и не, бе, нема везе. Празни ликови и настани, транспарентни....

Ако на Мартин му давам 10, на Толкин 9, на овие другиве 4 највише.
 
Toa e тоа, после Мартин (и Толкин) се друго е обланда... Ќе ти треба време да огладнеш, за да можеш да јадеш други (поневкусни) работи. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom