Херојска фантастика

Ја не знам како може љубител на книгите да ја чека новава сезона. Продуцентите ја масакрираа приказната во последната сезона. Ем изоставија многу битни, круцијални ликови (Мендерли дебелиот како најбитен), ем спојлнаа битни ствари од книгата без да разработат позадина и мотивации на ликовите. Тотално ги обезличија и двете последни книги. Ништо поинакво не очекувам од нареднава, се продава серијата, веќе и друга публика собра, настрана од таа на Мартин.

Мендерли има стомак за се! Кај железните исто зафркнаа работа (Јурон), се испосраа во Дорна после Оберин, Егон никаде го нема, и така...
 
Мендерли има стомак за се! Кај железните исто зафркнаа работа (Јурон), се испосраа во Дорна после Оберин, Егон никаде го нема, и така...

Ќе се отепаш од пишување, нема крај. :D
Најголем грев е што тие улоги им се лепат на веќе етаблирани карактери. Делови од Егон кај Денерис, делови од Мендерли кај Санса....неспоиви ликови, со сосем различна позадина.
 
Сега кога веќе немаат поцврста подлога, освен (така барем мислам) консултациите со притеснетиот Мартин, кога има помалку тешка категорија ликови, се губи силината на приказната. Мотивите на повеќето од преживеаните за одмазди, акции и слично се послаби, не толку гледливи и очекувани. Дали поради тоа што се помалку интересни ликови или поради тоа што извесен дел од квалитетните негативци ги нема, не е важно.
 
Страдалници сте биле вие, јас завршив со серијата уште после првата сезона. :D

Можеби кога Мартин ќе го заврши серијалот книги. Можеби. Здрави да бидеме, па ќе видиме (можеби). :)
Факт е дека визијата од екранизацијата ми смета на мојата визија за пишуваното од Мартин - кое е неспоредливо подобро од филмуваната серија. За мене нема дилема по тоа прашање. Едноставно е неисплатлива размената на тоа што го губам наспроти тоа што го добивам.

...се продава серијата, веќе и друга публика собра, настрана од таа на Мартин.
Нормално, треба да се угоди на широките (прости) маси. Впрочем таа сегрегација почна уште од првата сезона - сега само станува многу поизразена како што и серијата станува многу погледана.
 
Страдалници сте биле вие, јас завршив со серијата уште после првата сезона. :D

Можеби кога Мартин ќе го заврши серијалот книги. Можеби. Здрави да бидеме, па ќе видиме (можеби). :)
Факт е дека визијата од екранизацијата ми смета на мојата визија за пишуваното од Мартин - кое е неспоредливо подобро од филмуваната серија. За мене нема дилема по тоа прашање. Едноставно е неисплатлива размената на тоа што го губам наспроти тоа што го добивам.

Нормално, треба да се угоди на широките (прости) маси. Впрочем таа сегрегација почна уште од првата сезона - сега само станува многу поизразена како што и серијата станува многу погледана.

Извини на политичката некоректност, али хејт кон првите 3 сезони на серијата е неоснован и чисто хипстерски, колку да се биде против општото мнение.

Сите тие разлики што ги имаше во првите 3 сезони беа мали, небитни и премалку влијаеа над приказната, тек потоа почнаа да филуваат глупости и квалитативно да се оддалечат колку што Дорн е оддалечен од Ѕидот.

Можеби гледиштето ни е различно, то ест сигурно ни е, пошто јас сум глорихантер и дознав од серијата за книгите и потоа читав, но и по читање и повторно гледање, останува ставот дека првите 3 сезони се обработени на највисоко ниво. Четвртата беше ups and downs. Петтата веќе масакар.
 
Не бе баче, јас воопшто не сум селективен кон разните сезони.
Јас сите сезони, целата серија - ја хејтам со крајна предрасуда! :D

Не затоа што по дифолт се лоши, туку затоа што гледањето на серијата ми го намалува задоволството од читањето на книгите. Едноставно визијата од серијата, иако инфериорна, знае да ми се наметне врз визијата од книгите. Пошто задоволството од книгите е многу поголемо, јас „себично“ одбивам да ја гледам серијата. :)
 
Гледам сте пишувале поназад за First Law.
Санд Дан Глокта ми е мене у топ 3 ликови од жанров(Голум е неприкосновен, па овој, па Литлфингр). Мислам дека е баш направен за македонската публика. Цела историја на ова поднебје е сублимирана во ликот на Глокта. Сечен, тепан, кубен, веројатно ебен, станува сакат циник шо интимно флертува со смртта, ама прави се за да преживее. Свесен е дека е роден слуга и дека е индиспониран и никогаш не си дава на значење, ама некако, баш заради таа ништожност и трулост, успева да се протне жив преку сите интриги. Типично македонче. Плус малку повеќе памет. :D

Последниот дијалог меѓу Бајаз и Џизел е исто ремек дело. Реалполитик четиво за почит.
 
Ако некој го интересира timelinе-от во Circle of the World делата (пред некој ден излезе)
566 (spring): A Beautiful Bastard
570 (summer): Made a Monster
573 (autumn): Small Kindnesses
574 (autumn): The Fool Jobs
575 (summer): Skipping Town
576 (spring): Hell
576 (summer): Two's Company
576: The Blade Itself
576-77: Before They Are Hanged
577: Last Argument of Kings
579-80: Best Served Cold
580: Wrong Place, Wrong Time
584 (summer): Some Desperado
584 (autumn): Yesterday, Near a Village Called Barden
584: The Heroes
587 (autumn): Three's a Crowd
590 (summer): Freedom!
590: Red Country
592 (spring): Tough Times All Over
605: New Trilogy Book 1 (due in 2017 or 2018)

The new trilogy, which Joe is writing now, will begin 28 years after the events of Last Argument of Kings (although this may change).:
 
Ја довршив „Sharp Ends“, одлична е, има многу работи од трилогијата и другите три засебни книги кои стануваат јасни. На крајот од аудиокнигата има интервју со Аберкромби и Пејси кадешто зборуваат за карактерите од книгата (тука паѓаат многу заебанции), херојската фантастика воопшто, идеите и инспирациите на Аберкромби и ред други работи. Аберкромби ептен го фали Пејси за тоа како ги чита книгите и колку добро ги доловува карактерите. Пејси ги сака сите карактери кои ги доловува, ама убедливо најинтеренси му се Глокта, Логан и Никомо Коска.
Интервјуто доаѓа со аудиокнигата и вреди да се ислуша.
 
Ја му дадов на Ериксон, Gardens of the Moon (Mazalan) уште една шанса и иако го согледав подобро тој епски аспект, комплексен и испреплетен до даска, ипак таа плиткост на сите ликови, миљон на број, а транспарентни и празни до крајни граници, финално ме одвраќа и изглеа нема да идам по другите книги.
Е сега, факт е, дека сите викаат дека од втората па натаму, квалитетот се покачува, (измеѓу прва и втора има десет години).
Првата заедно ја пишувале со некој друг и планирале да ја понудат како сценарио за филм. Никој неќел да ја купи и баталиле тоа. Чак после десет години излегла втората и сите други (10+книги).
Интересно е што и другиот писател напишал едно шест книги, чија содржина исто се смета официјално како канон од тој универзум.
 
Мене искрено првите две книги ептен ме извозија, сеа чекам од Београд да ми стигнат и третата, четвртата и петата.
 
Ја му дадов на Ериксон, Gardens of the Moon (Mazalan) уште една шанса и иако го согледав подобро тој епски аспект, комплексен и испреплетен до даска, ипак таа плиткост на сите ликови, миљон на број, а транспарентни и празни до крајни граници, финално ме одвраќа и изглеа нема да идам по другите книги.
Е сега, факт е, дека сите викаат дека од втората па натаму, квалитетот се покачува, (измеѓу прва и втора има десет години).
Првата заедно ја пишувале со некој друг и планирале да ја понудат како сценарио за филм. Никој неќел да ја купи и баталиле тоа. Чак после десет години излегла втората и сите други (10+книги).
Интересно е што и другиот писател напишал едно шест книги, чија содржина исто се смета официјално како канон од тој универзум.

Испреплетености и недоизградени ликови колку сакаш. Комплексноста на дејствието не надоместува за бледилото на карактерите, за кои не ми е многу гајле. Иако е безначајна работа, ми пречи што на почетокот на секоја книга Ериксон ќе нареди цел список ликови со кратко објаснување што се тие. Демек, за да знаеме, оти низ читањето нема да ни текне. Самото тоа изнудува заклучоци. Како самиот автор да се обидува да си ги измие рацете. Неговиот опус е очигледно намерно развлечен и фрагментарен, за низ бројни продолженија да се комплетира некаков мозаик и за да се направат повеќе пари. Не е серијалов комплетна утка, далеку од тоа, ама пристапуваме со големи очекувања поради фалбите, па извесно разочарување е неизбежно. Сметам дека и Ротфус и Скот Линч завршиле подобра работа, дури и дека ликовите-карикатури на Роберт Џордан се поживописни и повпечатливи.
 
Ја почнав The Black Prism, прв дел од серијалот Lightbringer. Фантастика е, не знам дали е епска/херојска, небитно. Има интересна премиса на извор и канализирање магија, па и цел сетинг се базира на тоа. Да потпрочитам нешто повеќе ќе споделам импресии и мало сиже.
 
15741301_10154993589987450_7822064986661532057_n.jpg
 
Решив да прочитам нешто од Брендон Сандерсон. Го избрав серијалот The Stormlight Archive, т.е. The Way of Kings и Words of Radiance. Тоа се првите две книги од него, а Брендон ќе напишел уште осум. Во големиве книгишта (1000+страни), има сешто, па и ОК работи. На пример, создаден е колку-толку убедлив свет, исто таков „магиски“ систем, па и некакво општествено уредување, кое не е нешто посебно, ама може да помине.
Ликовите се една од болните точки. Мислам дека се прилично плитки. Нивните мотиви и постапки најчесто се површни. Дури и кога се работи за клучните делови од приказната (аха, и приказната си има свои болки), тогаш кога треба нешто важно да се објасни и разјасни. Сандерсон често претрчува низ овие места, па има доста недоречености и невештина таму каде што не смеел да си дозволи таков луксуз. Не е тоа мала работа. Таму каде многумина бриљирале на 200-300 страници (кога сме кај романите и сличните на нив по големина прозни творби), да се зезнеш на 1000.

Како и да е, ако немате попаметна работа, ако сакате сендвичи со големо бајато лепче и страшно мала плескавица, или имате доста слободно време или некое слично глупо оправдување читајте ги.

За тие што би ги интересирала некаква споредба со другите жанровски автори, Сандерсон е под извесно влијание на Роберт Џордан, па тоа донекаде може да помогне за градење впечаток за делото кое по квалитет (а и по нешто друго) не се разликува премногу од Wheel of time.

Не се книгиве ѓубре, ама Толкин, Мартин, Прачет, Зелазни, Аберкромби, Ротфус, Линч (и не само тие) секако играат во некоја друга лига.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom