Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Неколку зборови за The Farseer Trilogy. Всушност ја прочитав летово, но оставив да помине време да ми ги „созрее“ впечатоците...
...пошто крајот е таков антиклимакс да немаше ништо добро да напишам.
Накратко, стилот на пишување е добар. Проблемите се во создавањето на главните оски и замислата на дејствието во книгата. Светот е добро смислен, ликовите не се лоши, но дејствието... Изгледа како да главните правци на дејствието да биле спонтано смислувани во од, и тоа допринело за куп незавршени развои. На пример имаме почетоци на развој на одреден аспект во еден правец, со тоа доаѓа градење на исчекување кај читателот, но сето тоа наеднаш целосно се игнорира.Пример е „војничкиот период“ на главниот јунак, и неговите почетни фајтерски успеси. Дел што трае прилично, ветува од аспект на интересност, и потоа наеднаш е целосно игнориран во следниот дел од книгите.
Се на се слаба оценка, но сепак препорака за читање - барем за тие кои го имаат исцрпено жанрот.
Ооо, кој се вратил!Некои од главните ликови во книгите на Аберкромби ми се едни од омилените воопшто - посебно Глокта на прво место, а и Логан (заедно со алтер егото Крвавава Деветка).
Туку летово прочитав нешто интересно, првите 3 книги од The Gentleman Bastard серијата од Scott Lynch. Прилично добро и покрај некои замерки, дефинитивно препорачувам за читање (а подетални импресии и спојлери можеби во некоја друга прилика).
Патем, ако некој ги најде другите книги после првите 3 ќе бидам благодарен за еден линк во ПП.![]()
Ја читавте „A Little Hatred"?
Биче весело!![]()
Размисли, дали ти сметаше Монса? Фероу? Џевра? Не, така? Ама сеа ти сметаат главни женски ликови.SJW срање.
Размисли, дали ти сметаше Монса? Фероу? Џевра? Не, така? Ама сеа ти сметаат главни женски ликови.
Знаеш зошто? Пошо сеа си влезен у тој филм и све ти изглеа така.
Ама ми се чини дека Аберкромби го глеа сето тоа и знае дека ќе се расправате пошто му ја промашувате поентата, исто ко штоДај не влагај и ти у тоа оро на СЏВ вс. Џордан Питерсон фанбојс. Ќе почне цел свет да ти се чини дека е сџв пропаганда.Бајас, Сулфур и Калул знаат дека мажи/жени на власт и социјална еднаквост се наративи за лажење наивни луѓе у новото време, кога у пракса се знае дека моќта која впрочем они ја поседуваат е тоа што диктира све.