Хендикепирана и нај не-безбедна членка на ЕУ?

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.169
Поени од реакции
1.333
Убиен угледен бугарски новинар


bobi-cankov.jpg

Боби Цанков

Угледниот бугарски новинар Боби Цанков денеска е убиен во Софија. Тој бил познат по своите истражувачки текстови за организираниот криминал.

Цанков бил водител на повеќе радио емисии и автор на неколку книги посветени на бугарското подземје.
Жителите згрозени од денешниот настанот.

„Како петарди да пукаа, ништо поразлично.“ „Ништо не слушнав, седев тука, слушав музика.“ „Ништо не сум видела, полицајците веќе ме прашаа, немам претстава што се случило.“ „На неколку метри бев од местото, ама ништо не слушнав“, рекоа преплашените жители.

Според информациите од бугарското Министерство за внатрешни работи, Цанков бил застрелан од две непознати лица во центарот на Софија, а во нападот се повредени и неговите телохранители. Нивната состојба е стабилна.

„Едниот повреден има прострелна рана кај градите, а другиот имал куршум на вратот кој е изваден. Двајцата се наоѓаат во стабилна состојба“, изјави лекарот.

Во април 2008 година беше ликвидиран и новинарот Ѓорѓи Стоев во време додека пишувал книга, исто така посветена на бугарското подземје.

Иако стана членка на ЕУ во последните неколку години нарачаните убиства однесоа десетици човечки животи кај нашиот источен сосед.

Меѓу жртвите се и бизнисмени и полицајци, а само дел од сторителите завршиле на суд.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=118308
 
А ветуваа справување со мафијата, само да влезат во ЕУ.
 
Незнам, фетиш да не е некој ова со Бугарија шо се занимават само ? Или комплекс.
 
Абе сите знаат а и знаеме зошто бугарија ја примира дека е од интерес. Па неможе навики на народ да се сменат за 3-4 години. Затоа незнам што се замарате со тоа дека бугарија не заслужува дабиде во ЕУ итн.....
 
Европски вредности , цветаат насекаде!!! Демократија, слобода на изразување , почитување на малцинсвата ... Многу има да се брои , ех европо европо , каде одиш ??? :tapp:
 
А ветуваа справување со мафијата, само да влезат во ЕУ.
ЕУ повеќе сакаше да влезе Бугарија ,отколку самата Бугарија.....пред се да си го оствари своите идни геостратешки планови(нафтоводи,гасоводи,контрола на Црното море,доминација на Балканскиот Полуостров) итн.......
 
ЕУ повеќе сакаше да влезе Бугарија ,отколку самата Бугарија.....пред се да си го оствари своите идни геостратешки планови(нафтоводи,гасоводи,контрола на Црното море,доминација на Балканскиот Полуостров) итн.......

Се најдоа на половина пат.
 
Незнам, фетиш да не е некој ова со Бугарија шо се занимават само ? Или комплекс.

Како адвокат да си им на мафијашите од бугарија што убиваат новинари постојано. Ај поубаво прегледај по темите ќе видиш дека не е како што констатираш. Не е прв пат ова да се случува а и можеби некој сака повеќе да знае за вакви работи. Може да дадеш свој придонес за темата а не да карактеризираш некој ваков или онаков.
 
Нели така прават хордати??


Каде е свеста,етиката...-уствари у политика и медиуми...налет
 
Секоја држава си има мафија, но во Бугарија мафијата си ја има државата :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom