- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.088
- Поени од реакции
- 1.255
Убиен угледен бугарски новинар
Боби Цанков
Угледниот бугарски новинар Боби Цанков денеска е убиен во Софија. Тој бил познат по своите истражувачки текстови за организираниот криминал.
Цанков бил водител на повеќе радио емисии и автор на неколку книги посветени на бугарското подземје.
Жителите згрозени од денешниот настанот.
„Како петарди да пукаа, ништо поразлично.“ „Ништо не слушнав, седев тука, слушав музика.“ „Ништо не сум видела, полицајците веќе ме прашаа, немам претстава што се случило.“ „На неколку метри бев од местото, ама ништо не слушнав“, рекоа преплашените жители.
Според информациите од бугарското Министерство за внатрешни работи, Цанков бил застрелан од две непознати лица во центарот на Софија, а во нападот се повредени и неговите телохранители. Нивната состојба е стабилна.
„Едниот повреден има прострелна рана кај градите, а другиот имал куршум на вратот кој е изваден. Двајцата се наоѓаат во стабилна состојба“, изјави лекарот.
Во април 2008 година беше ликвидиран и новинарот Ѓорѓи Стоев во време додека пишувал книга, исто така посветена на бугарското подземје.
Иако стана членка на ЕУ во последните неколку години нарачаните убиства однесоа десетици човечки животи кај нашиот источен сосед.
Меѓу жртвите се и бизнисмени и полицајци, а само дел од сторителите завршиле на суд.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=118308