Xbox360 гејмери

  • Креатор на темата Креатор на темата darjanmk
  • Време на започнување Време на започнување

Ама пак можам сите игри до сега излезени да ги играм (освен фабле и блек опс) :) + има нов хак, мод чип кој ја заебува новата заштита само што е 30 евра со достава да го купиш...
 
Ама пак можам сите игри до сега излезени да ги играм (освен фабле и блек опс) :) + има нов хак, мод чип кој ја заебува новата заштита само што е 30 евра со достава да го купиш...

Кој е тој нов хак?
 
А бе, овој Xbox 360 партал го прават, нема што.
Не постои ништо поврзано со Xbox 360 што не било хакнато најдоцна 3 месеци подоцна откога излегло во продажба.


Kinect хакнат за да работи на Windows 7.
Овие од Мајкрософт или се премногу паметни, или се премногу глупави.
Премногу паметни, бидејќи сакаат да привлечат што можно повеќе купувачи, не е важно дали ќе игра пиратски или оригинални копии од видео игри, важно е да купи;
не е важно дали ќе го користи за играње на Xbox 360 или на компјутер, важно е да го купи.
Или премногу глупави, бидејќи се што произвеле за Xbox 360 е хакнато во рекорден период.

Како и да е, сепак, останува фактот дека оваа вест позитивно ќе биде примена од гејмерскиот свет.
 
Секако дека ќе го прават партали кинектот, има награда од 2000 долари за првиот програмер што ќе направи open source драјвери за него.
 
А чек неможам да сватам што ќе прават на пц? Тие кажаа дека ако биде успешно ќе одат и на ПЦ ама сега за сега што ќе прават со кинектот на ПЦ?
 
А чек неможам да сватам што ќе прават на пц? Тие кажаа дека ако биде успешно ќе одат и на ПЦ ама сега за сега што ќе прават со кинектот на ПЦ?

Да, вистина е тоа дека Мајкрософт рекоа дека Kinect ќе го има и за персонални компјутери кои користат Windows оперативен систем.
Но тоа значи дека ако имаш и Xbox 360 и персонален компјутер со Windows оперативен систем, ќе мораш да купиш еден Kinect за Xbox 360, и уште еден Kinect за персонален компјутер со Windows оперативен систем, бидејќи нема да можеш да користиш еден ист Kinect и за Xbox 360 и за персонален компјутер со Windows оперативен систем, бидејќи Мајкрософт, се разбира, се навикнати да прават пари од се и сешто.
Значи ќе мораш да купуваш 2 Kinect системи.
А од друга страна, со овој хак можеш да си користиш еден ист Kinect и за Xbox 360 и за персонален компјутер со Windows 7 оперативен систем, што и не е баш најмногу согласно со стандардите на Мајкрософт за терање бизнис и правење пари.
А кој знае, можеби ќе направат и нови хакови со кои што Kinect ќе може да се користи и на персонални компјутери со Linux, Apple Mac OS оперативни системи и други, а тоа дефинитивно не е согласно со плановите на Мајкрософт.
 
SoulHeaven го извади хакот уште првиот или вториот ден од вадењето на фирмверот. Го има чипот за продажба на http://store.logic-sunrise.com/12-x360sed-v1-puce-xbox-360-stealth-eject-device.html
Еве клипче за како се стартуваат игрите:


почекајте нека извади апдејт за штрафцигерот и нема да ви треба оригиналка за да стартувате :)
 
Сепак имало поголеми себичњаци и од Мајкрософт, а тоа се Епл.
До душа, ова и не е некоја новост.
Меѓутоа, денеска, чисто додека ги вртев каналите на телевизорот, на CNN зборуваа за Kinect, и кажаа дека израелската фирма која што ја изработила технологијата, прво му ја понудила истата на Епл, кои што барале израелциве да потпишат триста и кусур договори, така што Епл би стекнале ексклузивни права врз технологијата. Со други зборови кажано, Епл ќе заработувале најмногу од таа сензорска технологија.
А од друга страна, Мајкрософт им понудиле некои поприфатливи услови, без потпишување на триста и кусур договори, и дефинитивно попрофитабилен договор им понудиле на израелците, за разлика од Епл.
Никогаш не сум се сомневал дека Епл ги интересира само профитот повеќе од било кој друг, вклучувајќи ги и Мајкрософт, но сепак, морам да ги пофалам Мајкрософт во овој случај.
 
тоа ти е тендер, само неможеш така да гледаш и на Епл, тие уште немаат достигнато светски раст како микрософт
 
тоа ти е тендер, само неможеш така да гледаш и на Епл, тие уште немаат достигнато светски раст како микрософт

Да, ама воопшто и не ни делуваат како да се заинтересирани да се тркаат со Мајкрософт.
Стив Џобс си е задоволен кога си има готов производ кој ќе стекне огромна популарност, како iPod, iPhone, iPad.
Мајкрософт му конкурира на Епл со слични производи, ама е во далечна галаксија во споредба со Епл.
А од друга страна, Windows се продава како алва, додека во користењето на Mac OS X уживаат исклучиво само тие со подлабоки џебови.
Да, точно е тоа дека Епл немаат достигнато светски раст како Мајкрософт, но додека Мајкрософт после жилава борба изгуби и мораше да издаде копија од изворниот код на Windows XP, Стив Џобс попрво би ги запалил и Епл, и iPod, и iPhone, и iPad и сите останати производи на Епл, наместо да дозволи некои други да можат да ја користат технологијата на Епл.

Добро сега, ова е мое лично мислење, не значи дека сум во право.
 
токму тоа и го пишав почекај да ги достигнат микрософт и ние ќе уживаме у мек или мек мини (инаку занего има веќе ривал FOXCONN nt 330 i у амц 1700д)
 
тоа ти е тендер, само неможеш така да гледаш и на Епл, тие уште немаат достигнато светски раст како микрософт

Apple нема толку голема покриеност, ама Apple се фокусира на niche маркети, за одбрани индивидуи. Профитите кои Apple ги вади и кои Microsoft ги вади, како и репутацијата на едните и другите...се во две различни галаксии. :)
 
токму тоа и го пишав почекај да ги достигнат микрософт и ние ќе уживаме у мек или мек мини (инаку занего има веќе ривал FOXCONN nt 330 i у амц 1700д)

А тоа што е доста иронично е тоа што и самите Foxconn произведуваат производи по нарачка на Apple.
Голем дел од сите iPod - и, iPhone - и, iMac - и, и триста и кусур други електронски уреди на Apple кои што се исфрлени во продажба, всушност се произведени по нарачка на Apple од страна на Foxconn.
Е па сега, така ти функционира глобалната слободна пазарна економија. И Стив Балмер, кој е генерален директор на Мајкрософт, на неколку прес конференции има прикажувано презентации од iMac лап топ.
А инаку, овие Foxconn се истите тие тајвански ѓубриња кои што имаат стотици илјадници вработени во нивните фабрики низ Кина, кои што работат без прекин, и буквално живеат на работното место, исто како фабриката да им е дом. Голем дел од нив се озрачени и боледуваат од најразни болести, бидејќи работат со секакви опасни хемикалии кои ги има во електронските делови, поради што голем дел од нив се починати во изминативе 4 години од рак, леукемија, и други најразни болести, а во последно време и бројот на вработени кои извршиле самоубиство има забележано зголемување.
Е тоа ти се вика експлоатација.

Apple нема толку голема покриеност, ама Apple се фокусира на niche маркети, за одбрани индивидуи. Профитите кои Apple ги вади и кои Microsoft ги вади, како и репутацијата на едните и другите...се во две различни галаксии. :)

Токму ова и сакав да го потенцирам во пост #1182.
Станува збор за два комплетно различни пазари од областа на информатичката технологија.
Но сепак, поентата ми беше, со сензорската технологија на израелците, Мајкрософт го создадоа Kinect, а Епл можеби направија една од најголемите грешки во нивната историја, само затоа што сакале да уживаат ексклузивни права на сензорската технологија на израелците, за да заработуваат што е можно повеќе, така што покажаа и докажаа дека тие се поголеми себичњаци од Мајкрософт.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom