колку што глеам нашле нешто да чипување на пс3 ама ништо не е официјално па може да е фејк не се знае

фала однапред
Не е фејк.
За PlayStation 3 има повеќе USB модови кои се всушност клонови на PS Jailbreak, од кои најдобар е PSGroove, бидејќи е бесплатен и може преку се и сешто да го вклучиш (преку професионален дигитрон, преку iPhone, преку триста и кусур електронски уреди).
Но сепак, USB модовите за PlayStation 3 се ограничени бидејќи работат само на firmware верзија 3.41 или постара, но не и понова, барем сега за сега.
Дополнителен проблем за USB модовите за PlayStation 3 е тоа што поновите видео игри за PlayStation 3, како најновата Medal of Honor, бараат конзолата да користи понова firmware верзија, или во спротивно видео играта нема да се подигне.
Австралиските хакери кои го направија PS Jailbreak и ветија дека редовно ќе го update - уваат USB модот, неодамна ја исфрлија новата верзија 1.1 за Backup Manager - от, но сеуште нема понова верзија на PS Jailbreak која би работела со поновите firmware верзии на PlayStation 3, што е задолжителен услов за да се подигнат понови видео игри.
Истите тие австралиски хакери кои го направија PS Jailbreak USB модот за PlayStation 3, неодамна најавија дека наскоро ќе исфрлат понова верзија на PS Jailbreak која ќе работи со поновите firmware верзии на PlayStation 3, но како што спомнав претходно, ништо такво, барем сега за сега, не е излезено.
А од друга страна, на Xbox 360, а и на новиот Xbox 360 S, ќе си го хакнеш, или ќе му платиш на некој друг да ти го хакне DVD читачот на конзолата, и сите пиратски копии од видео игри ќе ти се подигнуваат без никакви проблеми, стари или нови, сеедно.
Позитивна карактеристика на PlayStation 3 е тоа што има BluRay читач и од тука следува фактот дека може да се гледаат BluRay филмови со јака резолуција, наменета исклучиво за LCD и плазма телевизори, иако и на обичен телевизор се забележува разликата помеѓу јаката резолуција и помалите резолуции.
Друга позитивна карактеристика на PlayStation 3 е тоа што можеш да го смениш хард дискот кој ти дошол со конзолата со хард диск по твој избор. Исто така, можеш да користиш џојстици, односно контролери произведени од други фирми, како Лоџитек, на пример.
А кај Xbox 360, а и кај новиот Xbox 360 S, мораш да користиш хард диск од Мајкрософт, мораш да користиш џојстици, односно контролери од Мајкрософт, иако има многу мали исклучоци, како воланите на Лоџитек, инструментите за Guitar Hero, за Rock Band, за DJ Hero и други.
Се си има свои предности и недостатоци.
Ако ти треба исклучиво за видео игри, и тоа исклучиво за по дома, а не и за на Интернет, тогаш, Xbox 360 ќе ги задоволи твоите потреби.
А ако, освен за видео игри, ти треба и за BluRay филмчиња со јака резолуција, тогаш PlayStation 3 ќе ги задоволи твоите потреби.