- Член од
- 2 април 2006
- Мислења
- 14.363
- Поени од реакции
- 3.069
Мојот што е жичаниот ми е од таму и нема гајле, дечките се многу ок за такви работи, изгледа стварно имаат проблем со пратката инаку немаше да ти даваат гаранција или да ти го вратат/сменат.
Жичаниот што го имаа таму отворен беше топ, се беше како што треба. Значи овие исто беа оригинал, сфатете, нема НЕОРИГИНАЛ гејмпади за Xbox360. Сите имаат енкрипција од Microsoft во нив, па не може некои кинези да праат копии. Да беше така, ќе имаше гејмпади по 1000 денари, како за PS3.
Значи, не беше фората што беа кинески - него изгледаа како стари и чкартно склопени гејмпади правени за земји од третиот свет. На тој што го купив, аналозите беа излижани и разлабавени, што е доказ дека некој играл долго време на нив. Од друго не се случува тоа. Исто, на други неотворени гејмпади приметив на "вратот" под аналогот гребаници, што се прават само ако некој игра долго со нив, па се гребат од површината на гејмпадот.
Од друга страна, каде што се спојуваат двете страни кај гејмпадот, кај RB и LB, пластиката беше прелошо споена, ко "начукана" за да влезе. Затоа, RB и LB не се стискаа, него пропаѓаа во просторот заради лошото склопување. Исто, поради тоа лошо склопување, кога ќе го стиснеш A, се стискаше и B со него, двете пропаѓаа. Guide копчето се стискаше и после не се враќаше.
На многу неотворени приметив дека натписот Microsoft, кој се наоѓа меѓу RB и LB беше со прљавштина меѓу буквите, што не може да се случи од ништо друго - освен од активно играње!
Срамота е ова за Microsoft, знам дека не е до дечките од Буњаковец, зашто кутиите беа ГЛАНЦ нови и неотворени, не може да се лажира тоа. Да им ебам тоа Кинезите!
Се разочарав, баш денес другари ми доаѓаат и сакав да гејмаме.

Иначе, Alan Wake и FIFA 11 уште ги неам пробано. Horror-survival како Alan Wake никогаш не ме влечеле...а FIFA 11 не планирам да ја земам за Xbox360 (бар засега, не ми се трошат dvd-ја) зашто ќе имам само 2 гејмпади - а со другариве гејмаме 2 на 2 = на PC.
