мојов се расипа пред некој некој ден,и кога го однесов ми кажаа дека му нема надеж.А ти се има расипано до сега?
Инаку кај човек што го однесов ми кажа,и да го направиме тој пак ќе се расипел за два-три дена...ќе идам овие денови кај дечкото и ќе си ги барам парите или ќе му кажам да ми даде друг,само месец дена го имам ми кажа имаш од мене за xbo-ksot гаранција од 5 години,и оп после еден месец се расипа.
Најчест проблем кај конзолите за кои велат дека доколку ги поправат, сепак проблемот ќе се појави повторно после 2 или 3 дена, е оксидирање на калајните пинови кои го поврзуваат процесорот со матичната плоча на конзолата.
Доколку ова е проблемот со кој се соочува конзолата, а потенцијалните сервисери ти велат дека и после поправка сепак проблемот ќе се појави повторно после 2 или 3 дена, очигледно тие нема да го извадат процесорот и да ги сменат калајните пинови, туку само ќе го загрејат процесорот со воздушно лемило за да се подобри контактот помеѓу процесорот, пиновите и матичната плоча, па така конзолата ќе проработи, но после краток временски период повторно ќе се расипе.
Процесот на загревање на процесорот со воздушно лемило се нарекува
reflow и може да заврши работа само привремено, бидејќи дефектот не е сервисиран и повторно ќе се појави. Само прашање на време е кога ќе се појави, може да се појави за 2 или 3 дена, може да се појави за 2 или 3 недели, а може да се појави и за 2 или 3 месеци, зависи од тоа колку се подобрил контактот помеѓу процесорот, пиновите и матичната плоча со загревањето.
Процесот на менување на калајните пинови се нарекува
reballing и доколку е правилно изведен, трајно го отстранува дефектот. Но опремата за reballing не е баш евтина и малкумина се зафаќаат за сервисирање на такви дефекти.
Знам дека К2 Лап Топ во Аеродром вршат reballing, но од лично искуство не сум задоволен од квалитетот на нивната услуга, бидејќи очигледно не го отстранија дефектот на графичка картица која им ја однесов за сервисирање, а која после месец дена повторно се расипа, што значи дека не го извеле правилно процесот на менување на калајните пинови.
Најголеми корисници на reballing услугите се казината, бидејќи коцкарските автомати редовно се соочуваат со ваков дефект бидејќи работат 24/7, па затоа ти препорачувам да отидеш до некое казино и да ги прашаш вработените кого би го препорачале за reballing на конзолата.
Еве како се изведува reballing постапката - забрзано на Xbox 360 и детално на PS3 Slim.
Исто така, бидејќи користиш постара Xbox 360 конзола, не би било лошо да и го смениш кулерот со поголем кулер за подобро ладење на конзолата, како што е прикажано на наредниот видео клип.