- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.273
- Поени од реакции
- 13.003
Во право си, јас незнам зошто прават повеќе игри од исти жарн. Не треба требаше сите да си останеме на катер страјк 1 верзија.
Па повеќето и понатаму сме на оригиналното издание на Counter-Strike, @Џои, иако ги имаме и сите нови изданија. Јас на пример, ги имам сите Counter-Strike досега излезени на Steam, но најмногу ја играм оригиналната Counter-Strike.
А кога сме кај овој жанр на видео игри, не ми се допаѓа тоа што претежно ги форсираат антички Рим и Римската Империја.
Ги има и ред други антички и постари цивилизации кои можат да бидат предмет на видео игри од ваков жанр, почнувајќи со Индија и Кина.
Всушност, Battle Realms беше одлична стратегија, не беше од ваков жанр, но дејствието се одвиваше во стара Кина, со меѓусебни војувања помеѓу кинески племиња.
И да не го заборавиме Ацета наш Велики, имаше видео игра Alexander која излезе пред речиси 10 години, може и за античка Македонија да направат по некоја видео игра.
Едноставно премногу ги форсираат антички Рим и Римската Империја, иако факт е тоа дека имало и поголеми и подолготрајни цивилизации кои постоеле на овој свет, кои постоеле подалеку од Медитеранот и Европа, а постоеле пред и после антички Рим и Римската Империја.