Хари Потер

  • Креатор на темата Креатор на темата Unicor777
  • Време на започнување Време на започнување
Хари Потер игра во стилот на Покемон Го.
Еве ја и официјалната страница на играта.
Мене лично срање ми изгледа целиов концепт со трчање по улици и паркови и ловење покемони или во случајов тепање смртојади и дементори.
Доколку беше ММО РПГ игра (како WOW на пример )ќе беше многу по интересно.
Си правиш детенце , бираш дом во училиштето и почнуваш мисии да играш додека завршиш 7ма година. После тоа бираш страна дали про или против Волдеморт и се тепате.
 
Новиот филм ќе се вика “Злосторствата на Гриндервалд“.
https://www.pottermore.com/news/eve...astic-beasts-the-crimes-of-grindelwald-so-far

(n)

FNBST2_First_Look_3000x1800-Dumbledore3.jpg
 
Јас не знам како може некој толку да с**е на нечиј труд, кога ни тој самиот не знае истото тоа да го направи подобро. Вајлд би рекол дека критиката е уметност! Бара умешност и знаење, точно, но ја нема нишката која ја има вистинската уметност, како книгата, експонатот во музејот, песната, сликата, стрипот...и филмот. Ова е ниско буџетен аматерски филм, со солидни специјални ефекти и со просечна глума. Треба да сфатиме дека дечките сами се’ направиле. (y)
И ова е, мислам, синхронизација, затоа малку звукот е чуден. Актериве се жабари, ми се чини.
 
Според една моја пријателка од Обидинетото Кралство ми кажа дека книгата е многу добра и многу детали и се е разкажано како што треба и се води како книга за деца но како што кажа таа книгата не е во општо за деца таа е за секоја возраст.....
Дали можеби некој ја има Првиот Дел од Harry Potter and the Philosopher's Stone која е по оригиналот би сакал да ја купам бидејки сека повеќето се од америка и се по името Sorcerer's Stone така да пазете јас ви ја препорачувам оригиналот..

Ако ја има некој и сака да ја продаде нека пише или доколу знае каде можам да ја најдам по книжарите ...
 
Ми треба хитно Хари Потер и пламениот пехар,дали ја продава некој или знаете каде би можел да ја најдам на македонски јазик.
 
Ми треба хитно Хари Потер и пламениот пехар,дали ја продава некој или знаете каде би можел да ја најдам на македонски јазик.
Ја има пдф, имаш линкови назад на страните на оваа тема (имаш на српски и на англиски). А како печатена книга само на англиски во Икона. На македонаки јазик само по библиотеките, не верувам дека веќе ги има и на старо.
 
Последно уредено:
Она го загуби паметот пред 10тина години. Ништо неочекувано.

По серија ужасно лоши книги ова и е единствениот начин да остане во центарот на вниманието. А гледам и Стивен Кинг има слични статуси.
 
Незнам конкретно за статусот дали е фејк, ама одлепи на цело во последните 5 години со тоа лгбт и феминизмот. Фали уште да зема да трча со ножици по пат и да сече курови на рандом мажи.
 
мислам дек статусот и е фејк
меме е
Ништо чудно и вистински да и е. Гледај што глупости пишува(ше) за Брегзит и Трамп. Во ред е да држи страна, притоа даде 10тици милиони за референдумот во Британија пред неколку години, но пишуваат се’ со цел да бидат во центарот на вниманието, а притоа чинам и во еден момент и му се извини јавно на Трамп. Одговорноста и е многу поголема со оглед на тоа дека е јавна личност. Но сето ова не е нејзина вина, има простор за платформа и истиот простор максимално си го користи, проблемот е во тоа што има луѓе кои и веруваат буквално се’ без притоа да ја проверат информацијата (затоа што и она краде без притоа да ги провери тие информации). Тоа е веќе пракса во САД, Холивуд диктира политики, младината слуша, а одредена партија ги спорведува со цел да ја привлече таа маса. Ништо ново, тоа е пракса последниве 20тина години.
 
Некој да ја продава првата книга - Каменот на мудроста - на Македонски јазик? Ќе се договориме за цена, не е проблем. ???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom