Малце е predictable WM.
Jan Polat Bobi_kr_palanka и @уште некои што беа активни во темата дај вратете се бар неделава во темава
и @ миланезот што не ми текнува каков ник имаше
Не дека не сакам да сум активен на темава, ама немав многу време да гледам raw последниве недели, но видов дека ВМ е во недела, па си направив маратон минатата вечер и си ги изгледав послединте неколку епизоди.
ВМ можеше да биде каде каде подобра, можеа да се направат 10пати подобри мечеви, но знамеме дека Винс само парите го интересираат, а не квалитетот на шоуто. Лошо е што тна не се обидуба да го достигне рејтингот на wwe иначе до сега многу работи ќе беа сменети во wwe.
Најмногу очекувам од ННН вс Брок, ако се знае дека и HBK ќе биде на ВМ јасно е дека овој меч ке биде еден од најинтересните. Незнам што да очекувам од мечот, Да не беше ставена кариерата на ННН на линија, Брог ќе победеше сигурно, ама вака којзнае ќе видиме. Единствен начин да победи ННН е со чукот, бидејќи не верувам дека Брок би бил пинувам со педигри или свит ќен мјузик од HBK.
Најголемата глупост што можеа од wwe да ја направат е да го стават Џерико во меч со Фанданго, човекот уште не е дебитирал во wwe и оп добива меч со Џерико и тоа на ВМ, поголем пуш не можеше да добие, ако победи се откажувам од гледање на wwe. Гимикот му е катастрофа, личи на некое педерче, незнам зашто воопшто го форсираат овој гимик од wwe, подобро да дебитираше како Џони Куртис. Забележав дека Џерико уште може да се бие на највисоко ниво, на 42 години е подобар од 95% од федерацијата. Мечот со Сезаро во последниот raw и со Зиглер во претпоследниот беа мечеи за ппв. Респект за Џерико.
Тејкер вс Панк, поглуп билдап на некој меч неможеше да има. Незнам зашто ја користат смртта на Пол Беер за билдап на меч, баш ми е интересно ако човекот беше жив каков билдап ќе направеа. Серијата продолжува во тоа сум сигурен. Единствен начин Панк да победи е преку дисквалификација, ама така би било многу глупо. Сепак се работи за меч на ВМ а не некој на обично ппв. Ако некој од моменталниот ростер заслужува да ја прекине серијата тоа е Панк и никој друг. Човекот си е во најдобрите години, најдобар кечер во федерацијата, ако сега серијата не биде прекината не треба никогаш да биде.
Рок вс Сина, лани беше once in a lifetime, сега пак тие. Сина 99% победува, само незнам како планираат да ја изведат оваа победа на Сина од wwe, човекот и како фејс си е еден од најомразените кечери во федерацијата. Ако победи чисто ќе биде многу лошо за wwe, зашто фановите уште повеќе ќе го намразат. Овој меч се мислам дали и да го гледам, од една страна ме нервира себичноста на Рок, се врати ја зеде титулата од нигде никаде, заради таа причина сакам да изгуби, од друга страна Сина не заслужува победа против икона како што е Рок. Разликата е во класи. Друга работа што ме нервира е што овој меч е мејн евент, требаше Брок вс ННН или Панк вс Тејкер да се мејн евент. Се надевам на солидна манија па ќе видиме што ќе биде. Има и некои други мечеви ама во моментот не ми текнуваат, а ме мрзи да барам низ нет кој се. Ќе ги искоментирам и нив до крај на денот.