World of Warcraft: The Cataclysm

  • Креатор на темата Креатор на темата Oblivion
  • Време на започнување Време на започнување
Малку е глупо да го променат светот толку многу, се надевам нема да не' разочарат.
 
Воф висе разочараа многу одамна ... Се почна со Брнинг Крусејд , али се досраа со Артас :nesum: Ова им е очајнички потег да ги вратат старите играчи , и да успејат да праат пари и понатака . Следуваат многу добри Рпг игри кои ке бидат јак конкурент на Воф ...
 
лелеле водата... :wub: полека полека ја поправаат играва али у исто време ја серат. Ептен голема промена на теренот ќе биде ова али нема да биде таков неуспех како вотлк. Сакам да кажам дека ќе се вратат доста играчи.
 
Играм WoW околу 3 години.. после 6 месеци од излегувањето на wow го отворив првиот акаунт, на US серверите.. кога излезе TBC се префрлив на EU, пред се, поради времето за раид (иста временска зона)..

Сакам да кажам дека уште со излегувањето на TBC ја заебаа играта.. со Wrath па, уште повеќе.. али ова новово.. поголемо СРАЊЕ не ни можев да замислам дека ке направат.. сега играта ќе ја играат деца ДО 12 години.. а не 12+ како што пишува на играта.. ГЛУПОСТИ!
ајде по ред..
1. Микс на класи и раси? WTF?!
- Gnome Priest
- Human Hunter
- Troll Druid
- TAUREN PALADIN!??! OMFG! :nesvest:
2. Гоблини и WORGEN?!? поглупа раса неможеа да извадат.. значи од сега врколаците, со нокти од 3 метра, ќе држат sword, mace, axe и сл. не е малце глупо??
3. Да се навратиме на Wrath.. што се случува сега..
-во воздухот можат да се видат хеликоптери и ЛЕТАЧКИ ЌИЛИМИ?!?! МОТОРИ на земја? ма ајде.. што остана од WoW? кај е приказната? кај се тигрите, коњите, носорозите..?? се заменија со МОТОРИ? ај нека воведат и текнови во играта.. пушки и пиштоли нема да дојдат на одмет исто.. дур возиш мотор да земеш да испукаш по некој куршум :salut::nesum:
- Naxx е направена СРАМОТА од инстанца.. порано во Naxx влагаа само најјаките гилдови, дури и некои од тие можеа само "trash"-от да го чистат.. сега истата е направена 5мен? :nesvest:
- Mount up на lvl 20? за 4.5 g? :nesvest: = глупости во боја
- Flying mount - lv 60? за 500g? ццц
Порано се знаеше, кој имаше пари за Epic Mount беше БОГАТ!
- За ранковите незнам дали да почнам да зборам.. не е исто PVP-то што беше ТОГАШ и СЕГА!:nesum:

просто трагедија.. ја усраа играта до немајкаде..

јас лично ќе бидам принуден да играм на Pre-Tbc, за жал пиратски, сервер..
барем ќе биде blizzlike, и ќе си уживам во играта како што уживав порано..
 
Аее и вие па, чекајте малцее :vozbud::vozbud: Уште не ги пуштија сите рејдови на ВОТЛК, има време ке кажуваат уште ствари, се надевевам на подобро...
 
Сите се радуваат за експанзијава, уствари ќе ви натепаат уште 10 левела, 100 ајтеми, некоја инстанца, маунт, териториичка, квестче и што? Ништоо...Пак истото само “различно“ уше 10 лвла...тапа...
 
Сите се радуваат за експанзијава, уствари ќе ви натепаат уште 10 левела, 100 ајтеми, некоја инстанца, маунт, териториичка, квестче и што? Ништоо...Пак истото само “различно“ уше 10 лвла...тапа...

:toe:

и ќе испаѓаат експанзии до некој си 500ти лвл ако не и плус ...
и таа па таа ...
бричење цел живот ...
 
абе ТБЦ беше 100% СРАЊЕ... воа Лич Канго пак пуба е... ама Катаклизмава мислам дека нема да се сјеба до толку... Воргениве изгледает кул само малку ќе е нешо заебано ама то имат време да видиме... Мешање класи- раси (ШИТ) иии... Cross- Realm LFG :vozbud:... да е како оригиналната Вов то немат никогаш ама нешо ќе е поинтересно...
 
:toe:

и ќе испаѓаат експанзии до некој си 500ти лвл ако не и плус ...
и таа па таа ...
бричење цел живот ...

MMO. :smir:

Треба ли повеќе да се каже?

Колку експанзии имаше Everquest 2? Ако не се лажам, минатата година излезе 8мата експанзија, а имат и уште една во изработка.

Единствено што ќе ги натера да престанат со вадење експанзии е да стварно снемат идеи или па да се префрлат на некој друг проект, Warcraft IV, новата MMО или сеуште непознатиот Hydra проект.
 
Сепак мислам дека Emerald Dream би била новата експанзија. Веќе има некои фајлови кои преку data-mining се извадени од играта кои што посочуваат кој Emerald Dream.

Не знам, ќе видиме.
Супер би било така да се вика
 
Novata ekspanzija mislam deka ke se vika WoW:Cataclysm.Ke imalo 2 novi rasi(Worgen i Goblins) i neznam so dr.

PS.Oblivion aj ako mozi da mi kazis kaj ja najde knigata War of the ancients
 
Имам да кажам само едно нешто...

WoW можам на некој начин да ја споредам со бивша Југославија. Тогаш луѓето немаа што да прават но сите беа среќни т.е немаше компјутери се излегуваше до 9 саатот навечер и сите си легнуваа пред 12 НО пак ќе речам сите беа среќни.
Ванила WoW (до 60ти левел)... ќе се измачиш да дигнеш 60ка и одкако ќе дигнеш ќе чекаш по 6 саати во Оргримар да најдеш група за една од 4те инстанци(не дај боже ако си руг). Ќе одиш во таа инстанца и предвреме знаеш дека шансите да ја завршиш таа инстанца се мали. Тие што одеа МЦ беа благословени т.е 90% луѓе без работа или кои ја напуштиле работата за да си можат да си дозволат да киснат таму по 12 сати на еден бос.НО пак ќе речам сите беа среќни.
Заклучок (до 60ти левел): Во играта најдобри беа тие кои киснеа(имаа време) а не тие кои имаат фат за играта т.е кои се добри во истата.

Преминуваме на ТБЦ т.е транзицијата на Македонија од бивша Југославија или пак во Светот на Варкрафт преминот од ванила во ТБЦ. Тука се истакнаа оние кои знаеа да ја искористат ситуацијата, време на купување ајтеми од добри гилдови кои се веќе опремени и некаде до средината беше исто како во ванила. Оние тврдокорните олд скулерци до некаде тежнееја кон ванила но се задоволуваа и со содржините на оваа нова експанзија. Поради плачењето од страна на играчите кои не беа задоволни од оваа транзиција Близард (европа, ОН, НАТО) ја направија кулминацијата на ТБЦ со една од најтешките ( ако не и најтешка раид инстанца Санвел ) и после ова играчите не беа задоволни... Значи во овој период од еволуцијата на играта Играчите не знаеја што сакаат.

Дојде времето за WotlK. Близард ја направија играта да не биде толку захтевна со времето но играчите пак не се задоволни. Сите сакаат да се врати времето на 60ти левел но никој длабоко во себе не го посакува тоа... т.е ВОВ 60ти левел е една обична НОСТАЛГИЈА. Колку пати сте посакале да се вратите во деновите кога сте биле дете? Но всушност и не го сакате тоа но помислата е примамлива но не остварлива...

Поздрав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom