Втора година сум на ФИНКИ и сакам да аплицирам за WAT. Дене баш бев и до Викинг и до Коузон. Разликата меѓу нив е во бројот на ратите и рокови за нивна исплата, како и ~150 евра вкупно (одприлика) разлика (исклучувајќи ја картата за авион).
Пред да го прочитате сленово, keep in mind дека сакам да работам
барем 2 работи таму. Можам тоа да го постигнам(тука сум цркавал по маркети 10 саати, нема да ми е проблем таму 10 саати на ден)
- Е сеа, незнам преку кој да идам - дали она што треба да ми е најприоритетно е агенцијата или работите?
Зш најдов една добра работа
преку викинг во Myrtle Beach како house keeper со 9 долари на саат, а другата добра е
преку коузон во New Port hotel group.
Голем избор на работи, добро платени и најверојатно ќе можам две работи во хотелот да работам(прашање до вас)?
- Дали е ОК на едно место физички на истата локација (ако дозволува) да работам две работи или да бидат одделни места?
- Одприлика вие што сте работеле две работи (али не ссте купувале ништо од таму, или некои ситници) дали сте заработиле барем 1000$ чиста заработка?