Здраво дечки , имам еден проблем па сакав да побарам ваш совет. Јас сум веќе во Германија. Аплицирав во Венера Кемаловски за работа во Бургер Кинг и не ми стигна на време работната дозвола. Јас се одлучив на дојдам тука за да не ми пропадне картата, закажаните термини и слично, и тука да ја чекам работната дозвола што Венера рече дека не е проблем. Денес почнав со работа иако и кажав на менаџерката дека немам работна дозвола ( рече тоа не било проблем ).Потпишав и работен договор ,се куцнав кога почнав ,се како што треба. Ама некако ми е сомнително дека можам без работна дозвола да работам , да не испадне на крај ни плата да не земам.Што мислите да направам , да им пишувам на ЦАВ или да ја оставам вака работава?