Wolt Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Го заеба системот :icon_lol:
1000013012.jpg

Како е ова можно знае некој?
 
Ако ја зема сликата од Јанко Бурек :icon_lol:, тогаш е можно фотошоп. Волт нема такви мали ранци.
Има такви ранци и прават вака, претежно со кола.
Не им се може ништо оти треба некој да има на терен да ги лови Индијанците ама такво нешто нема ни Корпа ни Волт.
 
Ако нарачките се доставени на време и како што треба, тогаш кој е проблемот?
 
Го заеба системот :icon_lol:
Прегледај го приврзокот 455450

Како е ова можно знае некој?
Зошо да не може, еве јас сум во Шведска и пред саат и половина добив достава. Нарачано од foodora, ми доаѓа со ист ваков ранец од Волт. Ме збуна и мене.
Може истиот возач да работи за повеќе платформи и да подигнува нарачки независно. Нели се платени по нарачка а не по ден.
 
Дали може во две фирми да си вработен? Особено иста дејност што имаат фирмите.
 
Дали може во две фирми да си вработен? Особено иста дејност што имаат фирмите.
Доставувачите на Корпа и Волт не се вработени ни во Корпа ни во Волт. Во Кликни јади имаше неколку вработени, ама не сите. Во Корпа и Волт нема ни еден вработен доставувач.
 
Ако нарачките се доставени на време и како што треба, тогаш кој е проблемот?
Па не верувам да успее сите да ги достави вака на време. Тешко да ти се врзе достава во ист правец.
А да ги бира не може, ќе одбие може неколку ама ако падне под 80% на одбиени го кикаат.

Така да вие ќе си чекате, а него гајле ми е. Парите му се побитни.
 
Доставувачите на Корпа и Волт не се вработени ни во Корпа ни во Волт. Во Кликни јади имаше неколку вработени, ама не сите. Во Корпа и Волт нема ни еден вработен доставувач.
Епа како функционираат Корпа и Волт ако нема вработени? Или доставувачите преку друга фирма се вработуваат?
 
Дали може во две фирми да си вработен? Особено иста дејност што имаат фирмите.
Не знам како е ова регулирано законски во МК, ама тука не е проблем.
Исто се случува со возачите на Убер, возат истовремено на неколку платформи.
 
Епа како функционираат Корпа и Волт ако нема вработени? Или доставувачите преку друга фирма се вработуваат?
Доставувачите се со договор на дело. Повеќето си се веќе вработени во други фирми, а ова им е дополнителна работа, во слободно време.
 
Го заеба системот :icon_lol:
Прегледај го приврзокот 455450

Како е ова можно знае некој?

Фотошоп
Автоматски споено мислење:

Има такви ранци и прават вака, претежно со кола.
Не им се може ништо оти треба некој да има на терен да ги лови Индијанците ама такво нешто нема ни Корпа ни Волт.

На Волт можеш да бираш нарачки, тоест да одбиваш, но ти паѓа процентот на успешност, а со тоа и помалку нарачки добиваш. Во Корпа нема одбивање на нарачки, така да дека некој истовремено може да вози на двете платформи е изводливо, но на долг рок никаков ефект. Или ќе те сјебе алгоритмот на волт, или по неколку нарачки во доцнење ќе те кикнат од платформата на корпа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom