Woke и cancel култура, SJW, safe spaces, политичка коректност...

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.863
Поени од реакции
8.597

Како американскиот рамковен го уби американскиот микрочип

Администрацијата на Бајден објави дека конечно ќе почне да пушта пари од 39 милијарди долари вредниот ЧИПС акт, за поттикнување на производството на микрочипови во САД. Кратко по ова најголемите глобални производители на чипови одлучија да ги откажат своите проекти во САД.

Интел на крајот од февруари објави дека запира со својата изградба на фабриката во Колумбус. Најголемиот производител на чипови во светот, тајвански ТСМЦ, објави дека го одложува почетокот на својата втора фабрика во Аризона, а Самсунг ја одложи изградбата на првата фабрика во Тексас.

„Ова не е начинот на кој компаниите обично одговараат на 39 милијарди долари пакет за субвенции. Па што ја објаснува ваквата неблагодарност на производителите? Во најголем дел фрустрираност од ДИЕ барањата вградени во ЧИПС актот,“ пишуваат Мет Кол и Крис Николсон во колумната за Хил.

ДЕИ е кратенката за разноликост, правичност и инклузивност (diversity, equity, and inclusion), која опфаќа едно чудо идентитетски правила и обврски за корпоративна Америка за вработување и промовирање на најразлични демографски групи, главно не бели и посебно не бели мажи.

_________

Интел во моментов веќе гради фабрики во Полска и Израел, што значи дека „тие попрво би ризикувале руска агресија и ракети на Хамас отколку да се справуваат со американскиот ДЕИ режим. Самсунг пак повторно се сврте кон својата татковина со намера да ја направи Јужна Кореја велесила за микрочипови доколку Кина го освои Тајван.

Меѓу обврските од ЧИПС е и во градењето да се ангажираат голем број жени градежнички иако помалку од 10% од градежниците во САД се жени. Плус за вработување на ДЕИ работници, треба да се укине барањето за диплома по најразлични основи.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.674
Поени од реакции
30.308
Сите talk show водители се од лева ориентација и мадињата им се во менгеме, тоа не е ништо спорно нити неочекувано. Џон Оливер имаше епизоди како оние за ФИФА, и оваа, во кои одлично ги доловува проблемите. DEI се уште не е проблем за Боинг, но ќе биде во иднина. Квотите секогаш водат кон опаѓање на квалитетот и тоа ќе се почувствува кога тогаш.
Друже... Не знам во која реалност „DEI сеуште не е проблем за Боинг и опаѓање на квалитетот ќе се почувствува во иднина“.

Сериозно. Спонтано паѓање на тркала и откорнување на недозаштравени врати... Паѓање на авиони... Дилетанстки лошо напишан софтвер за кој пилоти со години се жалеле а чие одобрување било пробуткано со подмитување на државни институции... Итн, итн да не пишуваме реферати.
Навистина не знам ако ова не се огромни проблеми, тогаш што се проблеми за Боинг (и за woke естаблишментот).

А Џон Оливер и сите популарни презентари секако дека повремено ќе направат некои критики за несуштествени работи. Не им вредат ако не се популарни, а не може да се популарни ако повремено не исплукаат нешто што им смета на народот.
Автоматски споено мислење:

овој Оливер и Тревор Ноа се посебна сорта дудлачи. Нешто што Конан, Џими Фалон и Џими Кимел никогаш не биле.
Ги прешкртав натрапниците.
Автоматски споено мислење:

Буквално ова.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.394
Поени од реакции
58.253
Друже... Не знам во која реалност „DEI сеуште не е проблем за Боинг и опаѓање на квалитетот ќе се почувствува во иднина“.

Сериозно. Спонтано паѓање на тркала и откорнување на недозаштравени врати... Паѓање на авиони... Дилетанстки лошо напишан софтвер за кој пилоти со години се жалеле а чие одобрување било пробуткано со подмитување на државни институции... Итн, итн да не пишуваме реферати.
Навистина не знам ако ова не се огромни проблеми, тогаш што се проблеми за Боинг (и за woke естаблишментот).
Ова се големи проблеми но нема никакви показатели дека ова е резултат на DEI. Многу повеќе е резултат на бизнис решенија, притискање за рокови, избегнување инспекции, подмитување за дозволи и други лоши практики кои имаат цел да се забрза производството, да се намалат трошоците и да пораснат акциите. Таму на видеото кога ги прашува вработените дали би летале со овој авион, тоа се вработени кои се таму долго време и затоа знаат дека ова што го работат сега не чини во споредба со минатото. Боеинг решава да прави outsource скоро на се, други да им ги произведуваат деловите па да ги склопува авионите како да се лего. Тоа е 1000 пати поголем проблем од DEI во моментов.

DEI ќе им биде проблем како што ќе се зголемува процентот на вработени преку квоти и како што ќе се пензионираат луѓето кои работеле таму со децении.
 
Прво DEI не е нешто што било која компанија самоволно би го одбрала како бизнис модел. DEI е наметнат од естабилшментот.
Второ, немањето на потенцијално најдобрите достапни работници и наместо нив вработување на работници по квота (боја на кожа, сексуална определба, итн) па невозможно е тоа да нема удел во (не)квалитетот во истиот момент кога такви ќе влезат во компанијата. Ти можеш да спориш дека не е само до тоа туку и до други работи, и веројатно и не е само до тоа туку веројатно има и други работи... Но да кажеш дека DEI не влијае сега туку можеби некогаш ќе влијае во иднина - тоа е нереално гледање на работите.

Од тој аспект, како го објаснуваш „губење“ (пребришување) на снимките од монтажата/затварањето на вратата? Криењето на идентитетот на работникот, не криење од јавноста туку криење од инспекторите? Не е ваљда пошто работникот бил белец (бел маж), а Боинг се расисти? :unsure:
Пошто сега веќе е извесно дека работникот е DEI вработување.

Ова ти го посочувам како директен доказ за корелацијата DEI=неквалитет. На утре, туку сега и секаде.
Впрочем како да ти треба такво докажување ако живееш или си живеел во Македонија од осамостојувањето навака.
Автоматски споено мислење:

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.311
Поени од реакции
1.934

Тогаш зошто не се покажуваат истите проблеми и кај другите авионски компании со ДЕИ?
Автоматски споено мислење:

Еве случај каде што Боинг нема никаков проблем да обвини работници на ниско ниво за проблеми со нивните авиони. Овде не ги интересирало дипстејтот да се вмешаат за да ги заштитат пилотите од друга раса?
 
Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.311
Поени од реакции
1.934
Кои се тие други компании со ДЕИ што произведуваат авиони во САД?

Локхид Мартин мислам дека исто произведуваа.
Автоматски споено мислење:

Многу добро напишана статија за оваа теорија на заговор, ви препорачувам да си прочитате.
 
Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.201

Локхид Мартин мислам дека исто произведуваа.
Да, Ф-35ки произведува што летаат секој ден и превезуваат илјадници патници.
 
YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.044
Поени од реакции
736

Локхид Мартин мислам дека исто произведуваа.
Автоматски споено мислење:

Многу добро напишана статија за оваа теорија на заговор, ви препорачувам да си прочитате.
The Guardian се теорија на заговор, а јас не читам заговори.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.125
Поени од реакции
39.813
ова деи ќе нанесе огромна штета на фирмите. Квалитетот ќе опадне на производите. Тие проблеми после никој нема да може да ги реши.
 
YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.044
Поени од реакции
736
ова деи ќе нанесе огромна штета на фирмите. Квалитетот ќе опадне на производите. Тие проблеми после никој нема да може да ги реши.
Уште поубаво, нека затворат. Ќе има други што ќе го пополнат местото.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.125
Поени од реакции
39.813
Уште поубаво, нека затворат. Ќе има други што ќе го пополнат местото.
мислам дека сите ги присилуваат да имплементираат такво нешто, не е ова некој што сака некој што нејќе.
 
YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.044
Поени од реакции
736
мислам дека сите ги присилуваат да имплементираат такво нешто, не е ова некој што сака некој што нејќе.
Тие што присилуваат се Финк со Црн Камен. Моментално влегуваат во многу лоша позиција оти најдоа дека некој од C-suite бил учесник на педофилија, сега ова е многу актуелно. Ги плаќаат меинстрим медиумите за да не пишат за нив, ама сега независните новинари им се боднаа, така да Црните Камењари ќе подведнат глава само за да куртулат.

Работата е што го форсираа деи со препрека за инвестиција. Кога компанијата сака да се прошири или и требаат liquid assets, одат кај Црните Камења и бараат пари. Црните камењари па гледаат дали си бил добар потрчок и одлучуваат дали да ти дадат пари. Одкога тоа се обелодени, многу фирми почнаа да билдаат конкуренти на Црните Камењари, на пример Вивек Рамасвами со тоа се бавеше.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom