Се извинувам но нафрлени се многу моменти и прашања, морам во мултицитати да одговорам
Јас не рабирам кој е проблемот со жените. И зошто истите се мешаат во ваква тема за апсурдите на модерниот Либерализам?
Едноставно е, се наметнуваат нови вредности и се потиснуваат/уништуваат старите традиционални вредности. Жените, и младите општо, последично се зафатени од промената на тие вредности. Во конкретниот (последниов) случај, станува збор за проституција која е општествено прифатена и третирана како нешто „нормално и ок“ (ете повоторно да цитирам и учесници на дискусијава).
Ајде во ист досаден стил да вратам, кога би имал ќерка би сакал ли да биде маргинализирана на работно место?
...
И ако не си бил во САД како мене немој ни да се трудиш да ми реплицираш. Сето тоа што се случува во САД (ислучиво на тема женски права, не оправдувам апсолутно ништо друго што гледаме последниве 4 години, значи фокусирај се - зборувам само за жените) е последица на крајно маргинализирање на жената на бројни начини во општеството. Ете затоа дојде до такви закони за процентуална застапеност - кои се срам за нас како мажи од западната хемисфера кои упорно тврдат дека се подобри од другите.
Првото, дали бавење со проституција и јавно одобрување/промовирање на истата, е одговор на твоево прашање?
Второто - јас не гледам многу примери на „маргиналзација“ за каква што зборуваш. Можеби ако посочиш конкретен пример, тогаш би имало за што да се коментира.
Ситуацијата во САД е диспропорционално различна. Затоа и ние буквално се мачиме да сфатиме што конкретно се случува. Еве ти пример, во Силиконската Долина има култ, друштво создадено од мажи, луѓе кои веруваат дека мажите се буквално покапацитетни од жените. Како настана култов? Се повеќе жени учат на Харвард, и се повеќе сакаат машински и информатички професии. Во истите се крајно капацитетни, запознав една таква. Таа не се фалеше наоколу за својата капацитетност, ама кога и да ја видев типкава со книгите в рака беше. Во базен - со книгите в рака.
Влечење технички упатства на базен мене ми личат на virtue signalling. Никој не може да биде продуктивен во таква средина.
Но нејсе, не е тоа муабетот. Муабетот е дека жените и мажите се различни и генерално ги интересираат различни работи. На пример во скандинавските земји кои верувам ќе се согласиш дека се еталон за лични слободи, таму статистиките кажуваат дека жените во голема мера гравитираат кон медицина/општествени/итн науки и професии, додека мажите претежно се насочуваат кон друг тип на професии, како инжинерство, наука, војска, полиција, и ред други физички насочени професии.
Никој никого на ништо не го натерал таму во Скандинавија, никој не ги убедувал - едноставно самите (жени и мажи) така си одбрале. Тоа не се стереотипи, тоа е генетско наследство и разлики меѓу половите кои се должат пред сѐ на биолошките разлики. Фактите се дека историски и еволуциски гледано наназад, мажите се бават со физички работи и технички проблеми, жените се грижат за семејството. Двете групи на обврски се есенцијални и важни за опстанокот на видот па не е чудно што еволуцијата ги насочува единките да тежнеат кон тие две клучни потреби.
Дали има исклучоци?
Се разбира, но исклучоците го потврдуваат правилото.
Има голем број жени кои ги интересираат „машките“ професии и нема ништо лошо во тоа. Лошото е кога се наметнува дека жените МОРА да се застапени во сите професии поедеднакво со мажите, па се прави антипродуктивна „позитивна“ дискриминација наместо да се остават поединците сами да одберат и работите сами по себе природно да се балансираат.
Јас да ти одговорам на баналното прашање погоре, ако јас имам толку капацитетна ќерка еден ден, не би сакал нејзиниот пол да ја ограничи и маргинализира. Ќе сакам да продолжи да учи и да придонеси за општеството во кое работи.
Примерот беше за проституција, не за ограничување на изборот исклучиво кон „женски“ професии.
Некој претходно пишал кога би имал ќерка би сакал ли да се проституира?
...
Срамота е да ги мешаме жените во ваквите теми за екстремите и бизарноста на модерниот Либерализам.
Да, за своја сопруга и за ќерка би се борел ко лав.
На крај се враќаме на ова.
Не ги мешаме ние, агендата на културниот марксизам го прави тоа. Се создава ново општество во кое на ќерките, и на младите воопшто, им се наметнуваат нови вредности и работите како проституција и брзо богатење по секоја цена, се ценат повеќе отколку чесна работа и формирање семејство.