Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
Пробувам да се чекирам (пријавам) преку интернет за утрешниот лет од Скопје до Нирнберг во 13.15ч, меѓутоа безуспешно!!
Еве што ми покажува:
http://i.minus.com/i3SkfnQ9KpvgT.jpg
http://i.minus.com/ilObUlKk0Ak0g.jpg
Изгледа чекирањето преку интернет веќе не е достапно, туку само на аеродромот или се работи за нешто друго? Ве молам за одговор. Фала. Поздрав...

Таму кај нема опција онлајн се чекираш на аеродромот бесплатно
 
Letav od Nirnberg i dobro e sto i od tuka pustija linija. Ali mi se cini sedistata se mnogu potesno postaveni od predhodno. Ali ok, za cenata ke se izdrzi 2 saati.
 
Само за информација: Денес на скопскиот аеродром ми беше кажано дека системот за чекирање преку интернет привремено НЕ работи, па поради тоа и опцијата за чекирање преку нет не била достапна, по што бевме чекирани на аеродромот БЕЗ никаков надомест! Затоа, кога ќе сакате да се чекирате да не ве загрижува ако ви даде опција дека тоа може да го направите САМО на аеродромот.
 
Здраво. Сакам да прашам колку кошта доколку сакам да ја променам резервацијата од 09.09 оваа година за некој ден порано ? Од Нинберг до Скопје. позз
 
Можда се глупи прашањава и сигурно се одговарани претходно, ама не можев да најдам ништо на последниве неколку страни.
Прво, кога треба да внесам пасош, откако ќе ги купам билетите или кога ќе се чекирам? Затоа што во моментов ми е истечен пасошот.
Второ, која е разликата меѓу интернет чекирање и чекирање на аеродром?
 
Кога ги купуваш билетите,треба да внесеш број на валиден пасош.Интернет чекирање ти е бесплатно, а на аеродром ти е 600 денари мислам.
 
Можда се глупи прашањава и сигурно се одговарани претходно, ама не можев да најдам ништо на последниве неколку страни.
Прво, кога треба да внесам пасош, откако ќе ги купам билетите или кога ќе се чекирам? Затоа што во моментов ми е истечен пасошот.
Второ, која е разликата меѓу интернет чекирање и чекирање на аеродром?

Мислам дека пасош се внесува при чекирање, така да кога ги купуваш билетите внесуваш само име и презиме на патниците.

Разликата ти е во тоа што веб чекирање е бесплатно, а на аеродром е 600 денари/човек.
 
А, бе, да ве прашам

Вчера резервирав карта преку Wizz Air за до Милано. Ова ќе ми е вторпат да летам со нив.

Откако букирав, ми се појави опција нели секој нареден лет да ми биде 10 евра поевтин, што е супер. Арно ама ми се исклучи компјутерот баш тогаш, сеа не знам како да се вратам на страницата и да си го подигнам тој ваучер.

Ваљда не е пиши пропало само затоа што компјутерот ми се изгасил. Некој искуство?
 
Не вервам дека е ваучер туку да се зачлениш во визз дискаунт клуб за шо се плаќат 30еур
 
Здраво. Сакам да прашам колку кошта доколку сакам да ја променам резервацијата од 09.09 оваа година за некој ден порано ? Од Нинберг до Скопје. позз
Провери на следниов линк колку ќе те чини промената на карта.
https://wizzair.com/en-GB/useful_information/service_fees
 
Постои ли такво нешто како враќање на веќе купена карта од WIzz Air, па и со губење на некои 10-20% од картата?
 
Наместо пријавување преку интернет и печатење на картата на грешка одбрав пријавување на аеродром. Знае некој како иде таа процедура и колку е цената ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom