Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
Значи, на Кипар не прават проблеми со Македонски пасош?
Помнам имаше некоја посебна процедура.
 
Значи, на Кипар не прават проблеми со Македонски пасош?
Помнам имаше некоја посебна процедура.

Колку што знам нема. Значи самиот систем на Визер бара да внесеш број на Виза кога ја чекираш картата исто како пример сега јас да земам да букирам со Лондон и да ми ја бара визата. Ако има некои формалности на Кипар тоа е сосема друго али Виза нема. Дури и на аеродромот се чудеа и како што кажа некој погоре најчесто се сугерира да се напише 00000. Мислам дека треба да се ургира за да не прави забуни
 
Ne praat problemi.isto kako grcite,davaat poseben list hartija bidejki ne sakaat da udrat pecat vo pasosot

Фала ти Ланс.

Мене малку ме масираат околу отварање директна линија ама некако не ми го прави ќефот.
 
Колку време однапред (1-2 месеци, 3 недели, 10 месеци, итн...??? ) е најоптимално да се купи карта преку WIZZAIR (од Скопје), за да испадне наејвтино што може ??? На пример од сега сакам да купам карта за Барселона за во Август ама цените се преку 6000-7000 ден само во еден правец!
 
Последно уредено:

Во текот на туристичката сезона картите секогаш се по дифолт поскапи, дури и за куфер доплата различни се цените кога леташ во туристичка сезона и вон сезона, така да не очекувај за во Август да најдеш лет за пример 20-30 евра. Ама реално гледано 100 евра по правец е многу, прати ја редовно картата и види кога ќе се симне на релативно ниска цена... Кога отприлика неможам да кажам, нема баш правило...
 
Колку време однапред (1-2 месеци, 3 недели, 10 месеци, итн...??? ) е најоптимално да се купи карта преку WIZZAIR (од Скопје), за да испадне наејвтино што може ??? На пример од сега сакам да купам карта за Барселона за во Август ама цените се преку 6000-7000 ден само во еден правец!
Никако не е оптимално од сега да бараш карта за го август, ќе почекаш и ќе пратиш. Најотимално според мене од досегашното искуство и според еден дечко што работи во букинг агенција е 2-3 недели пред летот, што секако се подразбира да нема голем интерес баш за тој лет, па да има ниски цени. Барселона во август може да биде малце заебано, ама ќе почниш да пратиш негде јуни и може ќе имаш среќа, ако не ќе мора да се жртвуваш за друг датум.
 
Освен ако Барселона не е сосема катастрофална рута од Скопје, малку е веројатно дека цените што ги гледаш сега ќе бидат пониски. Ги поставив доста пониско во однос на која било друга линија.

100 евра се малку за Јули/Август во насока со висока побарувачка. Заборави да спомнеш дека во другата насока цената е доста пониска.[DOUBLEPOST=1422270389][/DOUBLEPOST]Меѓународен PR за Скопје - Барселона.

BCNSKP PR.png
 
Последно уредено:
Колку време однапред (1-2 месеци, 3 недели, 10 месеци, итн...??? ) е најоптимално да се купи карта преку WIZZAIR (од Скопје), за да испадне наејвтино што може ??? На пример од сега сакам да купам карта за Барселона за во Август ама цените се преку 6000-7000 ден само во еден правец!
Најдобро е да пратиш месец, месец ипол пред полетување. Картите обично се поефтини од сегашнава цена и тоа во период помеѓу 40-20 ден пред полетување, барем така било до сега.
 
Или па малку алтернативно размислување, @george_jov
Може до Барселона да отидеш и преку аеродром со кој Wizz имаат евтини конекции (а такви ги има подоста). Еве на пример, со Wizz до Бергамо а од Бергамо веќе има подоста опции за до Барса.

Иначе како што ти кажаа, стотина евра за директен лет Скопје - Барселона е евтина цена. Како што јас лани увидов од сопствено искуство. Еве отиди сега до било која од агенции и онака инфрмативно прашај колку ќе те чини летање до Барселана (ете за месец-два, не веднаш). Од забавен аспект ти го предлагам ова, пошто така на жена ми во неколку агенции и предлагаа патешествија со по 4-5 авионски конекции (озбилно) и со кумулативна цена од некои 800е. ;)
Не мора да објаснувам дека во сопствена режија испадна следново: Скопје - Бергамо (1600ден по човек, односно само 1600ден за двајцата пошто Wizz тогаш имаа промоција по повод 10годишнината јубилеј), Бергамо - Мајорка (20евра по човек), Мајорка - Барселона (20евра по човек). Се разбира имаш и директни летови Бергамо - Барселона. И се разбира, ако сакаш можеш да си си испланираш да останеш неколку дена и во Бергамо... кога веќе си таму.

Малку отворен ум, плус имагинација и планирање, и ако имаш желба за патување... со Wizz Air може убаво и за евтини пари да се пропатува на многу места (каде инаку патувањето беше посложено и позаморно).
Само пази на ограничувањата за големината на личниот багаж (за кој не се наплаќа), кај разни авиокомпании се различни дозволените димензии. Исто така, Wizz клупскиот попуст на карти се исплати да се купи, и ти дава попуст на сите карти што ќе ги купиш во текот на таа година... На Wizz им одговара да те овозможат да леташ што почесто, а ако и тебе ти се патува почесто... тогаш win-win е ситуацијата. Сериозно, ако испланираш како што треба, авионско патување сега и доста поевтино отколку со автобус (или со автомобил), а да не зборуваме колку е побрзо и поудобно. :)

Ете земи го за пример Бергамо, слична цена (ако не е и поевтино) ќе ти испадне да отидеш до Бергамо, отколку до Охрид. Дури и цената на сместувањето не е нешто поголема. Се разбира не ги споредувам Охрид со Бергамо, туку само укажувам на можностите.
 
ОК фала на сите на одговорите. Уште дефинитивно не се знае ни кога ќе летаме а ни каде (дали Барселона дали Мајорка), едноставно ме интересираше да не се замарам со проверување на летови и цени уште сега за во август или септември.
 
...за во август или септември.
Едно мало офтопик предупредување: без разлика дали Барселона или Мајорка, таму во август не се живее. Јас во втора половина на Септември бев, па беше нестварно жешко... Не е само до температурите, туку и влажноста е голема.
 
Има директна врска. Токму на ова работам во моментов. Ќе биде готово за најмногу саат време.

[edit: 17:34] .. aaand done.

Сакам да те прашам како стои Wizz Air со староста на авионите и безбедноста на летање во споредба со другите авиокомпании ?
 
Сакам да те прашам како стои Wizz Air со староста на авионите и безбедноста на летање во споредба со другите авиокомпании ?

Имаат најмлада флота во Европа. За 11 години летање немаат сериозен инцидент.
 
ОК фала на сите на одговорите. Уште дефинитивно не се знае ни кога ќе летаме а ни каде (дали Барселона дали Мајорка), едноставно ме интересираше да не се замарам со проверување на летови и цени уште сега за во август или септември.

И покрај тоа што Транкилис е најкомпетентен за совет, сепак моето искуство кажува дека сепак цените ќе паднат. 100 евра по правец е премногу за нискобуџетна компанија. Најоптимално за визз е некаде 30-40 дена пред патување да се букира карта. Е таму некаде кај мај месец можеш да почнеш да ги следиш цените и кога ќе начекаш прифатлива цена да букираш. Но сепак имај на ум дека картите по дифолт се најскапи во август.
Разгледај ги можностите што ти ги опиша @Vanlok од Бергамо до Барса со рајан се стига за 20 евра по правец. Исто така можеш да ги искористиш поефтините варијанти (како што кажа транкилис секогаш во еден правец е поефтина картата) па преку еден аеродром да заминеш од Скопје, а преку друг да се вратиш. Така јас летоска летав Скопје - Бергамо - Барселона Гирона и повратна Барселона Гирона - Брисел - Скопје сите карти заедно чинеа некаде 150 евра.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom