Без разлика на одложен лет за неколку самата треба да стигнеш на аеродром во првично закажаните термини (посебно ако имаш чекин багаж)
ради тоа каснењето на летот ќе ти пуштат некое ваучерче од 5-10€ ако се фини ако не никому ништо, посебно што ти пиша дека ова е за некаде Шпанија (валенсија ако не се лажам) значи имаш долга рута така што за да добиеш нешто (у стилот ваучер на аеродром) ништо чудно да е ти треба над 3 саати каснење
имај во предвид дека за да имаш оштета воопшто не е битно времето на поаѓање, условот за да ти следува оштета е да стигнеш на дестинацијата најмалку 3 часа подоцна од времето на пристигнување на картата
Пример имаш карта Валенсија - Тирана
Поаѓање 23:45
Пристигање 04:45
Треба да стигнеш во Тирана најрано во 07:46 за да ти следи оштета (не да поминеш пасошка или слично него момент на слетување на авионот)
Обично на картата (а и кога гледаш да го купиш летот) времето на летот е 20-30 минути подолго од реалното. Пример знаат дека летот е од прилика 3:30-3:35 они ќе пишат 4 саати за да се заштитат
Технички он може да тргне и повеќе од 3 саати покасно и пак да стигне со помалку од 3 саати каснење (да ќе потроши малку повеќе гориво ама нема да ви плати оштета
)