Многу зависи од конфигурацијата на теренот. Колкави се препреките, висината на ресиверот и трансмитерот... Ќе мораш самиот да тестираш и испробуваш сетинзи, кабли и антени.
Оптимално решение за рутерот (да не го оптоваруваш и скратуваш животниот век) би било 100 mW. Се над ова (а поготово на 250 mW) не дава квалитетна врска како на помалите режими на зрачење. Со 100 mW, најдобро антенско решение би било 16 децибелска дирекционална антена. Уствари, најдобро би било 36 децибелска, ама кај да ја најдеш овде?
Ако одбериш друг режим на зрачење и друга антена, мора да земиш во предвид соодносот на јачина спореден со 1 миливат, па по тоа ќе се одлучиш за каква антена ќе прикачиш.
Најдобро бо било, доколку трансмитерот ти е на повисоко место (пример на зграда) и таму ја закачиш антената (но и рутерот мора да биде до нејзе, зошто ако има голем кабел измеѓу нема да успее) или евентуално на тераса. Сепак, со таква антена јас би ја ставил што подалеку.
Има многу наука во ова и не е така едноставно. Мој предлог би бил да пробаш со сегашниве сетинзи да видиш што и како ќе извадиш, но не верувам дека на максимално зрачење без оптичка видливост ќе извадиш повеќе од 150 метри (иако и ова е под знак прашалник). Со употребата на готова дирекционална антена за овие рутери (претходно испробана) со насочување на правец на зрачење можеби ако има добри теренски предиспозииции да ти успее експериментот. Најдобро за антена да се консултираш со радио аматери или други фини момци кои имаат искуство со слични работи и кои веќе имаат готови антени (сум видел доста огласи низ форуми за вакви преправки на истиве рутери, со додатно ладење и екстра антени).
Оваа страна има многу интересни работи за овие рутери. Го имаш најдобриот домашен рутер со најдобриот софтвер за него па експериментирај колку што мислиш дека можиш, ама внимавај да не го испржиш или да не го направиш цигла од 4000 денари. :kesa:
http://www.linksysinfo.org