10 дена поминати со windows phone
- Уклучување на телефонот, самото стартување на оперативниот е премногу брзо, се чека едвај и една минута далеку далеку побрз во стартување за разлика од ајфон или андроид, не е битно дали тие имаат 2 јадра 4 јадра или недај боже да споредувам со некој андроид телефон кој има само 1 гига херц.
- Home Screen, ми се допаѓа метро стилот! Зошто, едноствано уникатен е. Не е ни андроид ни iOs. Туку е точно измеѓу нив. Не е со икончина туку големи блокови на коцки кој се некој вид на вичети како кај андроидот. Ми се допаѓаат кога ќе го уклучам телефонот се ми е некако размрдано весело. Од временска прогноза, од хбох аватарот слики, се ми е некако размрдано. Секако тие одредени информации. (Неколку негативни работи на крај)
- Menu, менито е задниот дел од хоме кога влегуваш во мени, сите апликации се подредени по азбучен ред. Кога има ќе инсталираш повеќе апликации се појавуваат и букви и кога ќе кликнеш на нив да имаш побрза навигација.
- Multitasking сум рекол многу пати и ќе го кажам повторно. Windows Phone го има најубавиот мултитаскинг. (Кој нормално android со својата 4-та верзија го кради.) Значи кога држам на back button ги добивам последните 5 апликации кој сум ги отворил на многу убав и јасен начин. Знам точно каде сум бил, не ми излегува само едноставна икона.
Овај е начинот на кој сите телефони треба да го имаат мултитаскингот, ова е само мал дел каде епл може да учи и да го воведе во неговиот оперативен.
- Апликации, апликации ако мислите дека нема грешите и тоа многу. Апликации има и тоа над 80 000 ако не се веќе и 90 000 сега. Но глупавиот гоогле за инает не прави свои апликации за windows phone, нема гоогле мапс нема јутуб нема гоогле плус нема гталк ГООГЛЕ ГЛУП ЕДЕН ИМА НЕКОЈ КАКО МЕНЕ КОЈ ГИ КОРИСТИ ТВОИТЕ СЕРВИСИ И КОЈ ГИ САКА НА СВОЈОТ ТЕЛЕФОН. Како може мајкрософт да прави апликации за твојот оперативен, и за ios а ти да не правиш за неговиот. Очигледно некоја саката политика од гоогле која СТРАШНО МЕ НЕРВИРА. Ако некој од гоогле го чита ова поправете го одма, додека не сум се навикнал на bing search

Секако има куп апликации кој го прават сето ова но не се официјални (богами го прават подобро од официјалното, но сепак да споделам за себичноста на гоогле). Да си продолжам со апликациите, скоро сите апликации се во Метро стилот и се најубави од сите 3 оперативни. Скајпот, скајпот е богами една од најубавите апликации (види видео), но не само скајп ибеј, твитер, 4sq сите имаат метро стил и се најубави за око. Да ти е милина да скролаш меѓу нив.
Маркетот има се што јас користам, има некој големи апликации (viber, andgry birds space, instagram) кој ги нема на маркетот но верувам дека за многу брзо време ќе бидат тука.
Sydia за windows phone - Не такво нешто не постои. Иако ова е најголем и најбитен дел за нас Македонците тоа го нема. Но не значи дека неможете да инсталирате фрее апликации и игри. МОЖЕ и тоа просто и едноставно. (Исти принцип како и кај андроид што се инсталира) Се што правите е одите на гоогле пишите која апликација или игра ја сакате со наставка .xap и си ја префрлате во телефонот. (сепак има некој работи кој треба да се средат прет тоа, да се отклучи телефонот за да можете да ги префрлате игрите да не обајснувам за џабе кој има windows phone а не знае нека ми пиши порака) Root за windows phone може, добивате доста привелегии, една од нив е да инсталирате Bazaar маркет (маркет кој има апликации кој не се дозволени од страна на официјалниот маркет) тука има апликации за теми, за фолдер правење, тука ја има опера (која ја нема на маркетот) и такви интересни апликации кој ви дозволуваат да си го средите телефонот онака како што сакате.
- Windows Phone сепак е млад оперативен систем, кој сега за сега си ја врши одличо својата работа. Можам само да претпоставам колку ќе се подобрува со наредни апдејти (Windows Phone 8 ) кој треба да дојде оваа Есен. Стабилноста му е ПЕРФЕКТ значи НИ ЕДНАШ не сум видел да лагира, или да ми направи not working или да замрзне некоја апликација, или игра. Стабилноста му е 10+, кога се движам низ мениа, апликации оперативниов ЛИЗГА, убави анимации за око, се е брзо лета. Андроид треба да учи како се прави добар оптимизиран систем. (Кој не бара 4 јадра) да можеш да влезиш во мени без да сецка. Windows Phone има ограничување само за 1 јадро и е толку брз, што ли би правел со 4 јадрени процесори?
- Негативно - Иако ги обожавам иконите на хом скреен, и малце ме нервираат. Немам можност да ги средам како сакам во големина. Пример календарот ми фаќа 2 икони, а пораката ми е една. Сакам да можам пораките и емаилот да си ги направам да ми бидат поголеми, и да можам да го причитам емаилот или пораката без да влегувам во нив. Тоа сеуште го нема, но сум 100% сигурен дека наредниот апдејт тоа ќе биде една од првите опции.
Инсталација на апликации или игри од маркетот има едно нешто што страшно ме нервира. Значи кликам да се спушти апликацијата, и ми излегува од маркет и ме носи во мени да гледам до каде е инсталацијата. НЕСАКАМ, сакам тоа додека се спушта јас сеуште да сум во маркет и да пребарувам.
Тоа е тоа, за 10-дена неможам да кажам многу, но можам слободно да ви го препорачам (особено сега кога на ибеј и за 6000-10 000 денари има перфект телефони) нема да згрешите кој и да го земите дека windows phone искуството е потполно исто кај сите. Немора да го купите, доволно е да отидете во Вип, или во кој било наш оператор и да ги ѕирнете. Уверетесе дека стварно е брз, дека маркетот е полн дека метро стилот одговара на еден модерен мобилен оперативен систем.
Ако има некој некакви прашања, слободно ќе се потрудам да ги одговорам.