Дел од секој човек е најпрвин да ги наоѓа мааните а да ги запоставува предностите на нештата, луѓето, предметите и се што го опкружува.
После две недели како корисник на Windows phone забележав неколку недостатоци кои играат битна работа во работењето на телефонот (барем за мене). Најверојатно е до навиката на Андроид во претходниве години. Се работи за ситници ама сепак ме живцираат што се вика, па ке ги споделам тука, може за нешто има решение ама не сум знаел.
Број 1 - Нема Mark.
За оваа опција зборам за во именикот. Изгледа напорно ако треба да бришеш повеќе броеви одеднаш. Маката ја осетив кога ми ги импортираше сите што сум ги имал на мсн, уште истиот меил го користам па уште првите денови ми приреди не баш пријатно изненадување.
За кај сликите во ред си е, го имаат средено.
Број 2 - Главното мени
Ептен, ама ептен се изнервирав кога спуштив повеќе апликации и автоматски ми ги додаде сите букви од англиската азбука. Со тоа ми го зголеми целото мени за дополнителни 15-20 букви со кои почнува апликацијата. На сета мака не постои ни скрол место од страна за да не мораш да влегуваш во менито кај сите букви, па да избираш буква за да те префрли. Со скрол функција за бирање букви би било многу подобро средено.
Конкретно мислам за ова:
Важно: Доколку некој знае како да се тргнат буквите без притоа да се намали бројот на апликации одма да ме цитира!
Број 3 - Скрол во именикот.
И те како потребна опција која недостасува. Кај Андроид беше /(е) совршено средена. Не мора да влегуваш во посебно мени кај што стои целата азбука па да бираш буква, па ако тој што ти треба не е на почетокот ке треба повторно да скролаш. Губење време а богами и нерви за прилично едноставна работа која многу значи. Искрено се надевам дека ке ја има на новиот Windows 8.1.
Тие што користеле андроид точно знаат за што зборувам.
Поточно мислам на:
Број 4 - Апликација за менаџирање на интернет сообраќајот.
Во принцип ова и не би требало да биде “апликација“ туку да го има во склоп на самиот софтвер на телефонот. Сите андроиди после 2.3.5 Gingerbread ја имаа оваа опција, срамота ќе е ако ја изостават и во Windows 8.1.
Да биде иронијата уште поголема, не успеав да најдам апликација за истата работа ни во Store-от, можеби не знам, а можеби и нема.
Имав уште нешто ама моментално не ми текнува, ако ми текне ке дополнам.
Моментално вака изгледа мојот десктоп

:
Важно: Доколку некој од вас има или знае решение за моите “проблеми“ би го замолил да ме цитира и да ми помогне за истите.