Windows Phone 8 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
Ако си на него цело време спремисе и по 2 пати на ден да се полни. Не е тоа до видосот, толку е во просек :).

Кога ќе намалиш со чепкајне по системот и играње со телефонот, полнење навечер би било нешто стандарт.

E не може така.
Чепкав по гсмарена и види на што налетав
1938836_10152250965852206_1832309181_o.jpg

Првиот е T-mobile Move Balance а вториот е Самсунгот сеа што го имам.
Првиот има послаба батерија и поише издржуваше. Се сеќавам почетокот кога го земав, нон стоп Data enabled ми беше и траеше негде два дена, после 2-3 месеци ослабна ама сакам да ти кажам.
Изглеа виндовсот ја цица батеријата.
Иста јачина на батеријата има и Samsung S3 вредностите како Stand by и Talk time се подобри. :unsure:
 
  • Од сега натака производителите на телефони сами ќе бираат дали ќе имаат посебно "копче" за камерата.
  • Сите телефони ќе го добијат апдејтот 8.1
  • Facebook messenger доаѓа на windows phone
  • Има промени околу хардверот што го побарува сега мајкрософт (како примерот со копчетo), тоа значи дека очекувајте истите модели што фураат андроид, да фураат и wp.
  • Пријавени се уште 8 нови производители кој ќе прават windows phone телефони (слика)
MWC2014-287_575px_thumb1.jpg
 
Дел од секој човек е најпрвин да ги наоѓа мааните а да ги запоставува предностите на нештата, луѓето, предметите и се што го опкружува.
После две недели како корисник на Windows phone забележав неколку недостатоци кои играат битна работа во работењето на телефонот (барем за мене). Најверојатно е до навиката на Андроид во претходниве години. Се работи за ситници ама сепак ме живцираат што се вика, па ке ги споделам тука, може за нешто има решение ама не сум знаел.

Број 1 - Нема Mark.
За оваа опција зборам за во именикот. Изгледа напорно ако треба да бришеш повеќе броеви одеднаш. Маката ја осетив кога ми ги импортираше сите што сум ги имал на мсн, уште истиот меил го користам па уште првите денови ми приреди не баш пријатно изненадување.
За кај сликите во ред си е, го имаат средено.

Број 2 - Главното мени
Ептен, ама ептен се изнервирав кога спуштив повеќе апликации и автоматски ми ги додаде сите букви од англиската азбука. Со тоа ми го зголеми целото мени за дополнителни 15-20 букви со кои почнува апликацијата. На сета мака не постои ни скрол место од страна за да не мораш да влегуваш во менито кај сите букви, па да избираш буква за да те префрли. Со скрол функција за бирање букви би било многу подобро средено.
Конкретно мислам за ова:
image.jpg

Важно: Доколку некој знае како да се тргнат буквите без притоа да се намали бројот на апликации одма да ме цитира! :)

Број 3 - Скрол во именикот.
И те како потребна опција која недостасува. Кај Андроид беше /(е) совршено средена. Не мора да влегуваш во посебно мени кај што стои целата азбука па да бираш буква, па ако тој што ти треба не е на почетокот ке треба повторно да скролаш. Губење време а богами и нерви за прилично едноставна работа која многу значи. Искрено се надевам дека ке ја има на новиот Windows 8.1.
Тие што користеле андроид точно знаат за што зборувам.
Поточно мислам на:
image.jpg

Број 4 - Апликација за менаџирање на интернет сообраќајот.
Во принцип ова и не би требало да биде “апликација“ туку да го има во склоп на самиот софтвер на телефонот. Сите андроиди после 2.3.5 Gingerbread ја имаа оваа опција, срамота ќе е ако ја изостават и во Windows 8.1.
Да биде иронијата уште поголема, не успеав да најдам апликација за истата работа ни во Store-от, можеби не знам, а можеби и нема.

Имав уште нешто ама моментално не ми текнува, ако ми текне ке дополнам. :)

Моментално вака изгледа мојот десктоп :) :
image.jpg

Важно: Доколку некој од вас има или знае решение за моите “проблеми“ би го замолил да ме цитира и да ми помогне за истите.
 
1 - Во people кога ќе влезеш имаш да бираш дали да ти се појавуваат контактите тука од мсн.....
2 - Во 8.1 верзија доаѓа подобрување во тој поглед. Ќе можеш апликациите да ги подредиш по користеност.
3 - Скорл за именикот нема да има, ако има универзално пребарување преку search да се дојде најбрзо до контактот....
4 - На нокиа има data sense апликација сега, а за сите останати доаѓа со 8.1
 
Дечки јас се префрлив на Windows Phone, земав Лумиа 520.
Вака на прв поглед сум задоволен, интересно изгледа, добри опции, уште го чепкам, така да не сум му нашол некоја посериозна мана. Добро е тоа што читам позитивни критики, пред се за оперативниот систем.

Само малку батеријата ми е сумњива, некако не држи многу. Е сега, еднаш го полнев и на УСБ на компјутер, дали е и до тоа нешто?

Друго, каде можам да купам нова батерија ако се одлучам да ја сменам за појака и дали има ограничување на телефонот, да не се прегрее или нешто слично ако веќе ја менувам за појака?
 
Претпоставувам дека си нов и нормално е батеријата да е празна бидејки проучуваш, со нормално користење ден ипол до два дена ако не е пробиена во најлош случај, на ebay треба да има нови
Еве корисни совети за исклучување на непотребни опции
 
Дечки јас се префрлив на Windows Phone, земав Лумиа 520.
Вака на прв поглед сум задоволен, интересно изгледа, добри опции, уште го чепкам, така да не сум му нашол некоја посериозна мана. Добро е тоа што читам позитивни критики, пред се за оперативниот систем.

Само малку батеријата ми е сумњива, некако не држи многу. Е сега, еднаш го полнев и на УСБ на компјутер, дали е и до тоа нешто?

Друго, каде можам да купам нова батерија ако се одлучам да ја сменам за појака и дали има ограничување на телефонот, да не се прегрее или нешто слично ако веќе ја менувам за појака?
Полни ја на полнач а не на усб ... поспоро ја полни и помалку трае на усб
не ти треба нова батерија, појака од фабричката логично ќе биде и поголема па со поголем заден капак
а иста големина со плус 1000mAh тоа е лажги кинески
 
Една од новите функции на Windows Phone 8.1 ќе овозможува користење на слики како позадина, слики на почетниот екран.
Функцијата нема да е вклучена стандардно.
Прегледај го приврзокот 85591
http://www.windowsblogitalia.com/20...ondi-della-start-screen-di-windows-phone-8-1/

Вакво нешто правев во времето на wp7 со jailbrake. Изгледа одлично... баш убаво што доаѓа вакво нешто.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom