Windows 10

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.851
Поени од реакции
7.541
Microsoft ја скокна деветката, и го претстави Windows 10

Microsoft ја откри новата верзија на оперативниот систем, Windows 10, и веруваме дека сите, барем секунда помислија „што стана со деветката?“. Се чини дека Microsoft едноставно без некое образложени се одлучи да ја прескокне и да се префли директно на следниот број, Windows 10. Иако идејата за ова е можеби да се покаже дека итерациите на оперативниот систем се готови и овој пат станува збор за сосем нов оперативен систем.



„Windows 10 ќе работи на широк дијапазон производи. Специјално изработено искуство за декој уред. Ќе има еден универзален начин за пишување на апликаци, една продавница, еден начин на кој апликациите ќе бидат откриени купени и надградени на сите овие уреди“, вели Тери Маерс од Microsoft.

Идејата на Microsoft повторно останува иста, еден оперативен систем за низа производи: од телефони и таблет компјутери, па се до Xbox и десктоп, Microsoft најавува и уреди кои доаѓаат поврзани на „Интернет на нештата“ и нови сервери.



Според првите најави Windows 10 ќе биде големо извинување за десктоп корисниците за претходната верзија на оперативниот систем Windows 8. Една од работите која го пронајде патот назад во оперативниот систем е Start менито. Од осмицата остануваат „live tiles“ кој повторно доаѓаат со променлива големина, а истовремено овозможуваат и брз преглед на нотификациите кои доаѓаат од апликациите.

Insider program“ е веќе достапен од денес, што значи дека првата верзија за сите што не можат да издржат да го видат оперативниот систем е достапна. Сепак до конечната верзија на Windows 10 има уште околу половина година. Следната верзија за тестирање на Windows 10 ќе биде достапна на почеток на 2015 година, а финалната верзија се очекува напролет.
Teкстот е од it.com.mk
 

Attachments

Последно уредено:

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Не ја скокнаа деветката без образложение, на презентацијата кажаа дека хронолошки пологично им било да го именуваат како 10. Ваљда 8.1 го сметаат како 9.
Го пробав на виртуелна машина и одличен си е вака како за preview. Го нема веќе метро стартот кој немаше смисла на десктоп/лаптоп уреди без тач. Сега ако препознае уред со тач ќе понуди тач интерфејс, што е далеку пологично отколку со сила да ти бута пред нос тач интерфејс, а ти користиш тастатура и глушец.
 
Последно уредено:

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Сега ќе го инсталирам да видам како изгледа. Компјутерот не го користам баш па си викам одличен ќе биде за проба на 10ката :)
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Дизајнот е ист 8/8.1...
Затоа и не сум фан на новиве, се знае за ПЦ и за ЛТ идеален е 7цата, а за таблети и слични уреди кои што се на тач тогаш подобри би биле овие новиве, по прегледни се, ама неможам да ги сватам тие што инсталираат 8ца на ПЦ и на Лаптоп, погрдо нешто здравје.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Затоа и не сум фан на новиве, се знае за ПЦ и за ЛТ идеален е 7цата, а за таблети и слични уреди кои што се на тач тогаш подобри би биле овие новиве, по прегледни се, ама неможам да ги сватам тие што инсталираат 8ца на ПЦ и на Лаптоп, погрдо нешто здравје.
За метро стартот во 8/8.1 се сложувам, нема што да бара на десктоп/лаптоп уред, затоа сега во 10 целосно е тргнат. Но за десктоп делот не би се сложил дека е грд, напротив супер е. Практично десктоп делот е ист како кај 7 само што е флет и не е аеро транспарентен.
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Скокјана 9та ал барем 10ва ја мислам ќе им биде погодок напраија колку толку подобар систем за декстоп не како на 8та
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.851
Поени од реакции
7.541
Дали кога влегуваш во виндоусов се отвара како во 8мицата метро стартот или дирекно влегува на декстопот ?
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Мене и досега метро интерфејсот не ми претставуваше некој голем проблем. Има начини и програмки преку кои можеш да си наместиш дирекно на Десктоп да ти се вклучува наместо на Метро. Но сепак овој потег кај 10ката е одличен. Барем нема да те замара со глупости. Синоќа го пробав на виртуелна машина и мислам дека е одличен. Работи брзо, има некои подобрувања во дизајнот и новото Старт мени е супер. По мој вкус засега е добар, се надевам конечната верзија ќе биде уште подобра.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.851
Поени од реакции
7.541
На десктоп нема метро старт ;)
А нема и на стартот како на сликата погоре што ја објавив ?

Jaс кога прв пат излезе Window 8 ми се допадна затоа што има метро старт, ама после неколку месеци приметив дека не го користам премногу и дека тоа метро добро би било само за оние кој имаа тач скрин монитори или таблет .
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Дали кога влегуваш во виндоусов се отвара како во 8мицата метро стартот или дирекно влегува на декстопот ?
А нема и на стартот како на сликата погоре што ја објавив ?

Jaс кога прв пат излезе Window 8 ми се допадна затоа што има метро старт, ама после неколку месеци сватив дека и не го користам премногу и дека тоа метро добро би било само за оние кој имаа тач скрин монитори или таблет .
Директно на десктоп, воопшто нема метро старт скрин.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Според мене по грда работа од метро дизајнов не постои. Значи сериозно толку е лошо за окото (барем мое) што не можам да го трпам. Бев на 8.1 поради што бев принуден на некој начин да го користам поради драјвери за мојот лаптоп, али еве најдов решение да си ставам седмица и веднаш без да трепнам се вратив. Мислам дека од Windows долго време нема да видиме ништо подобро од Windows 7. Така беше и со XP, али ете, се надевам дека барем ќе биде 10кава боље од серијалот 8 што е ужас и некако недовршен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom