WIMBLEDON 2010 (21/06-04/07)

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Многу е јак дечково за ботови во првото коло:pipi: Нема потреба во ризик да се влегува...влегуваш правиш неколку брејка и излегуваш.
 
Надал денес лесно ќе оди, ама вчера што му беше на федерер е тоа не знам. Сепак во петтиот сет покажа дека била мала криза. Сакам финале како и секогаш, Федерер вс Надал и нормално Надал да тепа. :)
 
То Надал 3-0 лесна победа без замор ти треба,само на самодоверба да добиеш.Идемо даље кој е следен?Вамос Рафа!!!
 
Добро е. Победа си е побада, без многу маки, но сигурна и стрплива. Следен на листата ни е Haase, тој денеска го победи Blake со 3-0, ме изненади а очекував победа на Blake.

Не треба да има многу проблеми Надал и со сега овој Haase, само пак исто смирено и многу самодоверба!
VAMOS RAFAA !!
 
Најдобар старт од сите топ 10 носители имаше надал.Не беше баш лесно ама играше одлично и си ја заслужи победата.Родик Надал и Енди Мареј за сега со играта покажуваат дека сакаат да идат до крај на турниров другите нешто потешко им појде.Гледаме одличен Wimbledon годинава без сомнение.Лани фалеше многу Надал ама сега гледам дека е во одлична форма а и другите исто така да.....:tv:...
 
ЦЦЦ.. само по 1 меч на ден ли ќе дават овие бе?? :tapp:

Имаш и на српскиот Б92 Вимблдон, мислам дека они даваат повише мечеви дневно.
Моментално го има Троицки против Мелцер, води 2:0 :vozbud:
 
Коментаторот кажа дека и после 19 часот ќе пренесуваат тенис, а тоа значи дека ќе ги гледаме и Новак, а и Федерер.
Едниот ќе игра на централниот терен, а другиот на терен број 1...во исто време и двајцата :/
 
Што се случува на натпреварот Махут и Иснер????
 
Гледам на скај спортс 26 -26 во последниов сет ...Реков негледам убаво,станав од поблиску да видам ,пак неверував :)...Немогуче колку рекорди паднаја значи...
 
Одиме у трета рунда....:tv:...против Монфилс

Иначе видете го Иснер 27-27 е 5ти сет и Де Бакер 13-13 :vozbud:
 
Не му е првпат, еве го резултатот пред некоја недела поточно 15 јуни.

Mahut - Bogdanovic = 3:6;6:3;24:22

:tv:
 
390 минути :toe: Рушат рекорди
 
Ауф колку ми се сфиѓаше натпреваров...
Малку потешко издвојувана победа на Родик со 4:2 у сетови.
И повторно со својот сервис знаеше да се извади, да се спаси у многу ситуации.
Но, не беше за потценување ниту сервисот на Лодра, дури имаше и повеќе аса од Родик. Исто имаше и јаки ритрнови. Ауф :)
Мојов е премногу бавен, тромав е. Плус денес неколку пати се изгуби на мрежа. Заеба со неколку смеча...Доволно да те изнервира и уше повеке адреналин да ти се покачи :)
Оваа година и послабите пружат доста отпор, па затоа гледаме прекрасен тенис.
После 7 и 30 ке гледаме мечови во двојки.
Поздрав до следно видувањe...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom