Викиликс – НАТО сакал да ги заштити балтичките земји од Русија
Извор: Макфакс
Северо-атлантската воена алијанса изработила планови за заштита на трите балтички држави од закана од Русија, се истакнува во дипломатските преписки кои ги објави фамозната интернет страница Викиликс во вторникот, а ги објавува британски Гардијан.
Планот што НАТО го подготвил за Полска бил проширен на сите три балтички поранешни советски републики, Естонија, Латвија и Летонија, во кои има големо руско малцинство, откако тие самите побарале дополнителна заштита од Русија, стои во дипломатските депеши што ги објави британскиот весник.
Руско грузиската војна од 2008 г. кога се судрија Тбилиси и Москва која интервенирала, како што беше официјално објавено – да ги заштити правата на руското малцинство и правата на Осетијците од кои најмногу се со руско државјанство во автономната област на Грузија која прогласи отцепување, ги вознемири властите на Балтикот, се забележува од белешките во кои се додава дека и американските челници барале од нивните балтички колеги да останат смирени за да не ја разлутат Русија.
„Случувањата во Грузија ги засенија сите дотогашни случувања овде, што одамна не е забележано“, се истакнува во едно од писмата на американската амбасада во Рига што во вторникот го цитира Њујорк Тајмс, кој исто така има пристап до документите што Викиликс ги лиферуваше до неколку светски весници.
Латвицјите во тој период страхувале дека во случај на руска интервенција, ситуацијата во земјата ќе биде слична како и ситуацијата на Кавказ, стои во објавените дипломатски депеши.
Инаку, трите балтички држави влегоа во составот на НАТО во 2004. г.
Еве го и документот.......Проектот : EAGLE GUARDIAN
http://wikileaks.tard.is/cable/2009/12/09STATE127892.html