WIFI во Македонија : 95 или 9,5 %?

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Интересно ми беше кога прочитав дека Македонија ја има најголемата покриеност со WiFi мрежа во светот но ете бев во Македонија и си купив безжичен интернет за да го користам додека сум таму но имав еден ГОООООООООООЛЕМ проблем :

Каде тоа нашата ни насушна земја е 95 покриена со WiFi мрежа? Чудно : во центарот на Скопје, во центарот на Прилеп, Гевгелија и Кичево, врската беше заникаде т.е. некаде и ја немаше воопшто...

Има некој објаснување? :raz:
 
Најверојатно се мисли на Canopy.. пак е безжично, ама не е прав WiFi (2.4GHz) :)
 
Интересно ми беше кога прочитав дека Македонија ја има најголемата покриеност со WiFi мрежа во светот но ете бев во Македонија и си купив безжичен интернет за да го користам додека сум таму но имав еден ГОООООООООООЛЕМ проблем :
Прва грешка ти е што ти си се „информирал“ од странски новинар, кој мисли дека безжичниот интернет се вика „WiFi“ - а не си се информирал таму кај што си ја купил картичката. Македонија е речиси целосно покриена со безжичен интернет, ама со WiFi - јок.

WiFi-то работи на слободна фрекфенција (2.4gHz - патем истата фрекфенција која ја користат голем број уреди: телефони, микробранови печки...) и е практично невозможно да функционира без проблеми на отворени. Замислата на WiFi интернетот е да е користи во затворени простории (аеродроми, кафичи, училници, факултети...).
Каде тоа нашата ни насушна земја е 95 покриена со WiFi мрежа? Чудно : во центарот на Скопје, во центарот на Прилеп, Гевгелија и Кичево, врската беше заникаде т.е. некаде и ја немаше воопшто...

Има некој објаснување? :raz:
Покриен беше голем дел од Скопје од страна на Он.нет, ама сега слушам дека се укинува и тоа. Се укинува баш поради тоа што со WiFi не може да се гарантира квалитетен сервис поради интерференциите во сигналот кои СЕКОГАШ ќе се појавуваат (затоа што работи на 2.4gHz). „Валканиот“ етер го уби WiFi-то во Скопје. Секој втор интернет корисник дома има wireless router кој е пуштен да зрачи крвнички на најјако...

Значи, Македонија е (незнам колку %) покриена со безжичен интернет, а со WiFi... :toe:
 
Не знам на што се мисли ама работата е во тоа што е една ОГРОМНА лага што ја потврдува и следната реклама :

reclama-macedonia.jpg


А рекламава не е од странски агенции нели :wink:
 
Не е... Ама и нигде не пишува па дека цела Македонија е покриена со WiFi :wink:

Како WiFi country може да се мисли и на тоа што секој дома веќе си има WiFi мрежа :pos:

Како и да е, требало да пишат "Wireless internet country". :-)
 
Неам време ама ќе ти одговорам на што мислев : отвори ја страната на агенцијата за развој и прочитај внимателно - ќе видиш на што мислам.

Ако не - ќе ти постирам кога ќе се вратам :wink:
 
so wifi nema sansa da se pokrie edna drzava. aj neka gi pokrijat planinite
 
Каква цела држава,јас имав ВИ - ФИ до пред некое време и во сред Аеродром по 10 дена немав нет а кога врнеше па теоретски шанси немаше.А во Ново Лисиче воопшто немаше прием.
 
Оваа лага ја изваде Он.нет на времето кога го форсираше WiFi, и нормално повеќето загризаа на оваа зафрканција, која се појави и во Гардијан, нажалост.
 
„Валканиот“ етер го уби WiFi-то во Скопје. Секој втор интернет корисник дома има wireless router кој е пуштен да зрачи крвнички на најјако...

Овде морам да те корегирам - On.net го уби етерот (т.е уште го убива) ...
нејкам да се распавам но докази има мал милион ...
Ако мислите дека

Инаку се сложувам дека WIFI е сепак наменет за „локална“ употреба како што и самиот кажа ...

Проблемот технички настана што во одреден момент WADSL услугата ја поистоветија со WIFI ... што потоа предизвика забуни ...
 
Чекај тоа Ви-Фи функционира уопште освен на растојание од 30 метра од акцес поинт?
 
WADSL де : за тоа и зборев...
Сегде има покриеност за WADSL, веќе ако збориме за тоа... Ама некако не ми се верува дека си зборел за тоа, затоа што тој вид на интернет не се „купува“ за еден ден. :wink:
 
Жив и здрав - интернетот беше порачан уште од септември од брат ми кога и решив да доаѓам :wink:

А кога веќе не можеше да се искористи - го користевме кабловскиот кај мајка ми во фирма...

Али нема врска - како и да е, превара е. :star:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom