Темава е од којзнае кога, но читав нешто на нет, а неможам да го пробам дали работи така затоа што немам втор рутер...
ајде сеа прашањето следи:
два рутери, А и Б. А е конектиран на интернет, Б сакам да го поврзам на А. Ја имам следната конфигурација:
рутер А: опсег на DHCP 192.168.0.2 - 192.168.0.100 ; статична адреса за рутер Б 192.168.0.200
рутер Б: DHCP оневозможен , Wan static ip: 192.168.111.111 gateway 0.0.0.0 (ставам ип и gateway само затоа што неможе да остане празно) инаку wan портата нема воопшто да ја користам. LAN IP 192.168.0.200 255.255.255.255 - надвор од опсегот на адреси кои ги доделува рутер А.
Рутер А и Рутер Б се поврзани двата на LAN порти, WAN портата на рутер Б не ја користиме.
Дали во овој случај, wireless конекциите воспоставени на рутер Б, ке можат да земат динамичка адреса од dhcp pool на рутер А?