White sensation во Белград - 21.05.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.581
Поени од реакции
8.581
Веб-сајт
www.flickr.com
На 21 мај 2011 Sensation ќе дојде во Белград арена во Србија. Сензацијата ќе го донесе океанот од бело во Белград, ексклузивно за поранешните југословенски простори.

Продажба на билети
Онлајн продажба на билети започнува 21 Декември, 03:00 на Sensation.com. Продажба на билети на благајните на Белградската арена и продажните места во целиот регион ќе почне на 17 јануари 2011.

За сензација
Мешавина од највешти диџеи со воодушевувачки акробатски танчери, пиротехника и декор, Sensation еволуираше да стане спектакуларен настан од меѓународен карактер. Секоја година нова тема го поставува расположението за аудио-визуелен спектакл кој ќе почне во Амстердам пред да се пресели во други градови низ целиот свет. Тоа е фестивал на звук, во боја и светлина, кој е направен уште поимпресивен на око со цврсто утврдени правило - дека секој мора да носи бела боја. Ова правило постои уште од летото на 2000 година, а се одржа во духовниот дом Амстердам Арена. Сензација оттогаш ја доживеале над еден милион клаберите ширум светот, а настапиле широк спектар на диџеи.

Сензацијата ќе се одржи во 12 земји во светот во 2011 година, вклучувајќи го и Белград.

Белград им посакува добредојде на Sensation обожаватели од целиот регион, и остатокот од светот!

Официјалниот сајт.
 
Јако..Јако... дали ќе дочекам некој ден White sensation да дојде и у Скопје, на Филип 2 :)

 
Јако јако.само да се види line-up и ќе се прават планови дали да се иде или не.:smir:
 
Таман ќе си купиш бела гардероба за матура и со истот ќе идеш на Сензација :)

Ја пролетва ќе морам да ставам на кредитната нешто бело. Од бело имам само 1 шорц за баскет и неколку маички. Настанов не се пропушта иако некако не сум премногу по хаус музиката.
 
Таман ќе си купиш бела гардероба за матура и со истот ќе идеш на Сензација :)

Ја пролетва ќе морам да ставам на кредитната нешто бело. Од бело имам само 1 шорц за баскет и неколку маички. Настанов не се пропушта иако некако не сум премногу по хаус музиката.
Не е само хаус музика Tonchie.:smir:
 
Мене сето тоа ми звучи на хаус. Башка што само карта ќе чини 60 евра. Сега ќе си го едитирам и првиот пост. Цените, тука.

Јас се пишманив од одење на white sensation. За тие пари имам неколку андерграунд дешафки.
 
и јас се загреав да идам , и коа прочитав 60 евра карта... не ..
мислам дека е нелогично да биде 60 евра кога во дизелдорф за нова година најголемиот вајт сензејшн картата е 79 евра
 
White Sensation на времето беше ТРАНСерска журка, прогресив, јуро трансовајќи ко маале, сеа уфрлиле хаус, електро, поп... така да го напраија „певај брате цигане“. Aj ваљда ќе стигне и black sensation у Белград, каде шо се фура по хард музика... хард транс, хард техно, хардстајл итн. :)
 
Настанов со еден збор е составен од КОМЕРЦИЈАЛНА електронска музика. Порано, како што рече водка се фураше многу повеќе транс (од тој добриот), but things have changed...
А и Sensation Black веќе не е ништо посебно. Освен hardstyle (што и не е се рачуна за музика, туку за тетрис звуци), друго нема ништо асално...
 
Exit 2011 или White Sensation!?

Ќе мора да одлучам на слепо, ако го чекам првичнот лајн-ап за Егзит, ќе чекам до февруари, а тогаш ќе биде предоцна за White Sensation. :toe:
 
Па нема да ти биде предоцна за одлука. Картите за Сензација почнуваат со продажба на 17 јануари. Таман ќе имаш време да си размислиш :)
Сепак ЕКСИТ главните ѕверки ги најавува обично април/мај. Е тоа е веќе предоцна :)
 
Па нема да ти биде предоцна за одлука. Картите за Сензација почнуваат со продажба на 17 јануари. Таман ќе имаш време да си размислиш :)
Сепак ЕКСИТ главните ѕверки ги најавува обично април/мај. Е тоа е веќе предоцна :)

Минатата година Кемикалците ги најавија први, почеток на Февруари мислам дека беше, оттогаш бев уверен дека ќе идам милион посто. Се надевам и овој Февруари ќе ме убедат што порано за да си купам од најефтините пакети.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom