Сеа онака, ви ги читам на сите репликиве и си мислам, „Што по...?“
Јас кога бев мала сакав да бидам стујардеса. Зошто? Затоа што стујардесите беа слаби, високи, згодни, убави и фини.
Како може едно мало дете од 7-8 години да гледа во однесувањето на луѓето?
Како може едно мало дете од 7-8 години да знае какво сака да биде во карактер кога ќе порасне?
Па децата до 10 години не знаат што значат половина од зборовите што ги означуваат карактерните особини.
Малите деца се наивни и површни. Не мислат длабоко, онака како што возрасните размислуваат и ги разгледуваат работите.
Гледаат на надворешноста и на површноста. Ако некоја згодна млада 20 годишна девојка ти купи чоколатце (кое успат мајка ти ти го забранила пошо многу благо си изела дента), сакаш таа да ти биде мајка бидејќи таа поубаво изгледа од твојата мајка. Ама мало дете никогаш не би знаело да процени дали таа девојка му мисли добро исто како што му мисли неговата мајка.
И Магде, дефинирај дете, можеби сум во заблуда.
Прв болд: ти кога си била мала и си сакала да бидеш стјуардеса од наведените причини, веќе си увидела каков тип на жени успеваат во светов -> слаби, високи, згодни, убави и фини.
Само да потенцирам, не спомна паметни

Понатаму.
До 6-7 години, родителите и опкружувањето на децата ги воспитува како треба да се однесуваат.
На машките им велат дека не треба да плачат, тоа е за девојчиња, им купуваат одреден вид на играчки кои најчесто се колички, мечеви, пиштоли, војници итн.
Девојчињата ги облекуваат во розево, ги учат дека не смеат да пцијат, да се прљаат, треба да внимаваат на себе итн. затоа што се девојчиња, им купуваат барбики, играчки од типот на кујна, куќа, мали пластични садови, детски шминки и им велат дека се принцези.
Т.е веќе на таа возраст децата учат што треба да прават во животот за да бидат прифатени.
Децата на таа возраст се ко сунѓери, ништо не разбираат метафорично, гледаат се како што е. Имаат свој role model, најчесто мајка/татко, или брат/сестра/баба/дедо. Од нив ги собираат „мудростите“ и ги спроведуваат на нив начин.
Децата може не знаат пола од зборовите кои ние возрасните ги употребуваме, ама гледаат како се однесуваме и од нас учат. Ако некое дете увиди дека нечие однесување е наградувано и фалено, и оно ќе има тенденција така да се однесува. И дури и веднаш да не го покаже тоа однесување, ќе го има во главата дека коа ќе порасне ќе се однесува така...
И не мора да знае да го изговори зборот за да се оцени некое однесување. Можеби нема да знае да си помисли „кога ќе пораснам нема да бидам себичен“, ама ќе знае да си помисли „кога ќе пораснам нема да се однесувам ко Петар„ (петар е негово другарче кое се однесувале себично пошо е единствено дете по дома му

) Ќе си направи некоја асоцијација за некој вид на оснесување.
И за секое дете - неговата мајка е најубавата мајка на светот. Можеби ќе процени дека некоја жена/девојка е убава, ама никогаш нема да посака да таа да му биде мајка. Децата немаат предрасуди ко шо имаме ние. И не се толку површни колку шо си мислиш дека се. Ако прашаш некое дете зашто се однесува на одреден начин, оно точно ќе знае да ти каже. Нема да биде лицимерно, нема да те излаже за да не е повреди/навреди. За разлика од нас возрасните.
И да, децата не размислуваат длабоко, ама од друга страна, hell, ни ти не размислуваш длабоко со оглед на тоа дека се уште си во развој на критичко мислење и ќе ти требаат уше неколку години за тој процес да заврши.
Инаку, Стефан - гадхејтасол, одговори на темава и пиша нешо у стил дека не знае дали е океј и он да одговара да темава пошо уше е дете, така да...
Tеориски, дете си до 12 години, послем тоа си адолесцент...
