What would the child you once were - think of the adult you have become?

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Прво што ќе си помисли ќе биде how in fuck sake did I got this fat?
Потоа ќе се разочара од една работа, а тоа е наивноста, нешто што не беше "негова" одлика, туку сосем спротивно.
И за крај, ќе има една NotBadObama фаца за некои работи кон кои сум се стремел и сум ги остварил.
За понатаму ќе видиме.
 
Ќе се восхитува.:)

Никогаш не сум можела да речам дека имав безгрижно детство, дека розови пони летаа околу мене додека јас се лизгав на лизгалка од виножито и јадев лепреканско чоколадо. Кога се присетувам на детето кое бев, секогаш ми идат чувства на страв, неизвесност, неудобни чувства, во секој случај. Баш поради тоа што не бев некоја бесна глиста и што не сум имала прилики да кажувам како јас сакам, ами секогаш било така како што морало, се восхитував на луѓе кои беа способни со самата појава во една соба да остават впечаток.

Луѓе со свое јас, луѓе со смисла за хумор, добри луѓе, прави другари и несебични суштества. Харизматични, пред се.
Некој го има тоа, некој не.

Денес сум благодарна на сето тоа што животот ладно ми го сервирал од мали години. Прерано созреана, на моменти забегани емоции и мисли, секогаш одговорна. Ама битно можам да кажам дека станав тоа што од секогаш сум сакала да бидам. Добив некоја цврстина која не се добива од тепање на маало со другарчиња, туку од разни ситуации кои ниедно дете не треба да ги мине. Не сакам да бидам нарцис, но се надевам дека некако, на некој, му оставам впечаток, како што мене ми оставале разни луѓе како мала.

Мислам дека детето во мене не ми недостасува затоа што никогаш и не ни постоело. Секогаш бил возрасниот глас во мене. Това ти е. :)
 
Сеа онака, ви ги читам на сите репликиве и си мислам, „Што по...?“
Јас кога бев мала сакав да бидам стујардеса. Зошто? Затоа што стујардесите беа слаби, високи, згодни, убави и фини.
Како може едно мало дете од 7-8 години да гледа во однесувањето на луѓето?
Како може едно мало дете од 7-8 години да знае какво сака да биде во карактер кога ќе порасне?
Па децата до 10 години не знаат што значат половина од зборовите што ги означуваат карактерните особини.
Малите деца се наивни и површни. Не мислат длабоко, онака како што возрасните размислуваат и ги разгледуваат работите.
Гледаат на надворешноста и на површноста. Ако некоја згодна млада 20 годишна девојка ти купи чоколатце (кое успат мајка ти ти го забранила пошо многу благо си изела дента), сакаш таа да ти биде мајка бидејќи таа поубаво изгледа од твојата мајка. Ама мало дете никогаш не би знаело да процени дали таа девојка му мисли добро исто како што му мисли неговата мајка.

И Магде, дефинирај дете, можеби сум во заблуда.
 
Прв болд: ти кога си била мала и си сакала да бидеш стјуардеса од наведените причини, веќе си увидела каков тип на жени успеваат во светов -> слаби, високи, згодни, убави и фини.
Само да потенцирам, не спомна паметни :)
Понатаму.
До 6-7 години, родителите и опкружувањето на децата ги воспитува како треба да се однесуваат.
На машките им велат дека не треба да плачат, тоа е за девојчиња, им купуваат одреден вид на играчки кои најчесто се колички, мечеви, пиштоли, војници итн.
Девојчињата ги облекуваат во розево, ги учат дека не смеат да пцијат, да се прљаат, треба да внимаваат на себе итн. затоа што се девојчиња, им купуваат барбики, играчки од типот на кујна, куќа, мали пластични садови, детски шминки и им велат дека се принцези.
Т.е веќе на таа возраст децата учат што треба да прават во животот за да бидат прифатени.

Децата на таа возраст се ко сунѓери, ништо не разбираат метафорично, гледаат се како што е. Имаат свој role model, најчесто мајка/татко, или брат/сестра/баба/дедо. Од нив ги собираат „мудростите“ и ги спроведуваат на нив начин.
Децата може не знаат пола од зборовите кои ние возрасните ги употребуваме, ама гледаат како се однесуваме и од нас учат. Ако некое дете увиди дека нечие однесување е наградувано и фалено, и оно ќе има тенденција така да се однесува. И дури и веднаш да не го покаже тоа однесување, ќе го има во главата дека коа ќе порасне ќе се однесува така...
И не мора да знае да го изговори зборот за да се оцени некое однесување. Можеби нема да знае да си помисли „кога ќе пораснам нема да бидам себичен“, ама ќе знае да си помисли „кога ќе пораснам нема да се однесувам ко Петар„ (петар е негово другарче кое се однесувале себично пошо е единствено дете по дома му :)) Ќе си направи некоја асоцијација за некој вид на оснесување.

И за секое дете - неговата мајка е најубавата мајка на светот. Можеби ќе процени дека некоја жена/девојка е убава, ама никогаш нема да посака да таа да му биде мајка. Децата немаат предрасуди ко шо имаме ние. И не се толку површни колку шо си мислиш дека се. Ако прашаш некое дете зашто се однесува на одреден начин, оно точно ќе знае да ти каже. Нема да биде лицимерно, нема да те излаже за да не е повреди/навреди. За разлика од нас возрасните.

И да, децата не размислуваат длабоко, ама од друга страна, hell, ни ти не размислуваш длабоко со оглед на тоа дека се уште си во развој на критичко мислење и ќе ти требаат уше неколку години за тој процес да заврши.

Инаку, Стефан - гадхејтасол, одговори на темава и пиша нешо у стил дека не знае дали е океј и он да одговара да темава пошо уше е дете, така да...

Tеориски, дете си до 12 години, послем тоа си адолесцент...:)
 
Се пропушил беее...
јеп... едината работа шо ја мразев како мал :)
друго баш и неможам да се сетам :)
 
Јас знам една планета на која живее еден господин, целиот црвен. Тој никогаш не помиирисал убав цвет. Никогаш не погледнал во некоја ѕвезда. Никогаш не правел ништо друго освен што сметал. И цел ден повторувал како ти: "Јас сум сериозен човек!". Но, тој не беше човек. Беше една печурка.

Го изневерив детето во мене. Станав печурка :notworthy:
 
Прв болд: ти кога си била мала и си сакала да бидеш стјуардеса од наведените причини, веќе си увидела каков тип на жени успеваат во светов -> слаби, високи, згодни, убави и фини.

Само да потенцирам, не спомна паметни

Понатаму.

До 6-7 години, родителите и опкружувањето на децата ги воспитува како треба да се однесуваат.

На машките им велат дека не треба да плачат, тоа е за девојчиња, им купуваат одреден вид на играчки кои најчесто се колички, мечеви, пиштоли, војници итн.

Девојчињата ги облекуваат во розево, ги учат дека не смеат да пцијат, да се прљаат, треба да внимаваат на себе итн. затоа што се девојчиња, им купуваат барбики, играчки од типот на кујна, куќа, мали пластични садови, детски шминки и им велат дека се принцези.

Т.е веќе на таа возраст децата учат што треба да прават во животот за да бидат прифатени.

Децата на таа возраст се ко сунѓери, ништо не разбираат метафорично, гледаат се како што е. Имаат свој role model, најчесто мајка/татко, или брат/сестра/баба/дедо. Од нив ги собираат „мудростите“ и ги спроведуваат на нив начин.

Децата може не знаат пола од зборовите кои ние возрасните ги употребуваме, ама гледаат како се однесуваме и од нас учат. Ако некое дете увиди дека нечие однесување е наградувано и фалено, и оно ќе има тенденција така да се однесува. И дури и веднаш да не го покаже тоа однесување, ќе го има во главата дека коа ќе порасне ќе се однесува така...

И не мора да знае да го изговори зборот за да се оцени некое однесување. Можеби нема да знае да си помисли „кога ќе пораснам нема да бидам себичен“, ама ќе знае да си помисли „кога ќе пораснам нема да се однесувам ко Петар„ (петар е негово другарче кое се однесувале себично пошо е единствено дете по дома му ) Ќе си направи некоја асоцијација за некој вид на оснесување.

И за секое дете - неговата мајка е најубавата мајка на светот. Можеби ќе процени дека некоја жена/девојка е убава, ама никогаш нема да посака да таа да му биде мајка. Децата немаат предрасуди ко шо имаме ние. И не се толку површни колку шо си мислиш дека се. Ако прашаш некое дете зашто се однесува на одреден начин, оно точно ќе знае да ти каже. Нема да биде лицимерно, нема да те излаже за да не е повреди/навреди. За разлика од нас возрасните.

И да, децата не размислуваат длабоко, ама од друга страна, hell, ни ти не размислуваш длабоко со оглед на тоа дека се уште си во развој на критичко мислење и ќе ти требаат уше неколку години за тој процес да заврши.

Инаку, Стефан - гадхејтасол, одговори на темава и пиша нешо у стил дека не знае дали е океј и он да одговара да темава пошо уше е дете, така да...

Tеориски, дете си до 12 години, послем тоа си адолесцент...

Баш тоа што ти го викам за стујардесата. Не спомнав паметни. Како би знаела да го проценам карактерот на некоја личност ако не сум вична за тоа, ако уште сум дете? Децата не знаат да проценат некоја карактерна особина. Да, можат да проценат постапка, дали е тоа добро или лошо (од муабетите на нивните дома), ама тоа е тоа.
Ја коа сум била мала ама ни на крај памет не ми текнало да си речам: „Абе ја коа ќе пораснам нејќам да не му давам на другарчето едно коцкиче од чоколатцето, како што прави Петар.“. Знам дека Петар тоа што го направил не е добро, ама толку. Не е гаранција дека јас нема да го направам тоа утре ден.
И да, и послушните деца ги фалеле како се они послушни, како собата им е средена и се тоа, мене во живот не ми текнало заради тоа да си ја средам собата.
Или пошо некоја бубалица добила 5ка со сите бодови на математика тест и ја пофалиле, ради тоа да земам и јас да вежбам и да имам петка со сите бодови. I just...didn't care.
И не само ја, 90% од класот. „Матеа, петка со 100 бода“. Реакцијата на сите: „Лееееелеее пак ли? *facepalm*“ Никој друг не пробал да ја стигне и и него да го фалат. Им е гајле.
Тоа се дешава и сега. Ќе се дешава и на работа. Едноставно, на луѓето не им е гајле за другите и повеќето од нив не сакаат да бидат најдобри во се и да бидат фалени, сакаат само да си ја земат платата и од што мораат да одат 8 саата на работа.
Децата немаат предрасуди?!??! Возрасните имаат предрасуди, а не па децата. Ич не сум сакала некој изрод со 70 пирсови да ми се приближи, а неголи да седам со него на трева и да се гушкаме. Гледаш колку површно размислувам? Наивно?
Ај прашај некое дете од 8 годинки зошто иде у школо, дали ќе знае да ти одговори...

Ти го кажувам муабетов само пошо уште сум дете (нигде не реков дека не сум), како гледам на стварите и како ги проценувам. Не би знаела како без отварање да ти ја доловам мојата поента...
Затоа спомнав само...
 
Сеа онака, ви ги читам на сите репликиве и си мислам, „Што по...?“
Јас кога бев мала сакав да бидам стујардеса. Зошто? Затоа што стујардесите беа слаби, високи, згодни, убави и фини.
Како може едно мало дете од 7-8 години да гледа во однесувањето на луѓето?
Како може едно мало дете од 7-8 години да знае какво сака да биде во карактер кога ќе порасне?
Па децата до 10 години не знаат што значат половина од зборовите што ги означуваат карактерните особини.
Малите деца се наивни и површни. Не мислат длабоко, онака како што возрасните размислуваат и ги разгледуваат работите.
Гледаат на надворешноста и на површноста. Ако некоја згодна млада 20 годишна девојка ти купи чоколатце (кое успат мајка ти ти го забранила пошо многу благо си изела дента), сакаш таа да ти биде мајка бидејќи таа поубаво изгледа од твојата мајка. Ама мало дете никогаш не би знаело да процени дали таа девојка му мисли добро исто како што му мисли неговата мајка.

И Магде, дефинирај дете, можеби сум во заблуда.

Уште од мали децата се мета на идеологии и се константно бомбардирани со стилови и начини на живеење од страна на родителите, телевизијата... всушност целата околина.
Дури од тогаш, децата создаваат идоли на база на тоа што го гледаат да, но карактерите низ филмовите и книгите се такви што нивните внатрешни карактеристики
постојано се пропагираат низ нивните дела.
Во книгата, веднаш ќе познаеш каков бил Хари Потер, каков бил Волдеморт, каков бил овој-оној.
На база на она што го перцепираат во нивните омилени херои, децата размислуваат како ќе постапат во дадена ситуација,
и несвесно делуваат дали на body language, тонот и слично.
И се разбира децата пробуваат да ги имитираат нивните постапки, кои се екстензија на нивната персона.
На база на ова, децата уште од мала возраст почнуваат да ги размислуваат големите прашања на животот, бидејќи..нели, книгите сакаш-нејќеш те тераат да размислуваш.
Малите наивни и површни деца ќе пораснат во наивни и површни возрасни, иако никогаш нема да го признаат тоа, токму поради она што го спомна Магде, дека човекот најлесно акумулира знаење додека е во најрана возраст.
На 5-6 години веќе делумно се губи таа способност, и се што се случува е надградба на темелите.
 
Сеа онака, ви ги читам на сите репликиве и си мислам, „Што по...?“
Јас кога бев мала сакав да бидам стујардеса. Зошто? Затоа што стујардесите беа слаби, високи, згодни, убави и фини.
Како може едно мало дете од 7-8 години да гледа во однесувањето на луѓето?
Како може едно мало дете од 7-8 години да знае какво сака да биде во карактер кога ќе порасне?
Па децата до 10 години не знаат што значат половина од зборовите што ги означуваат карактерните особини.
Малите деца се наивни и површни. Не мислат длабоко, онака како што возрасните размислуваат и ги разгледуваат работите.
Гледаат на надворешноста и на површноста. Ако некоја згодна млада 20 годишна девојка ти купи чоколатце (кое успат мајка ти ти го забранила пошо многу благо си изела дента), сакаш таа да ти биде мајка бидејќи таа поубаво изгледа од твојата мајка. Ама мало дете никогаш не би знаело да процени дали таа девојка му мисли добро исто како што му мисли неговата мајка.

И Магде, дефинирај дете, можеби сум во заблуда.

Многу погрешно мислење за децата.
Не се површни ниту плитки.
Напротив, децата се наши мудри, искрени потомци. Чисти битија.
Какви ќе ги изградиме ние - од нас зависи.
Дали ќе бидат непослушни, невнимателни, лековрени, неучтиви, полни со предрасуди, погрешни вредности - од нас зависи.

Ти си сакала да бидеш убава, витка, слаба итн... зошто твојата околина те научила дека е тоа потребно, дека е тоа подобро.
Јас сакав да бидам ветеринарка, зошто татко ми ме учеше цел живот, од раѓање, да се грижам за бездомни животинки.
Ја познавав мојата прабаба, и гледав како мајка ми се грижи за неа, како и купува лекови, ја носи на доктор, разговара со неа иако таа зборуваше неповрзани работи. Од таму ми е љубовта према старите лица.

Детето не е површно, напротив, анализира се околу себе. Тоа што не перцепира на начин на кој перцепираат возрасните, не значи и дека не знае што се случува околу него.
Чувствата и впечатоците се работа за која не е неопходно познавање на термини и поими. Остануваат врежани во нас.

Примерот со чоколадцето - нормално е да ги посакуваш недозволените работи. Тоа го правиш и како возрасна, ако бидеме искрени. Гледаш дете на успешни родители, и ако твоите не се, посакуваш да беа. Гледаш девојка со дечко кој покрај тоа што вози мерцедес, извршен директор е во некоја фирма, сепак и обрнува многу внимание и е многу посветен на неа - и ти посакуваш таков еден.
Што не значи дека не си ги сакаш родителите иако не се толку успешни, или дечкото што вози југо.
 
Баш тоа што ти го викам за стујардесата. Не спомнав паметни. Како би знаела да го проценам карактерот на некоја личност ако не сум вична за тоа, ако уште сум дете? Децата не знаат да проценат некоја карактерна особина. Да, можат да проценат постапка, дали е тоа добро или лошо (од муабетите на нивните дома), ама тоа е тоа.

Ќе спознаеш дали некој е паметен или не на база на информациите кои си ги добила во врска дали некој е паметен или не.
Дури и денес, и за 10 години од сега, ти ќе судиш и ќе рассудуваш карактерни особини на база
на тоа што ти било кажано, на база на нечии туѓи прифаќања за тоа дали некој е паметен или не, на база на нешто што ти било
наметнато, најверојатно како дете.
 
Во петто одделение, на првиот класен час дојде една жена (која мене ми го промени животот), педагог, и во сите класови го поставуваше истото прашање, „Што сакате да бидете кога ќе пораснете?“ Сите девојчиња стануваа и почнуваа да рецитираат песничка, „Сакам да бидам докторка и мајка.“ „Сакам да бидам стујардеса и мајка.“ „Сакам да бидам само мајка.“
Како резултат на моето одгледување од страна на мајка ми (војник со диплома по Одбрана и заштита) јас станав и реков „Сакам да бидам девојката со црната акт ташна и штикли од 10 сантиметри, не сакам да бидам мајка.“
Единственото што се промени е дека ми се појави базичната желба за продолжување на потомството, така што, малечката јас би била многу горда на сегашната јас, во секое време прифаќам да избегнам неколку лоши одлуки, но, генералната идеја за мојот живот е идентична како онаа на 10 години.Никогаш немав желба да бидам светица или не дај Боже, стујардеса, пре би да бидам интелегентната цура во судница. :X3:
 
Бев секогаш пријателски настроен кон сите така да колку и да не си се свиѓам мислам дека ке одглумев пола саат добро однесување:pos: (тоа време мајка ми влијаеше многу на мене и Саше мораше да биде фин со сите без разлика дали му се свиѓало тоа или не).Не сум многу сигурен дека тоа и беше целта на мајка ми но усовршив една корисна вештина и сега ми успева да бидам фин со сите и воопшто да не ми е мака да ги прикријам вистинските чуства и мислења и да бидам фин.Не го корисам секогаш, и не е нешто за фалење но ми се наоѓа понекогаш како корисна алатка.Малиот би ми се наљутил на ова, се кладам.Очекувањата од малиот Саше беа големи секогаш.И тој беше многу радосен поради тоа.Едвај чекав да станам тој млад, фин и кулурен дечко :pos:(што сега ми стои над аватарот) и донекаде успеав во мисијата.Но од тоа време до сега се сменија многу работи па не сум сигурен дека ке добијам прелазна оцена кај малиот.Бев малечко ѓаволче а единственото нешто што од тогаш до сега се смени е тоа што пораснав.Останав ѓавол :D.Неможам да се променам зошто ми е убаво вака, но во тие мали детски очи сигурен сум дека ке видам многу разочарување.Паднав на сите тестови од кои се плашев.Верував во бог многу, и мислев дека тоа ке биде она што ке ме води низ животот.Се плашев да ја изгубам верабата во него и мислев дека нема да можам да функционирам без тоа во себе.Паднав на тој тест.Само што во моите очи тој тест го гледам како еден од поуспешните и како голема лична победа.Мислам дека малиот Саше во овој дел од разговорот би избегал и би се скрил некаде од мене.Кога би знаел какво е чуството кое го имам сега и колку исправно ми изгледаат работиве што ги правам мислам дека би се самоубил бидејки тоа му се чинеше тогаш толку погрешно тогаш.Ке си направел услуга.Но овој големиот Саше нема потреба да жали воопшто.Се наоѓа на добар пат, и покрај тоа што не стана тоа што сакаше некогаш, стана многу работи кои никогаш не ги замислувал дека може да посака да биде.Се пронајде во многу работи, стана по самоуврен, многу интересни работи произглегоа од тоа што мислам дека малиот би бил задоволен кога би ги слушнал.Сашко стана поискрен спрема себе си, но става маска кога ке искочи надвор од својата соба.Стана подружељубив, но стана по себичен.Стана поинтересен, но се почесто му здосадуваат работите.Порано имаше планови, сега има желби само.Порано остауваше цела вечер да учи за добра оцена у школо утре, сега останува цели вечери надвор некаде и скита а за утре планот му е да се наспие добро само.Мислев дека ке станам по организирана личност, по внимателна, мислев дека ке бидам добар човек.Не станав таков човек.Сега правам да изгледам по организирано и по внимателно.Но реално организација ми е стран поим сеуште.Станав човек кој неможе да се замисли ни една година нанапред во иднината.Ке бидам ужаш во очите на тоа мало дете, и не би биле пријатели.
 
Сакав да можам да замижам пред проблемите, да не мислам на нив.Сакав кога ке пораснам да бидам способен да го гледам светот од неговата розева страна.За жал, ништо од тоа не се случи, напротив се случи она од што најмногу се плашев.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom