What would the child you once were - think of the adult you have become?

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Детето во мене остана среќа не дозволив да го утепам како што бев порано и сега до некаде сум ист.Уште сум си бунтовник и си возам по мојот пат.
 
Ке се разминеме низ улица и нема да ме препознае.Cruel world.
 
Не знам што би рекло тоа дете, ама јас малку обратно би ја поставила темава и би му рекла на детето да не се плаши. Некако цел живот не научив да барам помош, а се плашев.
 
Никогаш не сум го живеел животот со филозофијата “јас кога ќе пораснам ќе бидам незнамшо“... сите се смееја кога со брачедми како деца викавме дека ќе бидиме ѓубреџии. Тоа ни беше најинтересно во тоа време :), па денеска тој е музичар, јас сум информатичар. Шо би рекол 10 годишниот за сегашниот? Во глобала ништо посебно не е сменето, движењето по патот засега е одлично.

И денес, не гледам далеку во иднината, иако си имам зацртани цели кои постепено си ги остварувам.
 
Малце луѓе ја погодија темава.
Малиот Јас би бил збунет од сегашниот јас, никогаш не сум се надевал дека ваков ќе бидам. Малиот Јас се плаши од некои одредени ставови кои ги имам, и ги мрази некои одредени дејствиа што ги правам, но зголемената самоувереност, кругот на пријатели, зголеменото ниво на свест и одредени разбирања би го надокнадиле тоа.
А да, и би бил разочаран од моето познавање на компјутерската технологија, многу тупкам у место.
 
Не можам да замислам како би гледал на себе имајќи во предвид дека како мал не размислував за тоа кој и каков сакам да бидам. Знам со сигурност дека би се разочарал себеси на 16 години, периодот кога се проектирав како 23-годишник кој штотуку завршил филмска школа и се подготвува со брод да тргне на the magical quest to discover the lost jewel that is Lemuria. :)
А на малиот јас, на седум-осум годишниот јас, би му дал совет. Нешто кое знам дека не му се потенцирало доволно се додека не направи катастрофална грешка. А такви, малиот ќе направи многу.
Да се бори. Да се бори до смрт за тоа што го сака. Да не се откажува од работите кои го прават среќен и да не се труди да ги пакува неговите порази во оклоп на чудовишна квази-логика во која тој е, и покрај се', победник. Да си даде шанса да делува вон логиката на неговото воспитување, оти во спротивно, на 23 години, животот ќе му биде зацртан, а тој, заедно со неговиот потенцијал(колку и да е скромен) ќе се вози во најлуксузниот автомобил, управуван од некој друг. And he will never become...well, himself.
 
Детето што бев веројатно ќе ме мрази од дното на душата. Бидејки кога бев мала кога и да се спомнеше хомосексуалноста беа упатувани најразлични навреди. Тогаш не бев свесна за ништо, а сега сум една од нив.

Во друг поглед, не знам. Ја имам задржано смислата за хумор и позитивноста, тоа на детето многу би му се допаднало.
 
ДА СЕ РАЗБЕРЕМЕ ПАТИКИ НЕ СЕ СИТНИЦА.Освен ако не си андерграунд фраерка или некој доста ХЦ тип што фура патики од 500 денари.Денеска се замараат за патики некој стеретип навлезе во општествово пичку матер !...Патики се од 200 евра нагоре.. а тоа не е ситница .. денеска се замараме дали од виена ќе носиме адидас и како овдешните адидас биле изгазени лелел мори мајко ужас биле патиките во Македонија срање сме биле сме немале ни рок музика ни ништо ... сами себе се газиме а иаме талентирани деца и момци а се замараме за адидас..Секоја чест до девојките и машките што си фураат стандард патики од Х брендови .. и нешто како конверс..али и тие им ја качија цената .. порано да излезеш во конверс беше идиот и клошар и беа познати како „патики за физичко“.. ..... неам коментар.. патика не е ситница.. толку само ќе кажам .. иаме некој затворен ум само нешто може како инекција како дрога да не дрогираат цело општество .. ЗАШТО ДА НОСАМ НЕШТО ШТО ЗНАМ ДЕКА ЦЕЛ ГРАД ГО ПОСЕДУВА ?!.. ЗАШТО ДА ПУШАМ ЏОИНТ КОГА ГЛЕДАМ ДЕКА ЦЕЛ ГРАД ГО ПРАЈ ТОА ?!?! ЗАШО ДА БИДАМ ПЕДЕР АКО ГЛЕДАМ ДЕКА ЦЕЛО СКОПЈЕ СЕ ПЕДЕРИ ?! ЗАШО АДРОИД ДА ИАМ АКО ГЛЕДАМ ДЕКА СЕКОЈ ГО ИМА ?!..
ќе носам секад со мене нешто што никој го нема
Матер му ебам пред 4 месеца ги сменив патиките од полуматура втора година сум сега па ти види ! и пак иам женски .. и пак иам екипа .. А НЕАМ АДИДАС ?! еј мајката како тоа ?!?!? еве што носам !
-мобилен Alcatel 0T808 -500 денари.
-патики ABC некој икс бренд од битпазар 1500денари.
-тренерки Diamond 2000денари
.. и не се жалам се сакам што сум ХЦ и секад ќе бидам !
 
Имам awesomeнаес години, сеуште сум дете, така што мојот збор на темава и нема некоја тежина.
Сепак, мислам дека малиот Стефан би бил многу горд на овој денешен Стефан. Излегов подобро од очекувањето и сум навистина горд на она што сум го постигнал до сега.
Но моето време допрва доаѓа, и се прашувам, што ќе каже овој Стефан за Стефан на 10 години од денес.
Искрено се надевам дека нема да го разочарам и ќе му исполнам поголем дел од очекувањата и амбициите (:
 
Да имам 5 годинки и да го запознаам Бобо кој има 20 години, ќе трчкав по него насекаде. Ќе бев многу среќен и радосен што познавам некој таков:)
 
Во глобала, си останав на моите детски замислувања. Посакував свет каде што сите ќе кажуваат секому добар ден, каде што некој ќе и ја придржи торбата на бабичката додека се качува во автобус, свет во кој што ќе ги галиме и уличните кучиња...
Нормално, кога бев дете, бабите ме караа мои - не кажувај секому добар ден, не се сите луѓе добри, не зборувај со сите старци, не гали кучиња, шуга ќе фатиш...
Ама денес пак сум си истата, и среќна сум многу поради тоа :) Детето во мене е задоволно :)
 
детето е тука уште, детето е силно.. прашајте го него директно, не мене, ќе се навреди инаку :)))
 
Уште ми е рано за да кажам што би кажало детето пред неколку години за човекот кој сум денес.
Знам дека никогаш се немам замислувано каков ќе бидам на 19 години и што ќе правам во животот, но знам само дека одам кон реализацијата да бидам некако поврзан со природни науки :)
Се надевам дека нема да го разочарам шест годишниот Гладиус :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom