What would the child you once were - think of the adult you have become?

К

Кики.

Гостин
Детето кое некогаш беше среќно, весело и безгрижно се претвори во девојка која поголем дел од животот е тажна, премногу размислува на последиците од нејзините потези и има проблем со трема и паника. Е тоа дете да ме види денес, толку ќе се разочара што никогаш нема да сака да зборува со мене.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Што би помислил ..

Hey future Endo. You did one hell of a job my lad, keep up the good work. And one more thing .. You're even more awesome now !! ;)
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.380
Поени од реакции
4.934
Сосема различен, малиот јас би се разочарал..
Каде ми заминаа сништата да напишам книга ? Да бидам одличен ученик ? Да не пушам,пијам,се дрогирам..
Она мирно детенце кое не се замараше за никој друг освен за себе самиот. Оној кој немаше ни грам на љубомора во своето срце. Она добро детенце на кое јаизиците му беа опсесија. Каде сум ? Љубовта кон клубот каде ми е ? Спортот ? Не сакав, а бев сакан..
Не ме болеше кога грбот беше свртен, не ме интересираше ништо освен самиот себе. Си го возев мојот филм, никогаш не подпаѓав под туѓо влијание, секогаш скромен. Детето што му беше срам да ги облече новите патики, зошто сите ќе му посакуваа со среќа да ги носи. Кога знаев за вредностите на животот, кога јас ги бирав моите другари и бирав правилно. Кога немаше ништо од корист, кога бев безгрижен.. Кога бев мирен на час, кога ми беа доволни и 20 денари за на школо. Ми фали концентрацијата и интелигенцијата што ја имав. Ми фали она кога ќе ветев нешто и ќе го исполнев, бев дете од збор. Но ме уништи околината и луѓето околу мене.
Шозбораш бе море.. Истиот си синка, само евоулира. Сега сите тие работи преминаа во многу потешки и покомплицирани али ти остана да ја водиш онаа правилна страна, каде никој не смее да ти застани на патот и го знаеш вистинското значење на животот. Се разбира до некаде. Ти ја обожавам смислата на филозофирање за нештата и до се какви имаш заклучоци дојдено. Пороци пффф, кој не ги пробал. Имаш добра карма малио, никој неможи да те турни од патот, па ни ти самиот. Го знаеш тоа многу добро, си пробал, си видел.. Ќе останеш ХЦ до крај на животот, доказ е вечерва. Не си совршен помири се со поразите и извлечи поука и се ќе биди во ред. Нели се договориме да прифаќаме сечие мислење ? па од таму ќе го најдиме и нашиот заклучок. Ако не успееш ќе ме боли каков човек ќе пропадни. И нека не те турка никој, сам си се борел секогаш во животот и никогаш не си жалел, зошто глумеше ?? Сеуште си тој мал човек со повеќе решенија и одговор на се. Сега знаеш повеќе, поискусен си и се разбира попаметен. Сите се заљубваме, но не дозволувај таа да те уништи, играј паметно. Уште една лекција, оцена 5.. Одиме понатаму и посилно. Време е да рушиме се пред себе, но почит кон секого. Горд сум на тебе човеку и на твоите дома. Заедно сте изградиле индивидуа која сака да истражува и не се откажува од зацртаното. Ти си тој со талентот, зачувај го. Ете сме по 3 месеци пак заедно. Издржи и биди гнаса.
:нинџ:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom