What would the child you once were - think of the adult you have become?

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Што би рекол 10ниот Јас за сегашниот?
Ова више му доаѓа као самоанализа или пак нешто као “до кај сте со животот“. Познавајќи се себеси доста добро, би рекол вака: Чоек, превише си коркач, земи малку акни ризик, не се праи на пензионер. Не дека и тогаш бев ама сеа некако до пред година дена све идев на сигурно, со прашањата „дали се ќе биде во ред“ и слично. Едноставно превише се замарав. Ама запознавајќи еден тон личности, некои кои ме натераа да не мислам многу продуктот на моите постапки кон нив туку за тоа која е границата на човековата трпеливост, ме натера малку повеќе да го прифаќам ризикот. Барем до толку да не седам скриен во школката.
Е сеа, 10 годишниот јас како разумно копиле би рекол истотака дека сегашниот јасмалку помалку го вклучува разумот на дадени ситуации но притоа 10 годипниот јас ги нема читано книгите за Робинзон Крусо и Странецот и така да ја нема сфатено филозофијата на егзистенционализмот.
Со други зборови, во дадена ситуација ќе изреагираш сигурно глупо и све, ама тоа не те прави чудовиште. Едноставно, таков човек си, со тие карактеристики. И тоа треба да го прифатиш.
 
Малиот Дарки, седи у соба и си ветува - Никогаш нема да пушам цигари и да пијам алкохол.
Сега големиот Дарки - тоа го прави.

Секако би бил разочаран од тоа што сум во тој дел али би бил и среќен зашто се имам променето на подобро и самодовербата е присутна за разлика од тогаш.
 
Помал мислев дека само јас грешам, само јас лажам, само јас крадам, само јас поминувам семафор на црвено. Но со текот на животот сватив дека не сум бил сам, па затоа станав единствен и спротивен од мислите на детството.
 
А бе супер сум еј.
 
Детето што некогаш бев би ми рекло:
1.Нели немаше да се замараш што ќе правиш утре туку ќе го искористеше максимално денешниов ден?
2.Зарем почна да внимаваш вистината да не го навреди другиот? Па нели беше најбитно да си кажеш се што мислиш?
3.Од кога почна да си злопамтило па ако денес ти згреши другарот/другарката да му го памтиш тоа и никогаш да не биде ништо исто меѓу вас? Што се случи со:смир смир смир,до година мир,АКО СЕ СКАРАМЕ ПАК КЕ СЕ СМИРИМЕ,смир,смир,смир?
4.Од кога пиењето кафе во некој кафич е поинтересно од играње жмурка низ улици?
 
Бев мал гениј како копиљ,сега на моменти делувам ко пропалитет.На 5 години веќе читав и пишував и на кирилица и на латиница,англиски разбирав.Кога бев мал цело време читав некои енциклопедии,книгите ми беа поинтересни,сакав да гледам документарци,ме интересираа вселената и коли и мислев дека никогаш нема да ми здосади играњето на компјутер.Сега израснав во тип што кога како иде на предавања на факс,кој во средно книга слабо фаќаше,некој што пие алкохол,што пушел мара,што веќе не игра игри на пц,што има прилично досаден живот,некој што не ризикува,некој што пола од времето го поминува или на интеренет губејќи време или дремејќи,некој што стана огромен спортски фанатик,некој што лесно се разочарува,хипохондар,тешок мрзливец........ Мислам дека детето не би сакало да биде премногу тоа што сум сега.
Како дете бев доста зборлест,а и сега знам да направам муабет.Сеуште доста често си фантазирам и си правам филмчиња во главата како кога бев мал,сеуште знам самиот да си се знанимавам.Само тоа ми остана................уствари и големиот апетит ми е сеуште присутен.
 
Бев и сеуште сум гениј и затоа (фала му на премиеро) сеуште не сум в зандана.
 
Малечкиот Антоанито веројатно ќе се разочара кога ќе види дека сеуште не се возам во вистинско пожарникарско камионче.

Всушност, и поголемкиот Антоанито е разочаран од истово...

:unsure:
 
Можеби ако се погледнам себе си сега во моментов од таа призма би си рекол во себе: „Еј, овој е многу тешка пицајзла за некои работи и сигурно е лош човек“, но не е се така како што изгледа нели на прв поглед.Секое зошто има и затоа.Подобро ми е вака, за тоа постои тој процес на созревање каде ти го поминуваш и оформуваш свој карактер учејќи од своите грешки.Интересно на прв поглед, но на втор нема потреба од такви преоптеретувања за тоа како јас би гледал на самиот себе во моментов од призмата на истиот јас кога сум имал 5 годинки.Реков и зошто, како мали светот ни е розов.Кога ќе излеземе од тоа „стаклено ѕвоно“ се запознаваме и со работи кои никогаш и не сме можеле да ги замислиме најчесто на тие години поради безгрижното детство што сме го воделе.......Што значи не фала, али вака е подобро.
 
Детето што некогаш бев би било гордо на ваква личност во која пораснав, меѓутоа возрасниот во мене, ме гази за сите детски постапки и желби.
 
Истата сум од секогаш, на ист начин размислувам, постапувам и се однесувам, само сега се повеќе и повеќе луѓе што ме опкружуваат стапуваат во чекор со мене.. Како помала бев, грубо кажано, чекор напред и ретко кој застануваше до мене. Децата што не мислат outside the box, знаат да бидат груби кон различните од нив. Како што растат, можда не стануваат попаметни, ама барем созреваат. Работи што порано им биле глупави и досадни, сега повеќе ги интересираат, и кога им треба помош за нешто, одат право кај тој што веќе го знае тоа, you get the idea.

(сеа си викаш, оваа некоја муфла дигната, мисли богзнае шо е)

Ама гајле ми е, кој ме знае, си знае.
Истото дете сум :)
 
Сосема различен, малиот јас би се разочарал..
Каде ми заминаа сништата да напишам книга ? Да бидам одличен ученик ? Да не пушам,пијам,се дрогирам..
Она мирно детенце кое не се замараше за никој друг освен за себе самиот. Оној кој немаше ни грам на љубомора во своето срце. Она добро детенце на кое јаизиците му беа опсесија. Каде сум ? Љубовта кон клубот каде ми е ? Спортот ? Не сакав, а бев сакан..
Не ме болеше кога грбот беше свртен, не ме интересираше ништо освен самиот себе. Си го возев мојот филм, никогаш не подпаѓав под туѓо влијание, секогаш скромен. Детето што му беше срам да ги облече новите патики, зошто сите ќе му посакуваа со среќа да ги носи. Кога знаев за вредностите на животот, кога јас ги бирав моите другари и бирав правилно. Кога немаше ништо од корист, кога бев безгрижен.. Кога бев мирен на час, кога ми беа доволни и 20 денари за на школо. Ми фали концентрацијата и интелигенцијата што ја имав. Ми фали она кога ќе ветев нешто и ќе го исполнев, бев дете од збор. Но ме уништи околината и луѓето околу мене.
 
Мini me, about Big Me, would say -хаотично, саркастично, големо дете, кое горе-долу си ги остварила своите детски замисли и гарант би била зачудена од висината на штиклите кои ги носам:)
Overall, сметам дека станав добар grownup иако и сама уште не се осеќам за grownup.
 
Иста сум скроз...тоа што го сакав ко мала уште го сакам и тежнеам кон тоа. Истите работи од А до Ш и најверојатно детето што некогаш бев, да ме види сега нема да се разочара од мене, можда малку ќе се нервира со мене ама тоа е :D
 
Па не мислам дека детето би се разочарало....сменета сум само во размислувања, многу јасно, но во карактер сум си уште дете
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom