Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.

со срека нека ви е на сите по домаВо куќата, втора година по ред.
ајде нака ти тргнеКај мене после долго време.
Ај па можеби ќе ми тргне годинава.![]()
Јас ниту можам ниту имам право да им забранам или дозволам нешто на моите родители што тие си го прифатиле како семејна традиција. НО, како христијанин и верник имам право да одберам дали ќе учествувам и продолжам традицијата. Бадник и Божиќ заедно со Велигден се најголемите христијански празници, поголеми од нив нема ! Заради тоа мене ми е многу битно овие наши најголеми празници да бидат целосно прославени во духот на христијанството. За помали празници можеби би замижил, во име на традицијата и семејството. Премногу ми се свети за на овој свет ден бидам дел од некои "нехристијански обичаи".Колку прекрасно.. Твоите се мачеле да ја спремат вечерата и ти, да не кажам „мочко“, ќе им ја расипеш.
Јас сум атеист, и моите го знаат тоа. Но, знаејќи дека е традиција кај нас да се крши паричка денес, нема да мрчам и да се лутам дека не е христијански или дека не е атеистички. Како прво кршењето нема врска со верувањето и не верувањето во нешто. Има врска со традицијата што се задржува во еден дом. Таа традиција ја поставуваат родителите, ти Коле кога ќе имаш фамилија не крши паричка.
За мене е најважно да се собереме фамилијарно и да вечераме, секој ќе си ја најде причината зошто го правиме тоа.
п.с. За саат време ќе се дознае што како, само малце се плашам, ако е во мене паричката ќе морам да се мажам.![]()


Имала среќа.плукаат тука владици,попови,празници...а утре истите тие ќе ги видиш застанати во први борбени редови се тепаат за да запалат свеќа во црква,мислам нема место за коментар тука.

па на оваа тема ли најдовте да се карате? па дај малку пуштете го срцето, Божиќ е. насмевнете се, прославете со најблиските, напиете се винце, јадете додека не ви пунке стомакот........