Вртевме, вртевме... кај кого се падна паричката?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
кај брат ми се падна со срека нека му е ( втора година по ред)
--- надополнето: 6 јануари 2013 во 22:57 ---
Во куќата, втора година по ред.
со срека нека ви е на сите по дома
--- надополнето: 6 јануари 2013 во 22:58 ---
Кај мене после долго време.
Ај па можеби ќе ми тргне годинава.:D
ајде нака ти тргне
со срека
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Колку прекрасно.. Твоите се мачеле да ја спремат вечерата и ти, да не кажам „мочко“, ќе им ја расипеш. :)
Јас сум атеист, и моите го знаат тоа. Но, знаејќи дека е традиција кај нас да се крши паричка денес, нема да мрчам и да се лутам дека не е христијански или дека не е атеистички. Како прво кршењето нема врска со верувањето и не верувањето во нешто. Има врска со традицијата што се задржува во еден дом. Таа традиција ја поставуваат родителите, ти Коле кога ќе имаш фамилија не крши паричка.
За мене е најважно да се собереме фамилијарно и да вечераме, секој ќе си ја најде причината зошто го правиме тоа.
п.с. За саат време ќе се дознае што како, само малце се плашам, ако е во мене паричката ќе морам да се мажам. :D
Јас ниту можам ниту имам право да им забранам или дозволам нешто на моите родители што тие си го прифатиле како семејна традиција. НО, како христијанин и верник имам право да одберам дали ќе учествувам и продолжам традицијата. Бадник и Божиќ заедно со Велигден се најголемите христијански празници, поголеми од нив нема ! Заради тоа мене ми е многу битно овие наши најголеми празници да бидат целосно прославени во духот на христијанството. За помали празници можеби би замижил, во име на традицијата и семејството. Премногу ми се свети за на овој свет ден бидам дел од некои "нехристијански обичаи".

Барем јас тоа така го разбирам. Моите тоа го знаат и се потполно свесни. ме изненади што вечерва немаше лутење од нивна страна. Знаеме дека е така како што ти велиш, меѓутоа јас и татко ти сме луѓе во години кои што неможеш туку така да ги одвикнеш од работи на кои што биле цел живот научени да ги прават, утре кога ќе се ожениш ќе бидеш домаќин и свој човек твое е да одлучиш што ќе правиш- тоа е нивниот одговор.

Како што и некој претходно спомна , тебе како атеист ти е многу лесно да правиш секакви отстапки и измени, мене не ми е . Сакам за некои работи да биде онака како што верата налага, да биде онака како што треба да биде. Барем на овие најсветли празници.

пс Ајде и јас да се пофалам паричката кај мајка ми се падна. Чудно, она ни е член на семејството на кој што највеќе до сега парички за Бадник му се паднале. :)
 
Член од
28 јули 2012
Мислења
106
Поени од реакции
62
Ако е нехристијански да се крши лепче на денешен ден,зошто тогаш го прават тоа денес а и години години наназад ?
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
плукаат тука владици,попови,празници...а утре истите тие ќе ги видиш застанати во први борбени редови се тепаат за да запалат свеќа во црква,мислам нема место за коментар тука.
Не ги ставај сите во ист кош, јас сум верник, ама во црква не одам, а попови презирам.

Инаку, паричката се падна дома, нека ни е со среќа:)
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
луѓе ај малку опуштете се........читам коментари и не можам да поверувам што пишувате :unsure: па на оваа тема ли најдовте да се карате? па дај малку пуштете го срцето, Божиќ е. насмевнете се, прославете со најблиските, напиете се винце, јадете додека не ви пунке стомакот........
тие сега најдоа да се караат, на волку убава вечер
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom