До лани немав искуство со постар, секогаш границата ми беше две,три па и шест години разлика. Лани си фатив дечко кој е не помалку ни повеќе туку 18 години постар од мене. Но морам да кажам дека такво внимание,љубов,подршка,смеа,убави моменти...Немам никогаш доживеано како со него. Од почетокот беше за сите еден шок, но со времето се навикнаа и не ме осудуваат веќе бидејќи видоа дека се работи за вистинска љубов. Ете на 2 Јуни ќе бидеме 7 месеци заедно. Се надевам се ќе биди добро и ќе се земеме.
Ги имам слушано мислењата од другите : е па ти ко ќе си 40 он ќе е 60,ти ќе сакаш да излезиш,он нема да сака...
Ќе треба ко ќе е стар да се грижиш за него. Ќе нема да можи да те задоволува. Ќе умри баш ко најмногу ќе ти треба брачен другар.
До некаде и им давам право, да не го засакав толку многу можеби немаше да ја продолжам врската.
Но јас барем велам од кај знаеме кој попрв ќе умри, може мене на 50 ќе помини камион ќе ме смачка и ај со здравје на блага ченичка...А можеби и тој до 90 ќе живее па јас попрво ќе умрам, ајде и да умри пред мене па не е крај на светот, ќе си имам покрај тоа пријатели,наши деца, не треба среќата да си ја правиме зависна од друга особа,прво ние треба да сме среќни а потоа да ги мешаме другите особи во животот. Оти кој друг бара да му го прави животот среќен тој воопшто не е среќен.
Епа сега кога сум се фатила на орото да го играм ќе го играм до крај.
Знам, бракот е друго нешто од врска, ќе почниме и заедно да живееме прво да видиме како ќе функционираме.
и така ви велам Кајганџии...

Права Љубав Године Не Броји...

и најискрено ни од првиот ден не ми сметаа, нема ни понатаму, им сметаа на моите,беа против, но јас сум полнолетна и можам да правам што сакам.
