Ајде бе, приказни за мали деца...
Овај типов не е Врколак! Се вика Danny Ramos Gomez, 23 години има. И има некоја гнасна генетика, што му расте коса, влакна, по цело тело! Одсекогаш имало вакви случаи. Не верувам дека овој Дени моментално е единствен, но е единствен (или еден од ретките) кој излегол во јавност!
Замислете ваков тип да се појавел на времето... во Античките Земји, или Средниот век... веднаш би го убиле...
Затоа ваквите луѓе, се криеле, во шуми, подалеку од луѓето, т.е. целосно самотнички живот! И нормално, ако некој виде/л ваков тип во шума... делумно нецивилизиран... што ќе помисли?
Па, на ова, почнале приказни: долга муцка, личи на волк, скокаше на дрва, дење се претвора во човек... итн итн...
Легендите останале, за на крај тоа да го користи Холивуд и сите да се палиме на филмови како: Underworld, Dog Solider, Buffy, Van Helsing....