Вреди ли да си психолог во Македонија?!

  • Креатор на темата Креатор на темата aleksandarcv
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сепак мислам дека е поисплатливо да си нешто како мотивационен спикер. Ем тоа ти е поврзано со психологијата на некој начин, ем такво нешто нема во државава (значи добри се шансите да профитираш од тоа), ем го градиш твојот опус, создаваш нешто што ќе биде вреднувано и по смртта, знаеш дека светот си го направил поубаво место за живеење за разлика од кога си се родил. Искрено ова е мојата цел во животот и колку што можам ќе се стремам да ја остварам истата :)
 
Вреди, ама зависи со кој мотив си влегол во психологијата, ако имаш желба да помогнеш некому и ако таа желба е голема, знаеш на колку луѓе им треба помош, насока, човек и си тука за да им помогнеш, тогаш да, вреди и тоа многу. Оваа професија е една од најблагородните професии исто како што е и да бидеш доктор благородна професија, да помогнеш некому, да го сакаш човекот, како што кажа Магде, тука ако се водиш од материјалното подобро не ни влегувај. А за тоа дека ако бидиш психолог во Македонија ќе немаш леб да јадеш ... еве и да не најдеш работа и да работиш пр. продавачка во бутик, пак можеш да помогнеш некому на овој или на оној начин и преку тоа пак да си ја работиш работата на психолог и да имаш леб (зависи колку леб ти е доста, ако си алчен и сакаш да грабиш и да јадеш повеќе отколку што ти е потребно тогаш ...) Ако сакаш да помогнеш ќе најдеш начин. А и плус мислам дека тие што завршуваат психологија во Македонија малку својата професија да ја промовираат, да му ја доближат на народот, малку по малку свеста да се менува, зашто тоа нели не оди наеднаш, ама некој да почне, да проба, да објасни, да биде упорен, тоа треба. Како беше онаа : Создади си шанса ... само љубов треба.
 
Мислам дека многу подобро прашање би било Дали во Македонија вреди да си луд ? и дали некој воопшто би приметил или би се загрижил што си луд кога 90 % од народот се прави на Тошо
 
Ако се запишуваш на психологија мислејќи на пари, ондак ич не се мачи...
Треба да бидеш вљубен во психологијата за да моеш да ја учиш, да ти е интересно се шо ќе прочиташ, да се воодушевуваш на секој експеримент и стварно да сакаш да работиш со луѓе, макар оа и да е волонтерска работа...
А колку шо глеам низ генерацииве кај нас, малкумина се таквите студенти...

Секако дека ми се свиѓа психологија штом сакам тоа да го учам, али зошто да не го спојам убавото со корисното и да заработувам од работата што ја сакам? ;)
 
Ако го сакаш тоа и ако си сигурен оди !
Ако нема работа во македонија и ако е слабо платена можеш да идеш во другите држави ако си добар во својата професија не биди ограничен дека мора да работиш во македонија (секако дека нема да те чекаат одма со слободно место за работа ама вреде да се трудиш).
 
Увек сум верувал дека тоа не е нешо шо се учи (во најголема мера) туку е нешто за кое пред се ти треба дарба.
--- надополнето: Aug 13, 2011 12:57 AM ---
Секако дека ми се свиѓа психологија штом сакам тоа да го учам, али зошто да не го спојам убавото со корисното и да заработувам од работата што ја сакам? ;)

Можеш.
Да бидеш психолог значи да можеш да го лоцираш и да го дефинираш проблемот во човекот, и истиот да можеш да го излечиш.
Ако неќеш да праиш пари, лечи го. Ако сакаш да праиш пари, експлоатирај го.
Ако од тоа не се заработува, незнам од што се заработува.
Мада, за тоа факс не ти треба.
Остај ја ти Магде >_>
 
Увек сум верувал дека тоа не е нешо шо се учи (во најголема мера) туку е нешто за кое пред се ти треба дарба.
Со ова ептен се слагам, за некој да биде добар психолог стварно треба да го бидува. Факултетот помага во совладувањето на методите, техниките, односот со пациентите (клиентите, како и да се викаат) итн, како и кај секоја наука и овде е битен и теоретскиот покрај практичниот дел. Но џабе е теорија ако не знаеш како да го примениш тоа, ако не тргнеш со помислата да му помогнеш на тој што ти се обратил за помош, ако не знаеш да слушаш и сослушаш и да дадеш добар совет кој би можел да е решение на проблемот (не секој знае како да даде совет) или пак ако не можеш објективно да го согледаш проблемот (барем до извесен степен) без пренесување на субјективни искуства. Исто така е битно и да имаш дебели нерви за да не се соживуваш премногу со туѓите проблеми, што во таков случај би имало последница на твојата психа.
Според мене психолог е благородна професија иако не е многу профитабилна кај нас, макар што во последно време пошто следиме трендови од амерички филмови, стресот си го праи своето, а и не е веќе толку табу да се побара совет од психолог се повеќе луѓе се одлучуваат да консултираат таков вид на стручна помош.
 
Да, психологијата како професија е прекрасна, но сепак темата е дали вреди да се запишеш на тој факултет. Татко ми е психолог по професија, но ете, нема фајде од тоа. Човекот работи нешто сосема трето што нема допир со неговата струка, ама мора некако да се преживее. Па ако гледаме од практична гледна точка, навистина не вреди. Оваа година се запишаа повеќе од 160 студенти а знам дека двојно помалку примаат. Со толкава навала тешко дека некој ќе најде работа, ама најнакрај се се сведува до тоа колку ќе се снајдеш во животот.
 
за мене вреди,тоа ми беше желбата да студирам психологија но нешто неодамна ми го промени мислењето :)
--- надополнето: Aug 30, 2011 1:09 PM ---
па се обрнав на медицината но психологијата и понатаму и те КАКО ме интересира така да според мене вреди да се заврши овде факултет и да се најде добро платена работа зошто да но тоа малку потешко :)
 
Какви генерации следуваат, каков стил на живот се наметнува, можеби сега не вреди али во иднина ќе вреди многу, иако има премногу потенцијални кандидати за таа професија, знаете на што мислам.
 
Да, психологијата како професија е прекрасна, но сепак темата е дали вреди да се запишеш на тој факултет. Татко ми е психолог по професија, но ете, нема фајде од тоа. Човекот работи нешто сосема трето што нема допир со неговата струка, ама мора некако да се преживее. Па ако гледаме од практична гледна точка, навистина не вреди. Оваа година се запишаа повеќе од 160 студенти а знам дека двојно помалку примаат. Со толкава навала тешко дека некој ќе најде работа, ама најнакрај се се сведува до тоа колку ќе се снајдеш во животот.

kako da ima Fajde ? Koga vo MK graganite ni idat na bajacki, bajaci, gataci i gatacki i uste sto li ne >
Tie vi ja zemaat rabotata
 
Ne vredi da si psiholog vo Mk .
ke prasate zosto ?
Не. Темата е поставена за да се пише само да или не. Откако ќе кажеш дали си за опција да или не, чекаш некој да те прозве и да те праша зошто мислиш така.
Никој не се објаснува на непрозвано.
-.-
 
Во Македонија ако слушнеме за некој дека иде на психолог веднаш доаѓаме до заклучок дека тој е луд, нешто не е во ред со него и да се држиме подалеку од него.
Додека на Запад тоа е нормална работа и луѓе со најнормални секојдневни проблеми (брачни, училишни) одат на психолог со надеж да им помогне.

Се прашувам како научивме разни глупости од американските филмови но не и погоре споменатово?
 
Затоа што подоброто се секогаш потешко прифаќа. Тоа е мое мислење.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom