Вреди, ама зависи со кој мотив си влегол во психологијата, ако имаш желба да помогнеш некому и ако таа желба е голема, знаеш на колку луѓе им треба помош, насока, човек и си тука за да им помогнеш, тогаш да, вреди и тоа многу. Оваа професија е една од најблагородните професии исто како што е и да бидеш доктор благородна професија, да помогнеш некому, да го сакаш човекот, како што кажа Магде, тука ако се водиш од материјалното подобро не ни влегувај. А за тоа дека ако бидиш психолог во Македонија ќе немаш леб да јадеш ... еве и да не најдеш работа и да работиш пр. продавачка во бутик, пак можеш да помогнеш некому на овој или на оној начин и преку тоа пак да си ја работиш работата на психолог и да имаш леб (зависи колку леб ти е доста, ако си алчен и сакаш да грабиш и да јадеш повеќе отколку што ти е потребно тогаш ...) Ако сакаш да помогнеш ќе најдеш начин. А и плус мислам дека тие што завршуваат психологија во Македонија малку својата професија да ја промовираат, да му ја доближат на народот, малку по малку свеста да се менува, зашто тоа нели не оди наеднаш, ама некој да почне, да проба, да објасни, да биде упорен, тоа треба. Како беше онаа : Создади си шанса ... само љубов треба.