Вратари

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување
понекогаш има коректни обезбедувачи
ама многу малку се :toe:
 
Колку полоши вратари - толку полош углед и за дискотеките :toe:
Мене некој така да ме избрка од дискотека поради Х причина (а особено ако е некоја излитена), ма веќе очи нема да ми поминат покрај истата.
 
Значи понекогаш нас ни е повашно како ќе се испонашате пред врата одколку како сте облечени. Едноставно затоа се и платени, да држиме ред и контрола, зашто због еден сељак да пати цела дискотека па да дојде и до рација од полицијата кога нас тоа и ни е професија.

Знам знам има многу шупкари кои се занесуваат а немаат ни средно завршено, затоа тие истите седат на врата во некоја прчварница или дискотека која нема ни Д од своето значење. Пред се, битно е да се има респект и волја за работа конкретно разбирање за она што го работиш. А професионалци ги има многу но се покриени од лошата слика што ја даваат дебилите.

Среќа што пополека се тргам од таа работа :):smir:
 
Инспириран од последната тепачка со обезбедување сега ради банални причини би сакал да ве прашам што мислите за обезбедувањето од дискотеките и неговото однесување кон муштериите.
 
Најголеми сељаци собрани на едно место, не си ја знаат прецизно работата во животот па си створиле некаков си филм за тоа во што всушност им се состои работата.
Се на се- лош концепт.
 
Многу големи сељаци се.Повеќето вработват прости луѓе кои сакаат тепачка(сака да се испразни).Али има и добри ама ретки се.
 
Немаат никаква култура,мислат дека ако се набилдале кој знае што паметно направиле во животот,смешни се оние кои им бараат лична карта на деца и на рака рачунаат дали имаат 18 години,највеќе ме вадат оние од такт пред женски што се прават фраери ај ти срце ќе влезеш а ти има време почекај и го замараат некое дете ,но не само по дискотетките ,одвратни се и оние по некој маркети што шетаат по тебе додека пазариш,таква случка имав пред некое време,купував нешто и ја возам количката низ маркет еден позади мене ја оди тој оди ја застани тој застани,го прашувам зашто ме следи ми вика а шо да праам бе тоа ми е работа да се вртам по луѓе и ми пукна филм ја оставив количката и излегов и никогаш нема да им стапнам таму.
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 13:05 ---

Кога било ова имало по медиуми нешто не сум во тек со ова ???
 
Кога било ова имало по медиуми нешто не сум во тек со ова ???

Порталот Sky го објави видеото и толку.
Им се може на обезбедувањето кога никој не реагира во јавноста.
Знам дека пред некој ден полицијата апсеше обезбедување во неколку локали во Скопје, носеле нелегално оружје држ недај. Но незнам што очекувате вие од стојач на врата, сигурно доктор на науки нема да стават на таа позиција.
 
Првпат бев у 69, со другарки, завчера... Само шо влеговме, доаѓа типот од обезбедување, еден крупен дечко, многу напнат.... И почнува да ни ВИКА. "Шо стоите вие тука, или влагајте или искачајте, ќе ве изнесам од овде, нема да влезете пак!!!!!!!!!"
Дечкото у all caps rage ни се стаи, без потреба..
После тоа внатре се закараа едни дечки, можда 5-6 души се силеа, никој не дое да ги тргне.. Стана густо онака, почнаа да викаат, да се буткаат, и тие наоколу шо беа ги разделија, обезбедување не дое.. о.о
 
Слушам во некоја скопска дискотека нашле некој незгоден цело обезбедување го патосирал :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom