Не е само гледање вести, некои стварно немаат проблем пошто немаат допир (не алудирам дека Емкаа е една од тие) со дотичните што ги дискутираме. Пример Ханс има куќа наследено од старите во предградие некое со 99% Германци, во канцеларија оди со SUV-то, единствен допир со мулти-култи му е ресторанот или донерот што го нарачува по достава. Кога неговото дете ќе го измлатат во некој парк или ќе го избушат на матурска (сите примери што ги давам се базирани на случки овде), Ханс ќе се чуди абе како така што вака. И веројатно пак ќе гласа за тие што ги увезуваат браќава, пошто се друго би било наци а Ханс не е наци.
До некаде и не ги кривам тие Германци што немаат допир со темава - јас да си останев во источна МК, веројатно денес ќе ги имав истите инклузивни, отворени идеи и мислења како тогаш. Но, ние што се селиме овде ги немаме овие привилегии да живееме во богаташки меури - повеќето почнуваме од нула, првите познаници ни се од курсеви за јазик, првите домови ни се таму кајшто се другите доселеници. Колку и да си отворен и инклузивен, pattern recognition е основен, еволуциски механизам за одбрана и треба да си опериран од секој можен сенс да не приметиш некои ствари.
Како и да е, не ми беше намерата да забегаме од првичната тема. Long story short - МК, бар таму од каде што сум јас, е подобро место за живеење доколку се земе само овој аспект со некомпатибилни култури и вредности. Мене и на чолисимо ова не ни е доволно да се вратиме, на датум му е и јас го разбирам и го сметам тоа за легитимно мислење.