Враќање во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Harald
  • Време на започнување Време на започнување

Harald

Brat mu Halfdan
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.709
Поени од реакции
10.926
Локација
Scandinavia
Темава е доста актуелна, како кај нас, така и во други земји во регионот.
Македонија има голем број на иселеници и во моментов има
неколку активни иницијативи за соработка со дијаспората и враќање.
На форумов има голем број членови кои живеат надвор од Македонија.

Некои прашања за иселениците:
1. Дали размислувате за враќање во Македонија?
2. Што ве мотивира и што ве демотивира да се вратите дома?
3. Кои промени би сакале да ги видите за да се вратите дома?

Некои прашања за “домашните“:
1. Што мислите за враќање на иселениците дома?
2. Дали тоа би имало позитивно или негативно влијание на квалитето на живот во Македонија?
3. Дали одобрувате субвенции (даночни олеснувања на пример) за луѓе од дијаспората
да се вратат и да инвестираат во Македонија?

Ги пишав прашањата како некоја основа за дискусија, слободно пишувајте и
за други фактори поврзани со темава.
 
Некои прашања за иселениците:
1. Дали размислувате за враќање во Македонија?
2. Што ве мотивира и што ве демотивира да се вратите дома?
3. Кои промени би сакале да ги видите за да се вратите дома?
Добра тема, и убаво е да се слушнат двете страни. Да го скршам мразот.

1. Не. Можеби одговорот ќе беше поинаков доколку жена ми беше Македонка. Со враќање би требало да се откажам од кариерата што со години ја градам, како и од големата мрежа на колеги, ментори и пријатели. Дополнително, веќе сум на постдипломски студии како дел од следната етапа од мојата кариера.

2а. Мотивација ми се единствено роднините и пријателите. Ми недостасуваат одењата по гости за празници и имендени, како и дружењето со стари, блиски пријатели.

2б. Демотивација, од каде да почнам? Лоша инфраструктура, слабо здравство, неефикасни институции. За обични работи како вадење лични документи, често треба врски. Плус, тешко се добива дозвола за огнено оружје, со многу проблеми и корупција во процесот. Пред да заминам во САД, чекав шест месеци одговор од две државни институции за вработување, не добив ни „да“, ни „не“. На крај, си заминав. Ако некој ми провали дома во САД, имам право да се бранам и да го заштитам својот дом, без да сносам последици ако постапувам во рамки на законот.

3. За почеток, мислам дека треба сериозно да се среди пренатрупаната администрација и да се стави крај на практиките каде луѓе земаат плата без реално да работат. Без функционални институции, тешко е да се движиме напред.

Понатаму, потребен е поефикасен и транспарентен систем за издавање дозволи, вклучително и за огнено оружје, јасни правила, без одолговлекување и без „врски“.

Исто така, клучно е да се привлече повеќе индустрија и приватни инвестиции во Македонија. Без економски раст и реални можности за работа, ништо друго нема да има ефект на долг рок.

Откако ќе се постигне некое повисоко ниво на развој, тогаш има простор посериозно да се фокусираме и на екологијата. Во моментов, приоритет би требало да биде функционална економија и институции.
 
Ова треба да е библија на секоја владеачка гарнитура, ама, за жал, не е.
 
Некои прашања за иселениците:
1. Дали размислувате за враќање во Македонија?
Одлучен веќе
Зошто сеуште не сум вратен?
Одредена сума на пари собираме за да се вратиме

2. Што ве мотивира и што ве демотивира да се вратите дома?
1.Семејството и корените
2.комуњарите

3. Кои промени би сакале да ги видите за да се вратите дома?
Да се уапсат сите комуњари до еден и клуч да се стави на таа партија

Второ, да се искорени цело непотребно либерално срање

Трето, да се поништи бадентер ако овие продолжат да глумат шерифи секогаш кога нешто не им одговара
-80 гласа ако треба, тоа да се овозможи

Четврто, да се исчисти МВР комплетно од криминалци кои носат значки.

Петто, нов затвор со комплетна контрола од страна на војската

Шесто, некој да се позанимава со темата за бугарски пасоши, поготово со оваа на овој форум
 
Последно уредено:
Некои прашања за “домашните“:
1. Што мислите за враќање на иселениците дома?
2. Дали тоа би имало позитивно или негативно влијание на квалитето на живот во Македонија?
3. Дали одобрувате субвенции (даночни олеснувања на пример) за луѓе од дијаспората
да се вратат и да инвестираат во Македонија?

1. Потполно ми е сеедно.
2. Не би имало никакво влијание.
3. Абе нема грешка, и Украинки ќе ви обезбедат, не само даночни олеснувања.
 
1.Тоа што отишло и да се врати не е тоа тоа.
Го замислувам синот на 50% плата, внукот кој би да" практисин сокер он д стрит"
Првата генерација ајде некако, за втората би било катастрофа.
2. Не, одма ќе се вратат на фабричко подесување и да прашам нешто.
3. Не, треба за нас субвенции, што ќе ги слушаме кога не оправаат. Како ние да не знаеме што е добро.
 
Добра тема, и убаво е да се слушнат двете страни. Да го скршам мразот.

1. Не. Можеби одговорот ќе беше поинаков доколку жена ми беше Македонка. Со враќање би требало да се откажам од кариерата што со години ја градам, како и од големата мрежа на колеги, ментори и пријатели. Дополнително, веќе сум на постдипломски студии како дел од следната етапа од мојата кариера.

2а. Мотивација ми се единствено роднините и пријателите. Ми недостасуваат одењата по гости за празници и имендени, како и дружењето со стари, блиски пријатели.

2б. Демотивација, од каде да почнам? Лоша инфраструктура, слабо здравство, неефикасни институции. За обични работи како вадење лични документи, често треба врски. Плус, тешко се добива дозвола за огнено оружје, со многу проблеми и корупција во процесот. Пред да заминам во САД, чекав шест месеци одговор од две државни институции за вработување, не добив ни „да“, ни „не“. На крај, си заминав. Ако некој ми провали дома во САД, имам право да се бранам и да го заштитам својот дом, без да сносам последици ако постапувам во рамки на законот.

3. За почеток, мислам дека треба сериозно да се среди пренатрупаната администрација и да се стави крај на практиките каде луѓе земаат плата без реално да работат. Без функционални институции, тешко е да се движиме напред.

Понатаму, потребен е поефикасен и транспарентен систем за издавање дозволи, вклучително и за огнено оружје, јасни правила, без одолговлекување и без „врски“.

Исто така, клучно е да се привлече повеќе индустрија и приватни инвестиции во Македонија. Без економски раст и реални можности за работа, ништо друго нема да има ефект на долг рок.

Откако ќе се постигне некое повисоко ниво на развој, тогаш има простор посериозно да се фокусираме и на екологијата. Во моментов, приоритет би требало да биде функционална економија и институции.
1. Си се ушемил веќе во странство (пријатели, добро платена работа, кариера итн.) и зошто да се вратиш назад во Македонија?
2а. Тоа секако ќе ти недостасува, одењето по имендени и дружењето со пријателите ама се може и без тоа ако си најдеш нови пријатели во странство, како минува времето така нема никој да ти недостасува, ќе ти останат само убавите спомени...
2б. и точка 3. За овие 2 точки те подржувам во целост, само како банален пр. а ги има многу, за вадење обичен документ може да чекаш со недели а некогаш и месеци пошто има институции каде се вработени кадри од дуи кои не ни одат на работа (лично се уверив во ова преку мој пример),ако институциите не се средат и масовната администрација не си ја тера работата го ебавме ежот а ова е и една од причините поради која си заминуваат голем дел од младите во странство!

За привлекување индустрија во земјава....Па ние имавме индустрија уште во бивша ЈУ ама политичките лопови ги уништија тие фирми и ја доведоа во стечај скоро цела индустрија уште во 90-тите, така обезвреднети ги продадоа фирмите за малку пари на странци (ради лична провизија) и некои од овие лопови станаа милионери преку ноќ! (класичен пр, Свето Пивара а ги има многу други)...Затоа денес струјата, телекомуникациите, рудниците итн. се во странска сопственост а требаше да бидат на вработените како акционери кои ќе си делат сочни дивиденди ама народов наш каков што си е мирен и пасивен дали и го заслужува тоа?
Да заклучам со еден српски банер кој важи и за нас >>
 
Attachments

  • Народ који се буди у туџој држави!-пано.jpg
    Народ који се буди у туџој држави!-пано.jpg
    26,9 KB · Прегледи: 8
Последно уредено:
Држава во која на луѓето поголем трн во око им се гастарбајтерите од неспособната домашна администрација нема оправија.
 
Некои прашања за “домашните“:
1. Што мислите за враќање на иселениците дома?
2. Дали тоа би имало позитивно или негативно влијание на квалитето на живот во Македонија?
3. Дали одобрувате субвенции (даночни олеснувања на пример) за луѓе од дијаспората
да се вратат и да инвестираат во Македонија?
1. Сум за враќање на иселениците дома, повеќето другари од родниот град ми се иселија. Колеги што се преквалитетни се иселија. Македонија има огромен потенцијал за развој, не само што не го користиме туку и го уништуваме.
2. Ќе влијае позитивно на квалитетот на живот. Ќе се пренесе искуството од надвор тука, луѓе навикнени на систем што функционирал во странство може да донесат само позитивна промена.
3. За ова незнам, ако истите субвенции важат и за некој тука што сака да инвестира. Неможе јас што сум останал и плаќал данок, сум ги трошел тука парите да немам субвенции за започнување бизнис, а некој што фатил пат пред 10 години сега да има субвенции за да се врати.

Држава во која на луѓето поголем трн во око им се гастарбајтерите од неспособната домашна администрација нема оправија.
Дедо ми викаше на рѓав кур и влакна сметат. Администрацијата не само што е неспособна, поголемиот дел активно работат на нанесување штета на државата.е
 
Ево, јас се вратив од САД. Додуша не бев монгу долго, само 2 години преку студентска размена, но доволно да согледам дека не ми одговара. Некој спомена лесен пристап до оружје како предност, мене баш тоа ми пречеше, секакава будала може да го има. И се сведува на каубојското - кој прв ќе повлече.
Не можев да се навикнам ни на нивниот ритам работа - дома, по 10 до 12 сати, нивната жед за пари, за успех, итн.
Сметам дека овде има подобар животен баланс, можеби имам среќа што најдов добра работа со солидна плата не сум финасијски оптеретен. Мене мн повеќе ми се допаѓа Европа, Италија, Шпанија, во Грција убаво живеат, медитеранскиот живот ми е близок
Во Македонија многу работа не чинат, не мора да ги набројувам сите ги знаеме, иднината секогаш е неизвесна. Моите деца ги подготвувам ако е потребно да можат да заминат и да имаат потребно образование и вештини да се снајдат. Не би сакал да заминат, но мораат да бидат подготвени.
Субвенции не треба да се даваат, кој сака да се врати е добродојден, но не треба да биде повластен. Ако е квалитетен, ако е стручен, ќе се снајде
 
Некои прашања за “домашните“:
1. Што мислите за враќање на иселениците дома?
2. Дали тоа би имало позитивно или негативно влијание на квалитето на живот во Македонија?
3. Дали одобрувате субвенции (даночни олеснувања на пример) за луѓе од дијаспората
да се вратат и да инвестираат во Македонија?
1. Секогаш се добредојдени
2. Позитивно, ни треба промена на менталитет
3. Не.
 
Држава во која на луѓето поголем трн во око им се гастарбајтерите од неспособната домашна администрација нема оправија.

И ти си жртва бе? Мене не ми се трн во око гастарбајтерите. Си сакал да заминеш, твое право. Сакаш да се вратиш, повели, никој не те брани. Даночни олеснувања, зошто побогу?
 
Тие што ќе се враќаат да го погледнат видеото за да знаат каде се враќаат. Среќно.
 
Back
На врв Bottom