Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.753
- Поени од реакции
- 65.321
1. Да, но не повеќе од 6 месеци годишно. Не планирам да живеам само на едно место, барем не во догледно време.Некои прашања за иселениците:
1. Дали размислувате за враќање во Македонија?
2. Што ве мотивира и што ве демотивира да се вратите дома?
3. Кои промени би сакале да ги видите за да се вратите дома?
2. Ме мотивираат спомените, пријателите, храната, воздухот, чувството дека сум дома. Ме демотивира нефункционалноста на системот, партизацијата, дезорганизираноста во сите сектори.
3. Дигитализација, плаќање сметки и поднесување документи строго преку интернет, отпуштање на диносауруси кои работат по шалтери, кратење на администрација, воведување љубезност како основна карактеристика на административен работник, респект кон граѓанинот и разбирање дека администрацијата му служи на граѓанинот а не обратно, функционален јавен превоз, високи казни за фрлање отпадоци на улица, брз трансфер на пари преку банкарски апликации без кои е скоро невозможно да се изгради успешен бизнис, ефикасна достава на пратки во и од државата, регулирање на јавни површини за да можеме и ние обичните смртници да уживаме во природни добра, ставање некаков ред во урбанизацијата, да не може комшијата да ми го земе сонцето затоа што му текнало да крене 2 спрата и гулабарник итн...
Даночни олеснувања не ми требаат, нити заминав за да се збогатам нити би се вратил за богатење. За дијаспората да вложи во отворање бизниси потребен е функционален систем, даночни олеснувања им се потребни на тие што сакаат да заработат на краток рок и да киднат.